И тие се луѓе како нас, и да разговарам со нив, не значи дека ќе се сложам. Според мене вистински Христијанин се води само по Библијата (стар и нов завет), бидејќи тоа е суштината на тоа верување. Е сега ние што сакаме малце да ја превртиме верата како нас ни одговара, за материјални или духовни добра ...
Погоре Мики1 спомна дека звучам како Протестант, не сум Протестант, Пантеист сум... А тоа што повеќе ги почитувам Протестантите со нивната верба е факт, бидејќи навистина знаат во што веруваат.
--- надополнето: Nov 15, 2011 3:15 PM ---
Ако ги љубиш сите, љуби ги... Не поставувај услови ... Според ова горе, ти чуствуваш омраза кон Атеисти, Пантеисти, Евреи, Будисти, Сатанисти, Исламисти, и други -исти кои не го делат твоето мислење.