Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.
T

Tetro

Гостин
тоа се поединци и избраници негови кои комуницират со него
Кои се тие избраници кои комуницираат со него?
Кај треба да појдеме за да се зачлениме и ние кај нив?
Ова нема да го одговорам бидејки ми делувате не сериозно.
Сериозен сум и сакам да знам.
Дали Вие сте "избраник"?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
269
Поени од реакции
69
Ај објасни ми го процесот на верување.
Како тоа некој верува а некој не верува а некој па трет
не се ни замара.....баш ме интересира што е верување за тебе.
Верување според мене е кога убеден си дека постои нешто натприродно,свето и боженствено ако станува збор од религиозен аспект.
--- надополнето: Nov 14, 2011 10:46 AM ---
Сериозен сум и сакам да знам.
Дали Вие сте избраник?
Не .ни јас не се сметам за достојна . Но имам во мојот круг на познаници и верувам во тоа.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Џулија,
Велиш ние луѓето се делиме. Точно. Но зошто?
Ако Бог ни даде на сите јасен знак дека е тука и е бдее над нас и нашата среќе, верувај сите ќе живееме според словото негово.
Уште повеќе, зошто семоќниот едноставно не направи да не се делиме? Нека ни ја земе слободната волја и нека биде неговата волја - за сите истата. Ќе нема делби тогаш.

Велиш доказот ќе дојде кога ТОј ќе се симне и тогаш ќе биде касно за верба и за иден живот.
Дали ова подразбира иден живот некаде и некогаш? Каде е тоа некаде ? Кога е тоа некогаш ?
Зошто Бог би ги разделил своите чеда поради вербата или невербата, а претходно воопшто не се потрудил да им објасни и да им покаже зашто е битна таа верба?

Навистина ли неговата семоќ е немоќна да обезбеди верба во него по негов калап? Dont think so .....
 
T

Tetro

Гостин
Не .ни јас не се сметам за достојна . Но имам во мојот круг на познаници и верувам во тоа.
Јас пак од друга страна се сметам за достоен, и потребно ми е да разговарам со него. Ако постои, можно е, нели?

А тоа, другарчињата, те лажат изгледа.
Бог не прави разлика Мики туку ние луѓето се делиме , А доказот ќе дојде кога ќе биде волјата на Бог но за многумина тогаш ќе ни биде касно за верување ,ќе немаме иден живот .
Бев многу мал, кога вујко ми ми кажа дека дедо мраз е измислен чичко со бела брада само како за реклама на кока-кола. Поминаа многу години од тогаш, и ништо не може да ме убеди поинаку.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
269
Поени од реакции
69
Јас пак од друга страна се сметам за достоен, и потребно ми е да разговарам со него. Ако постои, можно е, нели?

А тоа, другарчињата, те лажат изгледа.

Бев многу мал, кога вујко ми ми кажа дека дедо мраз е измислен чичко со бела брада само како за реклама на кока-кола. Поминаа многу години од тогаш, и ништо не може да ме убеди поинаку.
Убаво за вас штом мислите така ,баш ме радудва тогаш очекувајте .дека ќе ја имате таа чест.
Многу сте вицкаст само тоа ќе кажам.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Верување според мене е кога убеден си дека постои нешто натприродно,свето и боженствено ако станува збор од религиозен аспект.

Извини вака што те потпрашувам. :)
Од кај си убедена ме интересира, кои се причините?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
coveckata priroda e zla, i zavidliva zar ne e taka ne ni trebaat nikakvi patokazi ni znaci , ni semafori koga vozime vozilo nisto samo vistinskata volja ke ne nosi napred ? 10 sveti zapovedi se za covekot da zivee spored niv i da se usovrsuva , a covekot e mudar da odbese sto cini a sto ne
Џабе се вадиш на злата човечка природа, затоа што тврдиш дека нејзиниот создател е сезнаен и семоќен. А како сезнаен лесно можел да ги предвиди последиците од допуштањето на таквата човечка природа. Исто така, како семоќен, уште полесно можел, може и ќе може да ги спречи сите нешта за кое би сметал дека се зло! Но очигледно не ги спречува, нели?
Ако твојот аргумент ти е дека тоа е така поради наше добро, демек за да научиме нешто од тоа страдање, тогаш во тоа не се вклопува страшниот суд и казнувањето и наградувањето. Затоа што е крајно глупо, самиот да создадеш нешто, кое си има цел и намена, а потоа да го прогласиш за зло и да осудиш на вечно страдање некого поради тоа истото.
--- надополнето: Nov 14, 2011 11:35 AM ---
Извини вака што те потпрашувам. :)
Од кај си убедена ме интересира, кои се причините?
Нема причини (множина), има една причина - Стравот.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Верување според мене е кога убеден си дека постои нешто натприродно,свето и боженствено ако станува збор од религиозен аспект.
Натприродно (противприродно или како и да се нарече) е нешто кое ги надминува нашите граници на разбирање за тоа нешто.
Но, не секогаш таквите нешта се позитивни, и не секогаш можат да се врзат со добриот Бог. Напротив повеќе примери се негативни (апсурдни смртни случаи, дешавки со духови и слично).

Според мене погрешно е "натпритодните" нешта, како што ти ги нарекуваш, да му се припишат на Семоќниот.

Ако самиот Бог го сметаш за натприродно, тогаш и сите дела кои во моментов ни изгледаат натприродни се негово дејание, а следствено на тоа, бидејќи повеќето се лоши искуства, Семоќниот не гаи некоја голема љубов кон нас.

Би те запрашал тебе, што ти сметаш дека е натприродно?

Јас на пример навистина сметам (и сум убеден) во постоење на каузалност, односно дека секој настан е последица на некоја причина во сеопштиот хаос во универзумот. Сосема е точно дека ако сега ти ми одговориш на постов можеби утре ќе добиеш на лото, а ако не ми одговориш ќе предизвикаш друга низа на последици.
Моќта да осознаеш кој потез би донел какви понатамошни последици е огромна и незамислива.
Ако таквото нешто го поседува некој ентитет, кој егзистира некаде во универзумот, тогаш му е сосема лесно да ги натокми сите настани по своја желба.
Во тие безброј прави линии кои тргнуваат од една точка, секако семоќниот би знаел која линија ти е по волја.

Гледано од ваков аспект, Бог (ентитетот) очигледно може многу да стори за човештвото, но .....
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ама, Тој не сака така, не може или нешто друго е во прашање.
Па каков знак вие очекувате да дојде дома да ви тропне на врата и ви каже јас сум Бог ,тоа го сакате ?А дали сте достојни што барате таква работа ...тоа се поединци и избраници негови кои комуницират со него и го гледаат но и ги има околу нас но и ним не им веруваме и ги нарекуваме луди,измамници...жалосно а таквите луѓе се за почит.[/quote]

Институциите за ментално здравје се полни со луѓе кои отворено комуницираат со измислени другарчиња.

Замисли дека си во бардовци, во барака 4. Имаш двајца пациенти. Еден верува дека секоја вечер зборува со Наполеон, а другиот дека секое утро зборува со Исус.

Наградно прашање: Кој од овие двајца е луд?
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Институциите за ментално здравје се полни со луѓе кои отворено комуницираат со измислени другарчиња.

Замисли дека си во бардовци, во барака 4. Имаш двајца пациенти. Еден верува дека секоја вечер зборува со Наполеон, а другиот дека секое утро зборува со Исус.

Наградно прашање: Кој од овие двајца е луд?
Па се знае! Лекарот е луд! :D
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Па се знае! Лекарот е луд! :D
За него не станува збор дека е луд. :D
До сега никој од тие лекари не излекувал луд човек.
Со кој памет се залетуваат во таа "професија" мене не
ми е јасно.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
За него не станува збор дека е луд. :D
До сега никој од тие лекари не излекувал луд човек.
Со кој памет се залетуваат во таа "професија" мене не
ми е јасно.
Па неможе бе Боди сите да бидат инЃенери како нас :)
Не им е работата да ги лечат, туку ... Ај друг пат на друга тема ...
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
За него не станува збор дека е луд. :D
До сега никој од тие лекари не излекувал луд човек.
Со кој памет се залетуваат во таа "професија" мене не
ми е јасно.
Како тогаш ти во моментов постираш "мислења" од дома:cautious:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom