Крај на приказната за еврото: ќе го биде или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата Katunec
  • Време на започнување Време на започнување
Ситуацијата со еврото сега е “или - или“.

Или Европската централна банка ќе ги зголеми ингеренциите и ќе почне да печати пари за да го спаси еврото -- но по цена на општа инфлација и стагнација на гермаската економија -- или кризата ќе продолжи да се шири и тоа ќе е крајот.

Во јавноста излегоа информации дека Франција и Германија неколку месеци сериозно ја размотриле опцијата да се подели еврозоната на две, односно да се исфрлат одредени членки. Британија исто така деновиве спрема план како да постапува во случај да дојде до излегување од еврозоната - и од ЕУ.

Standard & Poor's (демек) по грешка и го намали кредитниот рејтинг на Франција со што на финансиските пазари веднаш започна продавање на државните записи но грешката беше коригирана, а Франција започна формална истрага да се види кој тоа се поиграл со нејзиниот многу вреден кредитен рејтинг од AAA.:D:D Случката само покажа колку во ситуацијата нема маневарски простор ниту пак време и колку малку е потребно целата кула од карти наречена ЕУ да се сруши.

Јужните, стандардно, повторно штрајкуваа во четвртокот, а за викендов не знам:
13euro2-articleLarge.jpg

We’ve entered a make-or-break scenario,” said Thomas Klau, a German who heads the Paris office of the European Council on Foreign Relations. “The present situation with Italy now is sustainable for days, perhaps weeks, but not months. This new chapter either writes the endgame of the euro zone, or it precedes a much bigger leap into political and economic integration than all those made so far.”

http://www.nytimes.com/2011/11/13/w...a-moment-of-truth.html?pagewanted=1&ref=world

Не сум нешто сигурен дека еврото како валута туку така ќе пропадне... Премногу е вложено за да некој од Европјаниве сето тоа го дозволи. Еврото не е само валута за да економски ги спои земјите од Европска Унија. Тоа е многу повеќе... Да не заборавиме дека ЕУ тежнее да постане и политичка унија (затоа и го гураа и сеуште го гураат Европскиот Устав, затоа и изгласаа ЕУ да има и функција - Претседател на ЕУ). Но ЕУ пред се и над се е ЕКОНОМСКА унија и ништо повеќе. Тоа била примарната идеја уште кога се создавала како ЕЗ за Јаглен и Челик во 50-тите..

Така да, мислам дека распадот што толку се најавува, не е на исклучиво на еврото! Никој не се прашува што ќе се случи ако Грција ја врати драхмата, на пр. Шпанија - пезосост, Италија - лирата. и сл исл.. Не сум некој економист, мојата професионална гранка е правото, но чисто колку да направам една пралела помеѓу долгот што СФРЈ го создала во 80-тите години, (а поради што и беше главна причина за нејзин распад - тоа со национализмот, па Тито го нема и сл исл. се само симптоми и дел од економските проблеми) и долгот што ние како самостојна држава го превземавме е следен: „Долгот што СФРЈ го создала, внатрешен и надворешен, ние денес сеуште го плаќаме - од каде инаку дефицит во нашиот буџет? Сеа некој ќе каже, се задолжуваме на ММФ и сл исл, е да се задолжуваме, но ние земаме кредити од ММФ уште од осамостојување! Е сега, ако е прашање на валутата - еврото (југословенскиот динар), не гледам како тоа би ги намалило долговите на Грција, Италија, Шпанија и сл исл (конкретно кај нас - прејдовме од Динар на Денар.. не гледам нешто да се променило?! 20 и кусур години живееме на кредити од ММФ и отплаќаме долгови - WTF?!)

Како и да е, да не забегувам.. не е проблемот до тоа дали еврото ќе пропадне или не, или дали една валута ќе се замени со друга... проблемот е во системот што ги регулира односите внатре, во самите држави, но и во Европската Унија, која како заедница се наметнува како фактор на економскиот раст, општествените односи, културниот и правниот развој во државите членки на ЕУ. Мислам, гледајте со колкава паника само реагираат Германциве и Французиве. Мислите дека нешто како знаат што треба да се направи и што да прават? Одат по некоја си нео-либералистичка економско-кејнзијанска шема и тоа е.. Е ама проблемот е што тоа не функционира...

Знаете како.. Возите со колата по булевар, доаѓа некое циганче или просјак.. ви бараат пари или едноставно сакааат да ви ја исчистат шофершајбната за надоместок од 1 до 10 денари (ако некој е подарежлив ќе даде и повеќе). Е ама овие дечиња, и луѓе ова го прават секој ден во неделата 365 дена во годината и ништо не се променува.. Вие возите на истата сообраќајница, или пешачите покрај истиот парк или трговски центар, а тие се на истото место и истото го бараат? Мислите дека животот ќе им се подобри ако им дадеме по 10 денари? Не ! Тоа само привидно ќе им го ублаќи патот до сигурната смрт.

Е така и со економскиве проблеми погоре... Илузија е да се мисли дека (како што во ЕУ а и ширум светов каде што се случуваат овие проблеми - некако се ми се чини дека кад тад и кај нас ќе дојдат , прашање е на време) системот е навикнат, и дека целата оваа ситуација ќе оди по принципот Lassez-faire или Перпетуум мобиле и сл исл, дека се добро функионира и слични такви небулози.... Ако порано им замеруваа на „комунистите“ од СФРЈ и СССР дека бладаат и сонуваат за социјализам и комунизам, па истиот пропадна, епа погодете што, денес токму оние антикомунисти и екс-„комунисти“ се здружени браќа и пљампаат со иста реторика од пред 20 и кусур години.

Маркс се превртува в гроб...
 
Ги прочитав сите погоре напишани постови и не можам да се согласам со една работа а тоа е дека ЕУ ќе пропаднела(сега или во блиска иднина),мое мислење е дека е премногу вложено во евро-зоната за да се распадне,економските бенифиции од постоење на евро зоната се поголеми одкоку загубите,и трето дали можете да замислите каква анархија ќе завладее во Европа ако таа се распадне а тоа не му одговара на никого а најмалку на нас.
 
Колку повеќе гледам што се дешава со членките на ЕУ, толку повеќе сум му благодарен на Глигоров за прифаќањето на грчката игра околу името на државата. Да не беше тоа, ние досега ќе ја бевме погребале македонската сувереност (сувереност барем de iure) и ќе бевме дел од оската на злото која се бори за централизација на силите во светот (а тоа е чекор до едноумие, светска влада, одлучување на грст смрдливи најадени и психички пореметени богаташи во името на целата светска популација, она за што сонувал Хитлер).

На Глигоров треба да му се изгради еден споменик на животта си, поголем од тие на Александар и Филип.
 
Многу ми се интересни вакви теми. Зошто? Најдете ја на пример темата за либерализација на визен режим за Македонија во политика и вести форумот и читајте ги експертите што пишувале пред 4 години. :ROFLMAO: Така ќе биде и со оваа тема осеќам.
 
Море дудук еден. Ти кажа дека јас не сум направил анализа. Ти кажав дека имам направено. Што сакаш од мене. Ај бркај работа не ме замарај .
--- надополнето: Nov 13, 2011 11:51 AM ---

Кај гледаш никогаш? Или си замислуваш одредени зборови за да тролаш? Ај доста, не ти реплицирам веќе.
--- надополнето: Nov 13, 2011 11:53 AM ---

Немај гајле од партија ќе ти платат за постовите . Целиот форум стана форум на едноумие каде се плука по секој што не се согласува со вас. Немај гајле, не си одам. Оди си ти со партијата.

ovoa e veke znak na paranoichno razmisluvanje ., zboruvame za ova nashe parche zemja MAKEDONIJA., a ti tuka ., gi ispomesha kartite ., pa sega me zamesha i vo nekoja ., partija., ., a koga sme veke po toa prashanje ti plachesh vo tvojot post po ., ljubcgo., ., nikoj tuka od nas ne spomna nieden politichar ili politichka partija., .,..... tebe ti brmchi muvata na glava pa si ja ishkash., ., bidejki momentalniot politichki moment go ispomesha vo diskusija ., za evroto .,... evrozonata .,... i trulosta na starata dama.,.....
spored tvoeto pishuvanje ., tebe te plaka nekoj za vakvite non sens i neusoglaseni tekstovi so temata ., za diskutiranje.,.
samo i druga rabota ., znachi cel forum ne e vo pravo i chlenovite shto diskutiraat .,.....a samo ti si bil vo [pravo.,....aj zhiti levata sharena vrvka od desnata patika.,.,... sho pamet ke beshe ovoa popameten od site chlenovi na forumov........ednoumie ., a tuka ., mislenja razlichni ., ushte i za gusha da se fatime ., a ti forumov stanal ednoumen., aj odi legni prespij ., ....sabajleto e popametno od nokta vo koja e tvojot um..........sakash ushte ..te chekam...............
 
Не сум нешто сигурен дека еврото како валута туку така ќе пропадне... Премногу е вложено за да некој од Европјаниве сето тоа го дозволи. Еврото не е само валута за да економски ги спои земјите од Европска Унија. Тоа е многу повеќе... Да не заборавиме дека ЕУ тежнее да постане и политичка унија (затоа и го гураа и сеуште го гураат Европскиот Устав, затоа и изгласаа ЕУ да има и функција - Претседател на ЕУ). Но ЕУ пред се и над се е ЕКОНОМСКА унија и ништо повеќе. Тоа била примарната идеја уште кога се создавала како ЕЗ за Јаглен и Челик во 50-тите..

Така да, мислам дека распадот што толку се најавува, не е на исклучиво на еврото! Никој не се прашува што ќе се случи ако Грција ја врати драхмата, на пр. Шпанија - пезосост, Италија - лирата. и сл исл.. Не сум некој економист, мојата професионална гранка е правото, но чисто колку да направам една пралела помеѓу долгот што СФРЈ го создала во 80-тите години, (а поради што и беше главна причина за нејзин распад - тоа со национализмот, па Тито го нема и сл исл. се само симптоми и дел од економските проблеми) и долгот што ние како самостојна држава го превземавме е следен: „Долгот што СФРЈ го создала, внатрешен и надворешен, ние денес сеуште го плаќаме - од каде инаку дефицит во нашиот буџет? Сеа некој ќе каже, се задолжуваме на ММФ и сл исл, е да се задолжуваме, но ние земаме кредити од ММФ уште од осамостојување! Е сега, ако е прашање на валутата - еврото (југословенскиот динар), не гледам како тоа би ги намалило долговите на Грција, Италија, Шпанија и сл исл (конкретно кај нас - прејдовме од Динар на Денар.. не гледам нешто да се променило?! 20 и кусур години живееме на кредити од ММФ и отплаќаме долгови - WTF?!)

Како и да е, да не забегувам.. не е проблемот до тоа дали еврото ќе пропадне или не, или дали една валута ќе се замени со друга... проблемот е во системот што ги регулира односите внатре, во самите држави, но и во Европската Унија, која како заедница се наметнува како фактор на економскиот раст, општествените односи, културниот и правниот развој во државите членки на ЕУ. Мислам, гледајте со колкава паника само реагираат Германциве и Французиве. Мислите дека нешто како знаат што треба да се направи и што да прават? Одат по некоја си нео-либералистичка економско-кејнзијанска шема и тоа е.. Е ама проблемот е што тоа не функционира...

Знаете како.. Возите со колата по булевар, доаѓа некое циганче или просјак.. ви бараат пари или едноставно сакааат да ви ја исчистат шофершајбната за надоместок од 1 до 10 денари (ако некој е подарежлив ќе даде и повеќе). Е ама овие дечиња, и луѓе ова го прават секој ден во неделата 365 дена во годината и ништо не се променува.. Вие возите на истата сообраќајница, или пешачите покрај истиот парк или трговски центар, а тие се на истото место и истото го бараат? Мислите дека животот ќе им се подобри ако им дадеме по 10 денари? Не ! Тоа само привидно ќе им го ублаќи патот до сигурната смрт.

Е така и со економскиве проблеми погоре... Илузија е да се мисли дека (како што во ЕУ а и ширум светов каде што се случуваат овие проблеми - некако се ми се чини дека кад тад и кај нас ќе дојдат , прашање е на време) системот е навикнат, и дека целата оваа ситуација ќе оди по принципот Lassez-faire или Перпетуум мобиле и сл исл, дека се добро функионира и слични такви небулози.... Ако порано им замеруваа на „комунистите“ од СФРЈ и СССР дека бладаат и сонуваат за социјализам и комунизам, па истиот пропадна, епа погодете што, денес токму оние антикомунисти и екс-„комунисти“ се здружени браќа и пљампаат со иста реторика од пред 20 и кусур години.

Маркс се превртува в гроб...
От каде прашаш дефицит? - огромна администрациja,коja зима плати,а седат дома, градене на обекти за кои нема пари,а се оди ком задолжуване...Долгот от време на СФРJ не е таков дел. За кредитите и за ММФ - еве РМ се задолжува и ком Доjче банк и Сити банк со нови 130 милиони евра.

Не верувам да пропадне еврото, но са можни различни варианти. Поинтересно е какво ке стане со денара, ако пропадне еврото.
Пред еврото има неколко пата - печатане на евро и вака да се девалвира со едно 20-30% или да се натиснат државите со големи кридити да намалуват трошоци и да плакjaт долгови една децениja и така да се зачува еврото.
 
От каде прашаш дефицит? - огромна администрациja,коja зима плати,а седат дома, градене на обекти за кои нема пари,а се оди ком задолжуване...Долгот от време на СФРJ не е таков дел. За кредитите и за ММФ - еве РМ се задолжува и ком Доjче банк и Сити банк со нови 130 милиони евра.

Не верувам да пропадне еврото, но са можни различни варианти. Поинтересно е какво ке стане со денара, ако пропадне еврото.

Знам знам дека дефицитот е и од таму.. генерално говорев, .. не сакав да се расплинувам премногу.. затоа го спомнав самооној дел од долгот на поранешната СФРЈ .... но дел од купчето де-факто си е и од поранешниот долг, за кон иначе заборавивме дека сме борџлии..
 
Колку повеќе гледам што се дешава со членките на ЕУ, толку повеќе сум му благодарен на Глигоров за прифаќањето на грчката игра околу името на државата. Да не беше тоа, ние досега ќе ја бевме погребале македонската сувереност (сувереност барем de iure) и ќе бевме дел од оската на злото која се бори за централизација на силите во светот (а тоа е чекор до едноумие, светска влада, одлучување на грст смрдливи најадени и психички пореметени богаташи во името на целата светска популација, она за што сонувал Хитлер).

На Глигоров треба да му се изгради еден споменик на животта си, поголем од тие на Александар и Филип.

И да не беше тоа што го направи Глигоров ние пак немаше да влеземе во ЕУ ќе ни бараа да смениме и улици и споменици и да се прогласиме за грци :pos:
 
Знам знам дека дефицитот е и од таму.. генерално говорев, .. не сакав да се расплинувам премногу.. затоа го спомнав самооној дел од долгот на поранешната СФРЈ .... но дел од купчето де-факто си е и од поранешниот долг, за кон иначе заборавивме дека сме борџлии..

Точно е дека голем дел од долгот што го имаме е од поранешна СФРЈ,но мое мислење е дека е неодговорна (економска) политика на овааа како и на претходните влади да се задолжуваш пред да го вратиш долгот без разлика колкава е каматната стапка на кредитот,имено тоа е она што Грција го правела а за да влезе во евро зоната ги има фалсификувано(дотерано) документите.Мене не ми е јасно како двете најголеми економии во евро-зоната (двигатели) Франција и Германија тоа не го виделе уште порано,дали намерно замижале, или направиле пропуст сепак сега тоа ќе ги чини многу, и првенствено заради тоа нема да дозволат да се распадне евро-зоната затоа што ако го дозволат тоа ќе излезе дека си ја признаваат грешката.
А за другите држави во евро зоната во најстрашна ситуација е Италија,првенствено поради глупавоста и ароганцијата на нејзиниот сега веќе бивш премиер,а за другите како што гледам Шпанија веќе сериозно се спрема да си го стегне ременот,а мислам дека има и поголем кредитен капацитет да го врати долгот од горе споменатата Италија.
 
Ех како не го виделе.. така лесно.. едноставно не го виделе..Знаеш што е најинтересното тука? Што ни сега не знаат што да прават... Погледни само какви се нивните изјави, повторно идат по онаа стара кејнзијанска, нео-кејнзијанска струја.. па либералистичка и нео-либералистичка.. знаеш уште го гледаат пазарот во такви рамки... Не знам дури и некогаш се прашувам онака дали е могуче да целиот овој капиталистички уреден пазар да го ергулираш со толку многу правила, знаеш да работи подмачкан и поткован како машина, оти ако арзмислиш од 1945 година па навака тоа и се прави, али очигледно не функционира, а не функционира ни Lassez-faire а.к.а „Невидливата рака на пазарот“ (Ебаго небаре да е тоа некоја религија!)...

А за ова што е неодгоорна економскат аполитка на Нашиве, хех тоа е појќе од сигурно, само она што ме чуди е дали овие „самопрогласениве“ левичари имаат појма што да прават кога тие ќе дојдат на власт?

Eве еден клип.. Се попалив по ови РСА анимејт.. стварно имаат поента...

Бај Д веј без оглед на тоа што насловот на клипов е „Кризите на Капитализмот“, сепак не терба да гаиме илузии за пропаст, пропаѓање, па дека капитализмот туку така ќе пропадне.. Она што треба да се знае е дека нешатат сепак се менуваат, а ги менуваме ние и никој друг. Само што мислам дека малку сме го подзаборавиле тоа..

Многу ми се интересни вакви теми. Зошто? Најдете ја на пример темата за либерализација на визен режим за Македонија во политика и вести форумот и читајте ги експертите што пишувале пред 4 години. :ROFLMAO: Така ќе биде и со оваа тема осеќам.

Не си јасен. Што ќе биде со оваа тема??

ЕУ односно Европската централна банка или ќе печати пари со што ќе се зголеми инфлацијата (во услови на мерки на штедење) и ќе го успори европскиот економски генератор на раст - Германија, или кризата ќе се прошири и ќе пропане и еврозона и Унија.

Ако не е тој избор, те молам понуди трето можно сценарио во ситуацијава??

Поентата беше дека времето им истекува, таков е и насловот на текстот. Големите сили веќе дискутираат алтернативни решенија.

Лично мислам нема да пропадне еврото, барем не сега, но цената за неговото одржување ќе биде голема.
 
Мислам дека се ќе заврши со голема инфлација. За да функционира денешниов светски економски систем, државите треба да се задолжуваат. Најголем должник не Грција, Шпанија и такви, туку Америка, Германија, Англија и тн. Темава е многу интересна, затоа ги молам некои, кој во ваква тема ги мешаат односите со името, да се воздржат. Грција не е „играч „ во големите игри со светските пари. Ги молам и економистите кои учествуваат на Форумот да дадат свое стручно мислење.
 
Па вака бидејќи сум дипломиран финансиски менаџер имам и свое видување на темава и се сложувам до некаде со тебе.
Не се сложувам со ова што ги делиш на играчи и не играчи државите,значи нив ги дели Standard & Poor's и многу други компании за финансиски услуги и сервиси од кои како што кажав претходно споменатата е најрелевантна и нормално ги котира според нивниот кредитен рејтинг односно колку од задолжувањата што ги земаат државите можат да вратат и колкав е нивниот капацитет за враќање на долгот (во нивната анализа спаѓаат заеми од ммф,издавање државни обврзници и нивна сигурност,го согледуваат и економскиот раст и развој со децении на назад за една држава,БДП е исто предмет на анализа итн итн...не ми замерувајте што не ги набројувам сите стандарди),Сакам да кажам дека задолжувањето во денешниот свет е нормална ама не и пожелна работа освен ако не се очекува од задолжувањето поголема добивка.
Е сега не се слагам дека Грција не е играч(голем али е втор степен) ако не беше играч немаше да скокаат толку останатите,всушност тие сакаат да го заштитат својт капитал кој го вложиле во Грција значи примарно тука се банките (Француски) кои ги купувале Грчите државни обврзници, кои ако грција банкротира најверојатно ќе одат и тие јабана најмногу заради тоа што берзите тогаш ќе побудалат во наплив на паника од луѓе и компании кои ќе сакаат да си го наплатат долгот или да си ги подигнат парите од споменатите банки.
Значи заради овие причини Грција е опасно буре барут.
Е сега за другите земји кои се во должничка криза (пишав и погоре)сметам дека Италија моментално е во сериозна ситуација која ескалира може да биде со сериозни последици по цела евро зона вклучувајќи не тука и нас.
Само да направам споредба разликата помеѓу Италија и Грција е исто како да споредувате земјотрес од 3 степени според рихтер и од 7 степени.
Шпанија е ризична но е стабилна засега и не верувам дека таму има шанси нешто да ескалира истото се однесува на Португалија и Ирска.
За САД да не правиме муабет тие се тема за себе, имено мислам дека нема да пропаднат поради нивниот огромен долг ама сериозно ќе бидат раздрмани и ќе мора да ги сменат своите навики на енормно трошење а со тоа ќе ја изгубат и позицијата на доминантна економска сила во светот во наредниве 15-20 години најверојатно од Кина.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom