За децата и најобична караница меѓу родителите, нанесува болка. Но тоа е посебна приказна.
Сексуалниот нагон е постојан и не мислам дека изневерувањето се прави само поради него. Еден маж или една жена, во принцип, може да започне љубовна врска со било кого, но во „ име на љубовта “ се одлучуваме за еден. Нашето однесување, често, барем без посебна анализа, не може да рационално да се објасни. Земи го примерот, Пријателката на Kvadros, која е, предпоставувам, девојка која се впушта во љубовна врска со оженет. Нејзе ја привлекува што го превзема, освојува, мажот од друга жена или што, наводно ќе биде подобра партнерка од претходната.
Погледни го ликот на Kvadros, незадоволен од брачната врска, тој се впушта во нова љубовна врска, надевајќи се дека во неа ќе доживее „ среќа “.
Или оставената Сопруга, нејзиното однесување е непознато, Kvadros, за неа не зборува. Има „оставени сопруги “ кои се однесуваат многу различно. Има кои молат, а има кои, по разводот, до крајот на животот остануваат сами, што зборува дека, најверојатно, им одговара разводот.
Тоа се многу интересни прашања и треба, да се анализираат и да се учи од туѓите искуства.
Мое лично мислење е дека не треба да се преценува значењето на љубовта, секој треба да посвети внимание на други, исто важни работи, образованието, работата, пријателите, општеството и тн