За да не избегаме премногу од темата, нема да ти одговарам точка по точка. Јас мојот пост за апологијата на илегализмот го поставив како контратежа на книгата на Фукујама, која е експлицитно апологија на неолибералната доктрина и западната демократија. Ти исто тврдиш, во твојот прв пост, дека го застапуваш илегализмот а како основа ги земаш аргументите од истата книга, која ја немаш читано. Инаку, книгата на Фукујама, бидувајќи апологија на едно уредување, во старт го оправдува одржувањето на status quo состојбата, а илегализмот го смета за најголем грев.
Моето стојалиште е ова. Или равноправност, и равноправна поделба на добрата, или илегализам. Не сакам да ми продаваат мадиња за бубрези. Фукујама тврди дека неговиот концепт на општество е совршен, во склад со човечката природа, само неговата имплентација бара усовршување.
Каква е еднаквоста во западните демократии? Она што ти го тврдат е дека е потполно исто да направиш 1 000 000 долари со почетен капитал од 1 долар, и да направиш 1 000 000 со почетен капитал од 1 000 000. Тоа е една голема шарена лага. Се разбира дека имало и такви случаеви, од 1 до 1 000 000, но тие се во толку мал број што се само исклучоци кои го потврдуваат правилото. Тие исклучоци потоа медиумите ги идеализираат и ги продаваат под името Американски сон, а овој спакуван производ служи за анестезирање на популацијата.
Наследното право е против природната селекција. Никој не гарантира дека потомството на алфа мажјакот ќе биде алфа мажјак. Напротив, се чини дека историјата и емпириската евиденција тоа го демантираат. Плус, ниту еден алфа мажјак не се стреми да има алфа мажјак како потомство, тој само сака да ги онади сите женки.
Кога белите луѓе стигнале во Северна Америка, пронашле Индијански племиња кои немале концепт за тргање на страна. Еден алфа мажјак од тоа племе бил спремен на крајот од денот да трампа нешто што нема да му треба за тој ден, за едно ќебе кое му требало за да преспие, иако предметот кој тој го давал во замена бил од аспект на белите луѓе многу повреден. Тие тоа го припишувале на глупоста на Индијанците, но потоа увиделе дека тој се чувствува доволно алфа мажјак да следниот ден повторно земе се што му треба...
Никаде во природата не постои алфа мажјак кој со генерации се грижи за сопственото потомство. Најчесто, веќе по две сезони за парење, потомството станува конкуренција на алфа мажјакот.
И да, има за сите, од аспект на оние добра кои се конзумираат и со конзумирањетпо се уништуваат, како храната на пример. Кој спомена авиони и бродови? Зошто некој би сакал да поседува авион и брод?
Немој да ме прерипнуваш за секад и никад, бидејќи изразот е човекот. Зборовите се средства со кои сакаме да постигнеме некоја цел. Ако употребиш секад или никад во најпаметната реченица која си ја кажал во животот, таа автоматски ќе изгуби половина од својата употребна вредност...
Прво, да расчистиме околу никад или секад.
Не сум Македонец, Србин сум.
Единствен патриотизам во мене е локал-патријотизмот, мојата населба и моето маало се за мене света почва на која сум израснат, и истата како што ја носам насекаде, така ја носам и тука. Размислувам маалски, па и ти зборувам маалски, затоа навикни се.
Друго, го немам читано Фукујама, и тоа намерно го посочив уште на старт, што ме прави инфериорен во дискусијава, и јас од таму и почнувам, не ти се праам паметен, не ти попувам, само пробувам да ги рационализирам работите што Ти ги кажуваш, а не Фукујама
Главното начело начело што го разликува капитализмот од социјализмот, покрај нели приватната сопственост, е муабетот за невидливата рака.
Само што, невидливата рака не им дели на сите подеднакво, туку им дели на сите по заслуга.
Фактички илегализмот е капитализам без никакви државни регулативи (немој те молам тука премногу буквално да ме сфатиш). Односно, невидливата рака им дели на сите подеднакво, а притоа нема друга рака која зема и става во џеб а вели дека е тоа за нивно добро
И, да, храна има за сите. И, што? Треба сите да се најадеме и на сонце да излеземе и да вегетираме? Фотозинтеза, а? Секогаш ќе се најден некој што ќе посака повеќе, а тоа повеќе неможе да му биде дадено. Нити смее да му биде забрането. Тоа треба да биде заслужено
Муабетот дека сите треба да бидеме исти е кретенски, и откажи се од него. Нити сме, нити треба да бидеме исти. А капитализмот токму тоа го овозможува. Фактот дека јас и ти сме во незавидна положба не прави да ги мразиме и играчите и играта, наместо да се осврнеме кон илегализмот како easiest road to the top.
И, постои пеер во природата алфа мажјак кој се грижи за своето потомство со генерации.
Човекот.
Право на наследување имаш уште во Хамурабиев законик
Иако, да, би можел да се сложам со тебе дека правото на наследување ја уништува "елеганцијата" на целата игра