Историски најголем пораст на државниот долг

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување
S

Shellshock nam67

Гостин
Македонија сé уште ги исполнува правилата на ЕУ што обврзуваат државниот долг да биде најмногу 60 отсто од БДП. Сепак, состојбата во Грција, Италија и во другите европски земји поради недисциплинирано управување со јавните пари и постојано пумпање на државните долгови во износи и над 100 отсто од БДП треба да биде предупредување за тоа како земјава управува со јавниот долг





Според сите параметри, сме умерено задолжени
ПО НАЈНОВИТЕ ЗАЕМИ
Со активирање на заемот од 130 милиони евра од Дојче банк и од Сити банк државниот (владин) долг на Македонија ќе порасне над границата од две милијарди евра, што историски е најголем износ на задолженост на државата. Ако се земе предвид дека со новото задолжување вредноста на вкупниот владин долг ќе порасне од 26,2 отсто на 27,9 отсто од бруто-домашниот производ, тогаш може да се каже дека Македонија сé уште ги исполнува правилата на ЕУ што обврзуваат државниот долг да биде најмногу 60 отсто од БДП. Сепак, состојбата во Грција, Италија и други европски земји поради недисциплинирано управување со јавните пари и постојано пумпање на државните долгови во износи и над 100 отсто од БДП треба да биде предупредување во однос на тоа како земјава управува со јавниот долг.

Според податоците на Министерството за финансии, на крајот на септември вкупниот владин долг изнесувал околу 1,94 милијарда евра, а од нив 1,43 милијарда евра се надворешен долг (странски кредитори), додека 512 милиони евра се внатрешен долг (државни хартии од вредност и различни обврзници). Моменталниот вкупен долг на Владата е рамен на 26,2 отсто од годинашниот бруто-домашен производ, кој е проектиран на 7,4 милијарди евра. Токму во остварувањето на проекциите за БДП и за другите макроекономски индикатори лежи најголемата опасност за Македонија. Имено, степенот на задолженост на земјава преку ноќ може да стане многу поголем ако не се остварат проекциите за пораст на БДП. Притоа, треба да се земе предвид дека нашата земја има мала извозно ориентирана економија и дека од тековите во Европа многу зависи што ќе се случува и кај нас.

Речиси сите меѓународни финансиски организации ги ревидираа проекциите за економски пораст во европските земји за оваа и за идната година во надолна линија, што е показател дека европската економија ја очекуваат тешки денови. Германија, која е водечка економска сила во ЕУ, во последното тримесечје оствари пораст на БДП од само 0,1 отсто. Организацијата за европска соработка и развој (ОЕЦД) неодамна најави дека европската економија значително ќе забави во наредната година. Оттаму прогнозираат дека економскиот пораст на еврозоната идната година ќе изнесува само 0,3 отсто по годинашните 1,6 отсто. Од друга страна, светските аналитичари укажуваат дека е можно стапката на економски пораст во повеќе европски земји да оди во минус односно да има појава на нова рецесија, што многу треба да ја загрижи Македонија ако се земе предвид дека над 60 отсто од трговијата на нашата земја е со земји од ЕУ.

Дополнителен показател што алармира на актуелната состојба во ЕУ е стапката на невработеност, која во еврозоната во септември достигна историски максимум од 10,2 отсто, додека во целата Европска Унија невработеноста е зголемена на 9,7 отсто. Така, во соседна Грција невработеноста се искачи на 17,6 проценти, во Шпанија 22,6 отсто, а во Бугарија бележи зголемување на 11,9 отсто.
Државата должи над 330 милиони евра само на записи

Од 70 милиони евра во 2005 година на 333 милиони евра во 2011 година пораснала вредноста на долгот на државата од издадени државни записи. Иако во неколку наврати Владата вети дека ќе престане да се задолжува на домашниот пазар, таа продолжи со оваа практика.
Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори за радиото Слободна Европа забележа дека задолжувањето на домашниот пазар е намалено, но и дека не е сведено на нула.
- Банките се мераклии да го пласираат својот капитал таму каде што е сигурно, а вие гледате дека инвестицијата во држава е секогаш несигурна, значи зошто би ризикувале да пласираат пари во стопанството кога можат без голем ризик да пласираат кај владата - вели Чекреџи.
Инаку, за да плати само камати за земените долгови од надвор и на домашниот пазар, Владата во буџетот за 2012 година испланира 58 милиони евра.

Македонската економија должи над 4,6 милијарди евра

Бруто-надворешниот долг на земјава заклучно со јуни годинава изнесува над 4,6 милијарди евра, што е зголемување за 2,6 милијарди евра во споредба со 2004 година, кога јавниот и приватниот долг во земјава биле околу 2 милијарди евра. Статистиката на Народната банка покажува дека во овој период од нецели седум години најголемо зголемување на надворешниот долг од околу 2 милијарди евра има кај приватниот сектор.



http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1111111944447&id=9&prilog=0&setIzdanie=22429
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Грција ќе шитка острови за да се спаси, а ние споменици. :D
Битно за Скопје 2014 има пари, додека се уште на други места нема асални патишта и водоводи. Мудри се од владава, како и да е итро ќе не дотераат во пропаст.
Како се мењава власта, така и се мењаваат криминалците. Сите напунија сметките со пари, а другите ќе пропаѓаат. Е тоа ти е нашава држава! А како што ми се гледа државниов долг само
си расте. Џабе земаа кредити и за пописот да организираат кога пропадна.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006


Дали има податок колку пари сдсм должеше,колку вмро врати од долгот на сдсм и колку се задолжи вмро.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.061
Поени од реакции
15.032


Дали има податок колку пари сдсм должеше,колку вмро врати од долгот на сдсм и колку се задолжи вмро.
тоа е долг на Македонија не е на ДПМНЕ или СДСМ. Тие ќе си ја префрлаат топката еден на друг, а всушност двете партии (и нивните коалициони другарчиња од градинка) тријат прсти
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
И ова нека го стават во рекламите 100 дена ДЕЛА!
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Дајте бројки бе народе да видиме од други земји,еве немора подалеку, доста е само од Србија,Албанија,Бугарија,Хрватска и Словенија.. еден репер да удриме
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.881
Поени од реакции
11.597
Јас мислам дека сега ќе не тешат во стилот "битно не должиме по 1000 и кусур милијарди - случај со италија и грција" :icon_mrgr: Топ еконимија имаме итн...
 
Член од
25 ноември 2010
Мислења
292
Поени од реакции
84
Aбе уживејте, радувајтесе на спомениците со празни џебови, внуците наши ќе ги враќаат парите
--- надополнето: Nov 14, 2011 12:52 PM ---
Дајте бројки бе народе да видиме од други земји,еве немора подалеку, доста е само од Србија,Албанија,Бугарија,Хрватска и Словенија.. еден репер да удриме
Само која ти е споредбава не те разбирам, чим за репер ги бараш преходниве, главата у песок како ној
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Aбе уживејте, радувајтесе на спомениците со празни џебови, внуците наши ќе ги враќаат парите
--- надополнето: Nov 14, 2011 12:52 PM ---

Само која ти е споредбава не те разбирам, чим за репер ги бараш преходниве, главата у песок како ној
Ме интересира колку е задолженоста на тие земји,процентуално од БДП,ништо повише .. кога правиме некој репер треба и да даваме примери,па да споредиме,кај сме ние на листата кај се другите
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Дајте бројки бе народе да видиме од други земји,еве немора подалеку, доста е само од Србија,Албанија,Бугарија,Хрватска и Словенија.. еден репер да удриме
Де бе па ти... одма со бројки да се излезело. Шо си се запалил толку многу?
Да! Факт е оти сеуште не сме, може дури и да се речи, ни средно задолжена земја... ама со ова темпо, до кога ќе важи тоа? Наредните 3-4 години? Ако се продолжи вака, е тогаш буквално ќе дишиме, живееме, работиме само за банките.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Ме интересира колку е задолженоста на тие земји,процентуално од БДП,ништо повише .. кога правиме некој репер треба и да даваме примери,па да споредиме,кај сме ние на листата кај се другите
Mакедонија во споредба со Балканските држави минус Бугарија (која е помалку од Македонија должна) не стои лошо. Но факт е дека се задолжуваме се повеќе и повеќе долгот расте што не е добро. Сега за сега не е алармантно и опасно ама не е ни добро.
http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_sovereign_states_by_public_debt
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.082
Поени од реакции
588
Де бре луѓе секоја втора тема ви е задолженоста на Македонија, кога и да се земе некој кредит од странство, одма дискутираме дали треба или не. Мене и не ми е позната некоја држава што не се задолжува. Засега не е ништо страшно да се задолжуваме дека сме умерено задолжена земја и споредувајќи се со другите сме на мошне поволна позиција во тој поглед. Овие табели и броеви што ги презентирате се само потврда на правилото дека државниот долг НА СЕКОЈА земја има долгорочен тренд на пораст, па зошто кај нас би било поразлично. Само малку се запознаени дека секое ново задолжување не претставува зголемување на државниот долг ( иако во голем дел да) туку некое задолжување е направено со цел да се отплати некое друго кое е земено во време со понеповолни услови. Така на пример имаме:
Предвремен откуп на долгови
—На лондонскиот клуб на кредитори-јануари 2006 год
—На парискиот клуб на кредитори- 2007 год
—На креди на ЕИБ, Светска банка, ММФ-2007 год
—На обврзницата за рехабилитација на Стопанска банка-2007 год.

Најчесто се задолжуваме за покривање на буџетски дефицит кој е редовен во секоја година. Но, и тој до некаде е потребен затоа што државата има скудни фискални примања, а потрошувачката расте. На, никој не му се допаѓа новиот закон за техолошки вишок, на секој му се допаѓа зголемувањето на пензиите ( и поркај тоа што фондот има огромна дупка во своите финансии, што секако мора да се покрие од буџетот). Најголемите реформи што треба да се направат во Европа се оние во пензискиот систем, кои колку и да се непопуларни, се неизбежни. Секој се радува на намалување на партиципација за студирање, бесплатни книги до средно и ред други работи, а од друга страна на секој му смета зголемувањето на долгот. А, кога ќе се случи тоа одма има пцуење на влади ( без разлика кој партија е на власт). Последниот кредит е земен токму за покривање на буџетскиот дефицит во следните две фискални години, но ако подобро гледаме ќе видиме дека ставката за капитални вложувања оваа година е зголемена, ќе се градат патишта и сл. проекти од инфрстуктурата, па оттука тој заем од 130 милиони и не е залуден.
Пропаднаа тендерите за реновирање и изградба на автопатите во земјата, па владата мора сама да се справи со овој голем хендикеп на државата, а тоа е инфрастуктурната неизграденост.
Сите знаеме дека е најдобро да имаме се, да не плаќаме ништо, но тоа едноставно не е возможно.
Управувањето со јавните е мошне комплексно и истото не треба да се оценува според некој статија во весник, кај што новинарите со сета своја сила не убедуваат дека надворешниот долг константно расте ( макар што нема земја кај што не расте) и дека ние сме следната Грција.
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Сите знаеме дека е најдобро да имаме се, да не плаќаме ништо, но тоа едноставно не е возможно.
А што е тоа што ние го имаме, а не плаќаме за него? Квалитетно јавно здравство, бесплатно образование, мали даноци и давачки, мали јавни казни? Па ни паркингот веќе не е бесплатен. Или имаме јака армија и полиција која на третина од државата не смее да оди, а на другите две третини мистериозно претепува луѓе до смрт? Што лажеш бе не ти е срам. Ние НИШТО немаме , имаме 30 проценти невработеност и од таму е дефицитот. Не дека владата троши за нас.
А колку е долгот ќе видиме кога ќе дојде некој друг на власт, и Грција немаше долг до 2008 па наеднаш излегоа 300 милијарди.
 
B

Black Guard

Гостин
Задолжувањето не е проблем ако средствата се алоцираат каде што треба и како што треба....но за бронза задолжување некако ми е малоумна работа,значи или нашиве се малоумни идиоти или има нешто друго најверојатно расипикуќи.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Како беше она „верувам само во статистика што самиот ќе ја манипулирам„. Така е и со ова статистика авторот дал податоци за долгот на Македонија но не направил корелација на овој долг со БНП на пример. Или ако ништо друго тогаш со буџетските средства со кои денес располагаме и средствата со кои располагавме пред 7 години или со инфлацијата.
Но и од приложенота статистика јасно се гледа дека годините 2005 во однос на 2004 има зголемување на долгот кој е поголем од зголемувањето 2011 во однос на 2010.
Исто е добро да видите пред да почнете да рипате дека долгот 2005 е само за 100 милиони евра поголем од долгот 2011. Што е „ВИЦ„ према тоа низ што се помина светската, европската и македонската економија во последните две , три години.
Исто така многу добро е да се види дека долгот 2008 пред почетокот на светската криза бил за 460 милиони евра помал од оној во 2005.
Значи и покрај огромните субвенции за земјоделците, и покрај огромните градежни активности финансирани од буџетот, и покрај зголемените плати и пензии, и покрај автобусите, и покрај инвестициите во здравството, спортот и образованието и пред се и покрај светската криза и инфлацијата Македонија во периодот 2005 - 2011 го зголемила долгот за 100 милиони евра. Ако на долгот од 2005 му се додаде само инфлацијата која мислам дека е околу 3% на светско ниво тогаш излегува дека нашиот долг е дури и намален.Или со други зборови 1,84 милијарди евра со 3% инфлација во 2011 се 2,2 милијарди.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom