S
Shellshock nam67
Гостин
Македонија сé уште ги исполнува правилата на ЕУ што обврзуваат државниот долг да биде најмногу 60 отсто од БДП. Сепак, состојбата во Грција, Италија и во другите европски земји поради недисциплинирано управување со јавните пари и постојано пумпање на државните долгови во износи и над 100 отсто од БДП треба да биде предупредување за тоа како земјава управува со јавниот долг
Според сите параметри, сме умерено задолжени
ПО НАЈНОВИТЕ ЗАЕМИ
Со активирање на заемот од 130 милиони евра од Дојче банк и од Сити банк државниот (владин) долг на Македонија ќе порасне над границата од две милијарди евра, што историски е најголем износ на задолженост на државата. Ако се земе предвид дека со новото задолжување вредноста на вкупниот владин долг ќе порасне од 26,2 отсто на 27,9 отсто од бруто-домашниот производ, тогаш може да се каже дека Македонија сé уште ги исполнува правилата на ЕУ што обврзуваат државниот долг да биде најмногу 60 отсто од БДП. Сепак, состојбата во Грција, Италија и други европски земји поради недисциплинирано управување со јавните пари и постојано пумпање на државните долгови во износи и над 100 отсто од БДП треба да биде предупредување во однос на тоа како земјава управува со јавниот долг.
Според податоците на Министерството за финансии, на крајот на септември вкупниот владин долг изнесувал околу 1,94 милијарда евра, а од нив 1,43 милијарда евра се надворешен долг (странски кредитори), додека 512 милиони евра се внатрешен долг (државни хартии од вредност и различни обврзници). Моменталниот вкупен долг на Владата е рамен на 26,2 отсто од годинашниот бруто-домашен производ, кој е проектиран на 7,4 милијарди евра. Токму во остварувањето на проекциите за БДП и за другите макроекономски индикатори лежи најголемата опасност за Македонија. Имено, степенот на задолженост на земјава преку ноќ може да стане многу поголем ако не се остварат проекциите за пораст на БДП. Притоа, треба да се земе предвид дека нашата земја има мала извозно ориентирана економија и дека од тековите во Европа многу зависи што ќе се случува и кај нас.
Речиси сите меѓународни финансиски организации ги ревидираа проекциите за економски пораст во европските земји за оваа и за идната година во надолна линија, што е показател дека европската економија ја очекуваат тешки денови. Германија, која е водечка економска сила во ЕУ, во последното тримесечје оствари пораст на БДП од само 0,1 отсто. Организацијата за европска соработка и развој (ОЕЦД) неодамна најави дека европската економија значително ќе забави во наредната година. Оттаму прогнозираат дека економскиот пораст на еврозоната идната година ќе изнесува само 0,3 отсто по годинашните 1,6 отсто. Од друга страна, светските аналитичари укажуваат дека е можно стапката на економски пораст во повеќе европски земји да оди во минус односно да има појава на нова рецесија, што многу треба да ја загрижи Македонија ако се земе предвид дека над 60 отсто од трговијата на нашата земја е со земји од ЕУ.
Дополнителен показател што алармира на актуелната состојба во ЕУ е стапката на невработеност, која во еврозоната во септември достигна историски максимум од 10,2 отсто, додека во целата Европска Унија невработеноста е зголемена на 9,7 отсто. Така, во соседна Грција невработеноста се искачи на 17,6 проценти, во Шпанија 22,6 отсто, а во Бугарија бележи зголемување на 11,9 отсто.
Државата должи над 330 милиони евра само на записи
Од 70 милиони евра во 2005 година на 333 милиони евра во 2011 година пораснала вредноста на долгот на државата од издадени државни записи. Иако во неколку наврати Владата вети дека ќе престане да се задолжува на домашниот пазар, таа продолжи со оваа практика.
Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори за радиото Слободна Европа забележа дека задолжувањето на домашниот пазар е намалено, но и дека не е сведено на нула.
- Банките се мераклии да го пласираат својот капитал таму каде што е сигурно, а вие гледате дека инвестицијата во држава е секогаш несигурна, значи зошто би ризикувале да пласираат пари во стопанството кога можат без голем ризик да пласираат кај владата - вели Чекреџи.
Инаку, за да плати само камати за земените долгови од надвор и на домашниот пазар, Владата во буџетот за 2012 година испланира 58 милиони евра.
Македонската економија должи над 4,6 милијарди евра
Бруто-надворешниот долг на земјава заклучно со јуни годинава изнесува над 4,6 милијарди евра, што е зголемување за 2,6 милијарди евра во споредба со 2004 година, кога јавниот и приватниот долг во земјава биле околу 2 милијарди евра. Статистиката на Народната банка покажува дека во овој период од нецели седум години најголемо зголемување на надворешниот долг од околу 2 милијарди евра има кај приватниот сектор.
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1111111944447&id=9&prilog=0&setIzdanie=22429

![](http://novamakedonija.com.mk/Uploads/Image/2011/noemvri/dolg.jpg)