Еве нешто и од мене. Сликано со Canon 1000D. Осветлено со 3 блицови, два од страна и еден за позадината. Чекам критики
Прегледај го приврзокот 36108
Остави ги блицовите во фиока нека одмараат, земи си 1-2 рефлекторчиња од по 500 вати околу 200 ден. е еден во хубо реплек, еуро тулс... така имаш подобра визуелизација на светлината, играј си постави еден рефлектор странично од другата страна доосветли со зиберица или некоја рефлексивна површина (парче стакло, метална плоча...) не поставувај два извори на светлина на различни позиции кои ке го осветлуваат објектот со ист интензитет, неможе да имаш два или повеќе главни извори на светлина ја губиш убавината на сликата,нема волумен, све е рамно нема сенки
освен онаа оштрата сенка под брадата, пробај ја истава поза и скрој го кадарот поинаку, да речеме во биста ( во овој случај 2-3 прста под градите) види што ке се случи со композицијата, раката ке живне, нема да пречи и одзема толку внимание како во овој случај................. ми се спие, инаку кога би продолжил со пишување ке се заборавам до бескрај и ке ме пцујат сите на форумов
Ти само продолжи да фотографираш, и што е најважно секогаш експириментирај, не се залажувај дека поскапа опрема ке те направи подобар фотограф, тоа само ке те уназади, секогаш размислувај како да ја направиш фотографијата со опремата која ја имаш, и ете пак почнав
Поздрав и добро светло
--- надополнето: 8 јануари 2012 во 04:16 ---
Црнобела е подобра, многу нормално
Зависи за што, за архитектура да би се согласил, за портрети зависи, ако е за у некролог или пасош да, све е ствар укуса али логчно гледано од историја на фотографија, за џабе ли се oтепаа луѓето од работа за да извадат фотографија у боја кога црно-белата е поубава ?? :/