МРТВ ГО КРАДЕ НАРОДОТ!

Дали сте задоволни од МРТВ?

  • Да.

    Гласови: 23 12,3%
  • Не.

    Гласови: 135 72,2%
  • Не ме интересира./Не се замарам.

    Гласови: 29 15,5%

  • Вкупно гласачи
    187

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Леле читам и не ми се верува. Не сте са свим, па Емтеве е најбоља телевизија.... ама во Уганда. ;)
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Шо си е прост народов, прост си е. Идеме една споредба, денеска (понеделник) што ќе даваат на програмата:

Според мене, МТВ ја нуди денеска најдобрата програма за разлика од Сител и Канал 5. Единствено вестите на Сител се подобри за разлика од оние на МТВ.

И јас секако сум против плаќање, никој не сака да плаќа.. тоа е јасно, дека си плаќаме на кабелските оператори и слично.

Оние кој се родени пред 1992/3 година, сите растеле со МТВ, па МТВ каква програма нудеше другите можеа вода да им носат. Сите растевме со МТВ, тоа е факт. Имаше програма, незнам зошто не се обидат да ја пуштат истата таа, иако е стара. Сепак новите генерации ќе ги гледат и така ние сабалје или сме на работа или спиеме, исто ко да не постои тоа за нас.

А за тоа дека има подобреност има, снимаше нова серија, приказни, даваа одлични филмови кој го подобрија и преведот, не е од оној коцки превод :D

Ова беше за критиките кон МТВ, а за другото... не се замарам. Си ги имам MBC програмите и нон стоп ми е пуштено. Да живее Саудиска Арабија! :P
Значи и ти си од тие шо си ја кажува азбуката со мелодијата на Бушава Азбука? :) И после ќе ми кажат МРТВ била тапа -.-
--- надополнето: Nov 14, 2011 10:21 AM ---
Единствената промена е сајтот
http://www.mtv.com.mk/
друго нема нешто во однос на програмската шема.
Што патем сајтот е доста добро направен.
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Брат никаде не реков дека е ко шо треба, само кажувам дека е на добар пат. Не баш најбрзо, ама полека ќе дојде до правилната форма. Муабетот повеќе ми беше дека џабе плукате на нешто што моментално мутира, се развива. Чекајте да се направи па тогаш зборете. Истиот муабет беше со Скопје 2014, па сите дркаа кога го пуштија Аце во употреба и коа заличе градов на нешто, а предходно плукаа, крадење вака така. Никој не краде никого, се има сметка каде што ти си обврзан да платиш со законот на државата. Крадење е ако не си свесен дека парите ти ги нема, односно незаконси да се слеат во буџет нечиј.
Луѓето не плукаа затоа што нема да биде убав градот, туку затоа што немаат пари леб да јадат.
Еден милион евра мислиш дека кошта една скулптура?
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Што патем сајтот е доста добро направен.
Па кој рече дека е лош?
МТВ била јака телевизија пред 20/30 години. Тоа биле златните години од нејзиното постоење...
Денеска само радиото и сајтот може да се пофалат дека се на завидно ниво.
 
TheIks

Fork & spoon operator
Член од
1 октомври 2007
Мислења
712
Поени од реакции
469
Значи и ти си од тие шо си ја кажува азбуката со мелодијата на Бушава Азбука? :) И после ќе ми кажат МРТВ била тапа -.-
Бушава Азбука (инаку закон емисија, најдоброто од МРТВ после приказните) е снимана 1985 година, во еден друг систем, кои многумина го плукаат во секоја прилика. :D
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.880
Поени од реакции
11.594
За која програма да плаќам бе? Има ли еден нормален човек во оваа посрана држава, или само магариња и послушни војничиња ќе не прават? Бог да чува и да брани, од јавен рекет преку таквото ми е. Нека им наплатат прво на браќава по планиниве, па нека тропнат кај мене на врата, во спротивно ги чекам извршителите со пушка.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Искрено, не ја следам МТВ. И тоа одамна. Не знам што прават со парите и дали се слеваат во некаков буџет, дали се злоупотребени тие средства и слично. Не е ни важно. На слична тема напишав дека МТВ има страшно богата архива, и дека тоа и е шанса да почне полека да излегува од длабоката септичка јама. Еден куп солидни наши и странски документарци, постари, но добри филмови и серии (ама не оние 2-3 што ги вртат секоја година). Едноставно, нека го користат тоа што веќе го имаат, бесплатно е. Можеби не е најактуелно, можеби подзамирисува на мувла, ама сепак е некаков почеток. Бушава азбука, Македонските народните приказни, Солунски патрдии, Тврдокорни, Викенд на мртовци, Втората смена, Трст виа Скопје и што се не. Што е со Штрумпфови, Опстанок, Црна змија, Ало ало - и нив нека ги репризираат. Подобри се од Телетабиси и Бандини.
Иста така напишав дека не би било лошо (а кој знае како што одат работиве со мтв, можеби и би било) да се разгледаат можностите државнава телевизија да прерасне во кабелски оператор, и на тој начин да се финансира, од евентуалните претплатници. Утопија. Не верувам дека ќе им тргне во догледно време. Неспособно раководство, лоши и глупави идеи (ако воопшто имаат идеи), со исклучок на серијалот историски документарци - што е премалку. Кој им е директор? Кои им се уредниците?
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Колку и да сум патриот, МРТВ Е ТАПА!!! А за претплатата...без гајле. Колку и да не плаќаме, тие преку буџет ќе си ги земат парите. Како телевизиски „работник“ во еден подолг период, сметам дека единствено добро околу оваа куќа е да си таму вработен. Најмалку се работи во јавниот ни РТВ сервис. Ако тие луѓе работеа во приватни ТВ станици, не ќе останеа на работа ни 2 дена, ќе си ја добиеја клозата в газ!
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Прво не и плаќаме на МРТВ и плаќаме на државата т.е. плаќаме радиодифузна такса. Проблемот е што тие пари се главниот буџет на МРТВ која тапка во место и нуди никаква програма.
Може и они се во некој подем во последните неколку месеци посебно одкога дојде Ефтим како директор но далеку од посакуваното за да може да парира на телевизии како сител, телма, алфа, канал5 итн.
Чист пример за успешна државна телевизија од балканов е ХРТ1 и 2.
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Луѓето не плукаа затоа што нема да биде убав градот, туку затоа што немаат пари леб да јадат.
Еден милион евра мислиш дека кошта една скулптура?
А што мислиш ти чоко бисквитот стварно кошта 10 денари?
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283

Сител ,Канал 5 ,Алфа и Телма се приватни со приватен капитал и тие се финасираат од таа радиодифузна такса и за нив оди мал процент ,но голем дел они собираат од реклами ,нешто што МТВ несака да го дозволи затоа што државата ја финансира од буџет.Кога веќе ја спомна ХРТ таму дијаспората си ја финансира дел од телевизијата но дел се финансира од реклами и приватни инвестиции.Во 70 и 80 ти МТВ била една од најдобрите Ју телевизии а денес е тиња.Но да бидеме реални МТВ прави програма на неколку јазици (албански,турски,влашки,ромски) има и собраниски канал за кој не и се плаќа со години а тука е и каналот за дијаспората кој ние им го плаќаме.Премногу трошат а немаат квалитет партиите кога ќе дојдат на власт ја бојат во портокалова и сина и си ја користат така да не верувам дека ќе се смени нешто.
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Луѓето не плукаа затоа што нема да биде убав градот, туку затоа што немаат пари леб да јадат.
Еден милион евра мислиш дека кошта една скулптура?
И ти очекуваш државата да иде по улица и да дели бонуси додека тебе те мрзи да го поместиш газот од кревет и да идеш да побараш работа, па да заработиш некој денар. Или преходно те мрзело да загрееш дупето да завршиш факултет/средно ко шо треба па сеа никој нејќе да те прими на работа. Ако не си мрзлив ќе имаш пари, државата ама баш ич ич не ти е крива. Секој сака гага пари, ама гага нема.
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
А што мислиш ти чоко бисквитот стварно кошта 10 денари?
Не ми мешај сега чоко бисквити ако незнаеш да ми одговориш
--- надополнето: Nov 14, 2011 11:55 AM ---
И ти очекуваш државата да иде по улица и да дели бонуси додека тебе те мрзи да го поместиш газот од кревет и да идеш да побараш работа, па да заработиш некој денар. Или преходно те мрзело да загрееш дупето да завршиш факултет/средно ко шо треба па сеа никој нејќе да те прими на работа. Ако не си мрзлив ќе имаш пари, државата ама баш ич ич не ти е крива. Секој сака гага пари, ама гага нема.
Дечко имам и факултет завршено и одлична работа, но не се сите како мене
--- надополнето: Nov 14, 2011 11:57 AM ---
И ти очекуваш државата да иде по улица и да дели бонуси додека тебе те мрзи да го поместиш газот од кревет и да идеш да побараш работа, па да заработиш некој денар. Или преходно те мрзело да загрееш дупето да завршиш факултет/средно ко шо треба па сеа никој нејќе да те прими на работа. Ако не си мрзлив ќе имаш пари, државата ама баш ич ич не ти е крива. Секој сака гага пари, ама гага нема.
Не ми одговори дали знаеш колку кошта една скулптура, колку и е вистинската цена?
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.144
Поени од реакции
8.109
ај дајте предлози како би сакале да изгледа мтв..баш ме интересира шо мислите
 
Kajgana Shop

На врв Bottom