Како се спасуваат луѓето кои се надвор од Црквата?

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Штовано пучанство,

бидејќи на форумов се изначитав произволни критики упатени до и кон Црквата, а од страна на самонаречените христијани, ја започнувам ова тема со цел да дознаам или дознаеме, на кој начин(и) се спасуваат оние кои за себе велат дека се христијани, а истовремено се надвор од Црквата и имаат полни усти плунка упатена кон истата.

Сега-за сега, познати се дури две работи:
- самонаречените христијани „..не прават тоа што го прават православните...„ (што може да значи и дека не прават ништо, нели...) и
- самонаречените христијани, ја проучуваат Библијата (демек, досега никој во Црквата не се сети да ја проучи).

Што е трето, четврто и тн. на патот кон Вашето/нивното спасение?
Мене ми е во план да се покаам на смртна постела .. разбрав тоа бил шорткатот до рајот :)
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Мене ми е во план да се покаам на смртна постела .. разбрав тоа бил шорткатот до рајот :)
Треба добро да темпираш времето оти имаш само една шанса, ако скиниш конци среде покајување, џаба ти планот.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Мене ми е во план да се покаам на смртна постела .. разбрав тоа бил шорткатот до рајот :)
...под услов, то смртнио одар да не Ти бидит предоцен термин, разбираш...
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Мене ми е во план да се покаам на смртна постела .. разбрав тоа бил шорткатот до рајот :)
Мислам дека нема да ти успее! :D Ако навистина веруваш, но сакаш и да одиш по „шорткати“, тогаш треба да научиш што навистина значи покаение. Не е само да кажеш „Дедо боже прости ми грешев.“ Треба да го пуштиш Бог во срцето, и навистина да жалиш за секое недело што си го сторил. А ако чекаш до смрттна постела, тогаш ќе имаш премногу недела за да се присетиш на нив и за сите да се покаеш. Нема да имаш време! :P
 
Член од
18 ноември 2010
Мислења
194
Поени од реакции
101
најголемата црква е во нашите срца.. ако некој го носи господ во срцето него не му треба црква да оди да си ја докажува вербата...
Ако осеќаате нешто во срцето,ви предложувам да посетите доктор.
 
T

Tetro

Гостин
ауу шамарење пред икони.. тоест не беше шамарење туку боксови беа во прашање браво браво... секоја чест за идиотиве.. и после зошто луѓето плукаат по црквата..

"бидејќи на форумов се изначитав произволни критики упатени до и кон Црквата, а од страна на самонаречените христијани"

ти друже не си тој шо треба да каже кој е христијанин кој не... само оној горе дели правда .. а ти тука можеш до утре сабајле да јадеш трици за црквата и да ја величиш.. али пак ќе бидеш тоа што си.. и 5 пати да отидеш во црква ако тебе душата не ти е чиста ако не се трудиш да ги почитуваш божјите закони ти пак ќе бидеш грешник.. а и веќе си..

најголемата црква е во нашите срца.. ако некој го носи господ во срцето него не му треба црква да оди да си ја докажува вербата...
Браво, девојче. Скоја чест.
Сигурна си дека вакво ниво на комуникација со луѓето "ќе те спаси"?
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Extra Ecclesiam nulla salus.
Нема спас надвор од црквата.
Проблемот е во пронаоѓање на вистинската црква меѓу околу 40.000+ колку што постојат. А секојдневно се создаваат нови. Сите освен една се од лукавиот. Процентуално, шансата е околу 0,003%. Чиста лотарија.
Ако секој ден се создаваат нови, можноста вистинската црква сеуште да не е основана е значителна. Time-space проблеми.
Маката не е само во Писмото, тука и во географијата. Што ако некој се родил на 20.000км од местото каде вирее баш онаа вистинската црква? Што ако не слушнал за неа никогаш?
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Ако осеќаате нешто во срцето,ви предложувам да посетите доктор.
убила ме простоќа...
те молам друг пат не ги сваќај буквално работите.. плс..

Браво, девојче. Скоја чест.
Сигурна си дека вакво ниво на комуникација со луѓето "ќе те спаси"?
Дечко ти не си тој шо треба да го отценува мојот речник и да ми кажува како да се изразувам
ако тебе ти пречи тоа како јас се изразувам тогаш не ме читај и воопшто не се замарај со мене.. затоа што ја со тебе ич неќам да се замарам.. и воа е многу шо ти вратив
а тоа што сум го напишала прочитај го добро и разбери го... не читај само зборчиња.. не си во прво одделение

а и не се секирај за тоа кој мене ќе ме спаси... глеј си го својот двор. Прво исчисти го твојот двор па зборувај за мојот .. ок?!
 
T

Tetro

Гостин
убила ме простоќа...
те молам друг пат не ги сваќај буквално работите.. плс..

Дечко ти не си тој шо треба да го отценува мојот речник и да ми кажува како да се изразувам
ако тебе ти пречи тоа како јас се изразувам тогаш не ме читај и воопшто не се замарај со мене.. затоа што ја со тебе ич неќам да се замарам.. и воа е многу шо ти вратив
а тоа што сум го напишала прочитај го добро и разбери го... не читај само зборчиња.. не си во прво одделение

а и не се секирај за тоа кој мене ќе ме спаси... глеј си го својот двор. Прво исчисти го твојот двор па зборувај за мојот .. ок?!
Не те коментирав, свати го ова како совет. Претераната ароганција нема да те однесе на правиот пат. Ниту навреди упатени кон недолжни луѓе нема да те однесат на прав пат. Скоро секоја вера учи на толеранција кон другите и шири љубов, уствари испаѓа дека познавам повеќе атеисти кои никогаш не би навредиле никој со таков речник ко твојот.

Господ да ти е напомош, чедо.
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Не те коментирав, свати го ова како совет. Претераната ароганција нема да те однесе на правиот пат. Ниту навреди упатени кон недолжни луѓе нема да те однесат на прав пат. Скоро секоја вера учи на толеранција кон другите и шири љубов, уствари испаѓа дека познавам повеќе атеисти кои никогаш не би навредиле никој со таков речник ко твојот.

Господ да ти е напомош, чедо.
благодарам за просветлувањето..
тие навреди беа упатени кон луѓе кои немаат никаква врска со верата нити имаат право да лечат други луѓе во име на црквата...
атеистите не навредуваат?! дали ти тоа озбилно?!
јас никогаш не сум рекла на ниеден атеист дека е забеган... дека е ненормален.. дека не знае што зборува или дека нема појма од животот и живее во заблуда.. а сето воа другар го имам слушнато од атеисти..
кои ја користат секоја можна прилика да ни докажат нас верниците колку сме ние уствари забегани и како Бог не постои, ние сме чудни.. дури ете погоре добив коментар да посетам и доктор затоа што реков дека најголемата црква е во нашите срца.. односно дека јас го носам Бог во моето срце..
затоа немој... немој да ме тераш да почнувам да зборувам за тоа..

ти не веруваш... не веруваш.. твоја ствар, твој живот...
али немој мене да ме чепкаш и да ми кажуваш како јас да го живеам животот и во што треба да верувам а во што не..
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
атеистите не навредуваат?! дали ти тоа озбилно?!
јас никогаш не сум рекла на ниеден атеист дека е забеган... дека е ненормален.. дека не знае што зборува или дека нема појма од животот и живее во заблуда.. а сето воа другар го имам слушнато од атеисти..
Верниците не навредуваат? Ти тоа озбилно? Или вицеви си кажуваш?
Што се од верници немам чуено тебе коса на глава ќе ти се крене, ај прочитај малце низ форумов, или јас да ти извадам цитати, па дури и твои. Нималку не сте цвеќки за мирисање.....
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Верниците не навредуваат? Ти тоа озбилно? Или вицеви си кажуваш?
Што се од верници немам чуено тебе коса на глава ќе ти се крене, ај прочитај малце низ форумов, или јас да ти извадам цитати, па дури и твои. Нималку не сте цвеќки за мирисање.....
почнуваме... ајдее ..
колку што ти имаш видено и чуено и јас имам..
сега треба да се натпреваруваме кој повеќе навредува?
тоа што некои од вас се опседнати со тоа да докажат некому дека греши и дека вие сте во право...не е моја работа и немам искрено живци да дискутирам на тоа, затоа што никаде не води тој муабет.. така да можете слободно да си ја продолжите дискусијата без мене..
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Ете пак се расправате! Јас пак ќе прашам (во мој стил), зошто не се љубиме? :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom