- Член од
- 13 декември 2009
- Мислења
- 1.307
- Поени од реакции
- 647
Си купил ти во последно време зејтин, леб, бензин? Си платил сметка за парно, за струја, за вода? Си отушол да купиш патики, облека, или да оидеш во кафич и да платиш пијачка? Во Македонија инфлацијата е толку голема што, еве да одиме по енергенсите, цената на сметката за парно беше 2500 во јануари, сега во октомври дојде 3800. Со проста математика, тоа е некаде околу 50 проценти зголемување на сметката. Или, како што би рекол ти , инфлација. Цената на бензинот е 80 денари, се сеќавам дека беше некаде околу 30 2001-2002. Или, што би рекол ти, некаде околу 260 проценти инфлација. Тоа не е баш 3 проценти на годишно ниво. Повеќе е како 26 проценти на годишно ниво. 2001 година се сеќавам дека со 100 денари сум излегувал надвор и сум се пијанчел, 6000 денари патики имаше само во продавниците за аристократи, и не се плаќаше 40 денари за саат паркинг. Така да во право си, кој си ја манипулира статистиката тој си е во право. А на останатите ни останува да се чудиме како може еден (потполно ист, дури од таму и е купен) џемпер во Холандија да чини 5 евра, а тука да чини 1700 денари, како сметките се зголемуваат за 50 проценти а инфлацијата се некако седи на 3 проценти, и како да се иселиме од оваа проклета земја.Како беше она „верувам само во статистика што самиот ќе ја манипулирам„.
Ако на долгот од 2005 му се додаде само инфлацијата која мислам дека е околу 3% на светско ниво тогаш излегува дека нашиот долг е дури и намален.Или со други зборови 1,84 милијарди евра со 3% инфлација во 2011 се 2,2 милијарди.