Дневен весник "Фокус", од среда во сите трафики!

  • Креатор на темата Креатор на темата scary
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.631
В среда излегува првиот број на дневниот весник „Фокус“


logo%20fokus.JPG

Долго најавуваниот нов дневен весник „Фокус“, дело на основачот Никола Младенов, треба да излезе в среда. Покрај главната и одговорна уредничка Јадранка Костова, во екипата на овој проект се и долгодишниот уредник и основач на „Дневник“, Бранко Героски, поранешниот шеф на македонската дипломатија Александар Димитров, сега како дипломатски уредник, како и познатите уредници на А1 телевизија, Борјан Јовановски и Младен Чадиковски.


Дневниот весник стартува со колумнистички „дрим тим“. Серијата колумни ја отвора Љубчо Георгиевски, а во првата колумнистичка постава се и Мендух Тачи, Љубомир Фрчковски, Стевче Јакимовски, Андреј Жерновски и Крсте Шајноски. Дневен „Фокус“ подготвува и специјално изненадување за своите читатели - есклузивни дописи од сите балкански метрополи. Во првиот број, специјално за весникот, пишува Денис Латин, водителот на популарната хрватска емисија „Латиница“.


Првиот број на дневниот весник „Фокус“ донесува и интервју со еврокомесарот Штефан Филе, сведоштво на Виолета Бошковска за непристојниот предлог што лично, по телефон, ѝ го соопштил заштитениот сведок, како и други ексклузивни теми и содржини.


Весникот ќе се дистрибуира низ целата земја.
 
најверојатно наследник на Дреме, Шприц, Коха е НеРе...
тупаљка
***
одамна изгубив интерес за македонските медиуми било екетронски или печатени. Како некој подвижен Чернобил се. Го трујат народот
 
нека се множат.
нека има и леви и десни
нека има и стари и пресни
колку ги има повеќе, толку се шансите поголеми да не бидат сите за еден
 
Стевче Јакимовски?! Тој а отвори уста, глупост ќе тресни. А добар градоначалник.

За Мендета не знаев дека знаел да пишува.
 
Се прочитани книги, односно волци во ново руво.
Ко демек овие шо сеа се штампаат не се прочитани книги :tapp:

Дај не тупете у старт, пошо ако Гвујо има интервју за некое време ќе треба да лижете кај шо сте плукнале....али тоа не е проблем, пошо е у генот на македончето.
 
Бранко Героски, поранешниот шеф на македонската дипломатија Александар Димитров, сега како дипломатски уредник, како и познатите уредници на А1 телевизија, Борјан Јовановски и Младен Чадиковски.

Дневниот весник стартува со колумнистички „дрим тим“. Серијата колумни ја отвора Љубчо Георгиевски, а во првата колумнистичка постава се и Мендух Тачи, Љубомир Фрчковски, Стевче Јакимовски, Андреј Жерновски и Крсте Шајноски.
Тhe expendables 3.
Од овие само Андреј Жерновски го почитувам.
 
Зарем уште некој чита вакви срања? Се додека медиумите ќе се делат на "леви" и "десни" ќе им кажам не фала. Подобро на интернет ќе посетувам Кајгана и ЦрноБело одколку вакви гомна да ми го перат мозокот :sick:
 
Барем за веснициве имаш слобода да избериш - да го купиш или да не го купиш.
За разлика од нашата ем ти ви, каде со наши пари (буџетски а и радиодифузни) се прават "информативни" реклами.
Ако речите кој к со споредбава, епа и двата се медиуми...
 
Ко демек овие шо сеа се штампаат не се прочитани книги :tapp:

Дај не тупете у старт, пошо ако Гвујо има интервју за некое време ќе треба да лижете кај шо сте плукнале....али тоа не е проблем, пошо е у генот на македончето.

Сегашниве не се тема на муабет, ма да радо би ги отерал упм сите.

А ако има Грујо интервју во новиот весник негово ќе си е, не мое.
Екипа како Љубчо, Героски, Борјан... не ми ветува ништо нормално во медиумскиот простор во Македонија
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom