Фан клуб: МЗТ Скопје

Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Spored mene mzt nema tim za titula....realno ako gledame...ako feni go zeme ili veke go zemal Ivan lilov klasa se pred site drugi.....buckoto toj sto vi e na klupa sam si napravi pritisok pred pocetok na sezona so negovite najavi...togas mislev deka bog znae kakvi zverovi ste zemale od amerika cim taka najavuva...a ispadnaa prosecni igraci a ovoj posledniot sto vi dojde Grim e podprosecen i ke se osudam da kazam deka i "zverot" nas Kalanj e po produktiven od nego iako prosek mu e 3 poena po natprevar i toa blagodarenie na toa sto ke dade edna trojka od 50 obida.....Fray od feni e derek rose za site ostanati "stranci" sto igraat vo nasava liga.....
Go potenciram ova "spored mene" zosto taka mislam jas,ne mora da se slozuvaat site so mene...taka da ne mora prepukavanja odma....
Се прифаќа твоето мислење, секако...
Да не објанувам многу според мене МЗТ има тим за титула, макар и Фени го земат тој Бугарот ( кога ќе го видиме против јаки тимови ќе праиме муабет за него ) а МЗТ останат со овој тим.
За нашите "просечни" Американци не се сложувам освен за Грим ( ма да и овој имаше тешка повреда пред да дојде во МЗТ на зглобот ). Кејд Дејвис на пример ти е за 2 класи над сите играчи во македонска лига, само што тоа уште никој не го приметува. :)
Фрај од Фени ти е обичен играч кој во контра куца... шут катастрофа има, и не гледам во што е боље од Дејвис. Потоа Ноа, моментално најдобриот играч на МЗТ не можеме да го наречеме Просек бидејќи секоја утакмица прави дабл дабл.
--- надополнето: Nov 13, 2011 2:45 AM ---
До негде си во право..... Али со 2-3 нови засилувања(засилувања во правата смисла на зборот) во зимскиот преоден рок,тогаш ќе бидеме главни конкуренти за титула... Не викам дека составов ни е лош,ниту пак непобедлив.. Но на домашен терем мислам дека можеме да ги победиме Фени......
МЗТ нема теоретски шанси да донесе нови 2 - 3 засилувања, може само да го заменат Грим и да донесат некој појак центар.
 
Член од
9 ноември 2009
Мислења
326
Поени од реакции
56
Можеби МЗТ има тим за титула, али трагедијата е што тој тим не го прават странците, туку тмот за титула е создаден од македонските играчи. Станко, Огнен, Ристе, Грне доколку се врати во полн ритам, па и Кочов и Пенов како замени се повеке од достоен тим за оваа смешна македонска лига. Тимов со македонски играчи помогнат од Фемили кој што реално се најдобра навивачка група во моментов (после комити) се доволни да МЗТ се бори за титула. Тој Далма само во колеџ лигите и во Македонија може да игра, тој србинот плеј што им е поима нема, али со станко на блокада и мене ке ме направат добар плеј, центарот што го имаат не вреди да се збори, било кое македонско дете повисоко од 2,00 метри е подобро од него (само нормално со набиена самодоверба). Дејвис гледам сите го фалите тој можеби е нешто подобар од останатите странци, али искрено не ми мириса дека е до толку како што го зборите. Сум го гледал 2 натпревари, дечкото има добар скок шут за три, но другото кај него се е во рамките на просекот. Така да се погоди на МЗТ тимчињава како Вардар, Струмица, Гевгелија, Куманово, Работнички не се тимови, ниту личат на тимови што играат кошарка. Едино Фени и Торус (од кого сум импресиониран) личат на тимови. За жал во оваа бледа македонска лига пола сезона ке помине а ти ке си мислиш дека странците ти се добри иако релано нема со кој да ги тестираш, смешни се другите тимови.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Официјално соопштение на КК МЗТ Скопје

------------------------------

------------------------

Во врска со вчера одиграниот натпревар помеѓу КК МЗТ Скопје Аеродром и КК Куманово, би сакале јавно да го искажеме нашиот револт од случувањата во спортската сала во Куманово, каде по уште еден пат, се покажа безпринципиелноста на Македонската Кошаркарска Федерација.

Имено, после прекинот на средбата од
првото коло, помеѓу нашата екипа и КК Лирија, каде се донесе решение за празнење на трибините кои во тој момент ја пееја неформалната химна на нашата кошаркарска репрезентација, ние како клуб испративме писмо до Комесарот на Лигата, Владимир Макревски и до раководството на МКФ, во кое истакнавме дека ние како клуб ќе ги почитуваме правилата и одлуките донесени во МКФ, но дека бараме ист аршин на сите натпревари, посебно на средбите кои се играат вон Скопје.
Но она што го доживеавме вчера, ги премина сите граници. Имено, после четири опомени (а правилата велат две) заради навредливо навивање и фрлени предмети, на 1 минута и 56 секунди пред крајот на третата четвртина, после фрлени тврди предмети, се донесе одлука за празнење на трибините. И што се случи??? Откако судиите се повлекоа во службените простории, и после 35-минутен прекин (правилата велат дека ако прекинот трае повеќе од 20 минути, средбата треба да се продолжи следниот ден), судиите одлучија натпреварот да продолжи со празнење на 3 реда од едната трибина !?!?!?!? (во прилог ви доставуваме фотографии, како после само 2 минути, и тие 3 реда поворно се наполнија со навивачи)
Се прашуваме:
-дали делегатот на средбата го пријави вербалниот и физички притисок кој му беше направен од десетина неофицијални лица, и тоа не само за време на прекинот, туку и на полувремето?
-што правеше претседателот на МКФ во судиската просторија за време на прекинот и дали токму тој ја даде директивата натпреварот да продолжи?
-што правеа три неслужбени лица, по професија обезбедувачи и телохранители, на полувремето на средбата во судиската канцеларија, за што сведок е и комесарот Макревски?
-колку неслужбени лица беа на половина метар од теренот, во аголот од каде е службениот излез, и каде е клупата на гостинската екипа, во случајов МЗТ Скопје? Ние тврдиме, а ви доставуваме и фотографии, дека најмалку 10-15 лица во текот на сите 40 миути вршеа притисок и упатуваа закани кон нашата клупа, и тоа во зоната каде најстрого е забрането присуство на неслужбени лица.
-ќе се навратиме и малку наназад...јавно прашуваме: какви санкции беа изречени на натпреварот од второто коло Куманово-Лирија, кога десетина лица од гостинскиот табор улетаа на терен на 45 секунди пред крајот на средбата? Дали само јавна опомена е начинот да се спречи дивеењето на една група на луѓе, која речиси на секој натпревар кој го губи, демонстрира јавно непочитување на сите акти и закони, не само на МКФ, туку и на државата? Кој наложи на комесарот Макревски да изрече само јавна опомена (иако инцидентот бил уредно пријавен од делегатот Пиперков), наместо да изрече (повеќегодишна) забрана на истите тие лица да присуствуваат на кошаркарски натпревари?
КК МЗТ Скопје можеше вчера без никакви санкции да го напушти теренот и да бара прекин на средбата, како што КК Лирија го прави тоа речиси на секој натпревар, но одлуката беше да се издигнеме над проблемите кои сака да ги создаде МКФ и да играме кошарка, без разлика на крајниот резултат, затоа што она што се случуваше на теренот беше вистински кошаркарски натпревар кој ги полни салите во Македонија. Воедно би сакале да им честитаме на домашните кошаркари и стручниот штаб за извонредниот натпревар и нивната коректност.
Ова соопштение не е со цел да ја иритираме јавноста. Ги повикуваме нашите навивачи Фемили Аеродром да продолжат да го прават тоа што најдобро го знаат, а тоа е да го бодрат и да го сакаат својот клуб, како што тоа го направија на средбите во Кавадарци, Гевгелија и Скопје. Заедно не смееме да да дозволиме оваа година МЗТ Скопје да биде виновен за се и сешто, како што тоа беше случај во минатото и да биде алиби за сите грешки во кошарката. МЗТ, заедно со своите навивачи, ќе покаже дека е најдобар, но тоа ќе го направи на терен.
-и на крај ќе го поставиме уште еднаш истото прашање од пред 30 дена: дали актите и правилата на МКФ важат само за натпреварите кои се играат во Скопје, или поточно во салата Јане Сандански? Можеби нашата изјава “или ист аршин во сите сали или лига без МЗТ„ некои ја разбраа како повод да го исфрлат МЗТ...но, јавно порачуваме на сите нив: МЗТ Скопје нема да се откаже!
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
557
Добро, мора да им се оддаде признание на играчите и управата на МЗТ.
Можеа исто како албанските пички да се повлечат, ама сепак излегоа да ја довршат утакмицата.
Инаку, немаше многу тврди предмети на терен, еден упаљач-останатото беа хартиени топки. И судијата судеше со грешки на двете страни, сума сумарум непристрасно.
Огнен изигра маестрално, никој друг откај вас (па ни бизонот Чековски) не беше на нивото потребно за еден првак.

Се е до финансиите, за жал.
 
Член од
5 август 2011
Мислења
210
Поени од реакции
389
Добро, мора да им се оддаде признание на играчите и управата на МЗТ.
Можеа исто како албанецските пички да се повлечат, ама сепак излегоа да ја довршат утакмицата.
Добро сега кажи ми ти мене што фајде од нашата коректност кога со Лирија ја доигравме без публика исто како и дербито??? После вчерашните случувања во Куманово првенството е нерегуларно бидејќи "Откако судиите се повлекоа во службените простории, и после 35-минутен прекин (правилата велат дека ако прекинот трае повеќе од 20 минути, средбата треба да се продолжи следниот ден), судиите одлучија натпреварот да продолжи"
 
Член од
25 ноември 2010
Мислења
292
Поени од реакции
84
Добро сега кажи ми ти мене што фајде од нашата коректност кога со Лирија ја доигравме без публика исто како и дербито??? После вчерашните случувања во Куманово првенството е нерегуларно бидејќи "Откако судиите се повлекоа во службените простории, и после 35-минутен прекин (правилата велат дека ако прекинот трае повеќе од 20 минути, средбата треба да се продолжи следниот ден), судиите одлучија натпреварот да продолжи"
Точно, се гледа како кфм прогледува низ прсти во одредени ситуации, за лирија тоа е очигледно веќе, само не разбирам што постигнаа, со казните за празна сала, само кошарката трпи, а најмногу, во конкретен случај мзт е оштетен, а и работнички да не заборавам ... Или да важат правилава за сите или преку курот ... Се на се, оваа практика ќе си продолжи, од кфм ќе си го пунат џебот, навивачите ке се чудат, македонските клубови ке го кркаат
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
557
Добро сега кажи ми ти мене што фајде од нашата коректност кога со Лирија ја доигравме без публика исто како и дербито??? После вчерашните случувања во Куманово првенството е нерегуларно бидејќи "Откако судиите се повлекоа во службените простории, и после 35-минутен прекин (правилата велат дека ако прекинот трае повеќе од 20 минути, средбата треба да се продолжи следниот ден), судиите одлучија натпреварот да продолжи"
Брат, сево ова е слика и прилика на целокупната ситуација во државава.
Ние сме граѓани од втор ред, не гнасите.
 
Член од
10 март 2011
Мислења
23
Поени од реакции
3
Ovoa soopstenijevo na mzt, todorov vide deka mnogu gomna izede na poceetokot na sezonata okolu nivnoto sigurno osvojuvanje na titula pa sea ke glea na sekakov nacin da ja najde vinata vo kfm! mene taka mi mirisa ovaa rabota! mzt na kraj koa nema da osvoi, krivi ke bidat kfm a ne samiot todorov, vojnovic i uste koj i da e u uprava
 
Член од
12 јануари 2008
Мислења
468
Поени од реакции
68
Ovoa soopstenijevo na mzt, todorov vide deka mnogu gomna izede na poceetokot na sezonata okolu nivnoto sigurno osvojuvanje na titula pa sea ke glea na sekakov nacin da ja najde vinata vo kfm! mene taka mi mirisa ovaa rabota! mzt na kraj koa nema da osvoi, krivi ke bidat kfm a ne samiot todorov, vojnovic i uste koj i da e u uprava
A od kaj go vide Todorov vo soopstenieto i deka on se opravduva? ne treskaj gluposti,sto e netocno vo soopstenieto kazi?toa sto na albancite im bacuvaat raka a za mak. klubovi ne im cue,ti toa go opravduvas?
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.161
Поени од реакции
18.202
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Ненад Зивчевиќ ќе стави крај на дилемите околу својата иднина и ќе потпише договор со екипата на Лирија. Поранешниот член на МЗТ Скопје беше поврзуван со враќање во „Јане Сандански“, но и со уште неколку македонски прволигаши, кои што имаа испратено понуди за неговите услуги. ЕКИПА дознава дека откако имаше неколку дена добро да размисли, Зивчевиќ решил да ја прифати понудата на Лирија и да настапува за овој многу амбициозен тим до крајот на сезонава. Одличниот крилен кошаркар би требало да претставува огромно засилување за тимот на Лирија, кој што се промовира во сериозен ривал за едно од првите четири места на табелата.

Само за потсетување, Зивчевиќ по одличните настапи за МЗТ минатата сезона, летово се пресели во украинскиот шампионат во дресот на Политехника. Сепак, поради слабите резултати на тимот и неамбициозноста на управата овој кошаркар реши да се врати во Македонија, овојпат како член на Лирија.
 
Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.068
Македонската кошаркарска федерација со отворено писмо реагираше на соопштението на МЗТ Скопје по повод случувањата за време на натпреварот во Куманово. ЕКИПА во целост го објавува писмото на македонската куќа на кошарката:

МЗТ, и вие сте МКФ!

Почитувани пријатели,
Уште еднаш сме сведоци на неконтролиран излив на експертиза од ваша страна,субјективни толкувања на настани, кои на перфиден начин имаат за цел да генерализираат некаков “замислен противник” во МКФ.

Дали навистина имате толку кусо помнење или свесно ги занемарувате фактите. МКФ е се, само не противник на МЗТ Скопје Аеродром, ниту на било кој кошаркарски клуб во земјава. Да не беше искрената посветеност и “принципиелноста на МКФ” во моментите кога клубот се распадна и организациски и финансиски, денеска немаше да постоите. МКФ“измисли” нов преоден рок, се откажа од два свои спонзори во ваше име, само за клубот да преживее. И за среќа преживеа.

Со невидена леснотија ставивте знак на еднаквост помеѓу фашистичкото навивање со слоганот за
гасните комори и другите неспортски навивања. Вие ги креирате Пропозициите и Правилниците за натпреварување, вие ги бирате и ги плаќате оние кои го спроведуваат натпреварувањето, да го прават тоа онака како што вие и останатите клубови барате. Барајте го тоа низ институциите кои до вчера ги предводевте, во кои и денес членувате, со полни права, обврски и одговорност.

Ние нема да си дозволиме да се мешаме во работата на оние кои вие сте ги избрале, а се надлежни да ја расчистуваат ситуацијата во Куманово. Нема да бараме алиби за “нешто” со ова писмо, како што вие тоа го правите низ соопштенијата и изјавите на одговорните лица од вашиот клуб, непрестано барајќи некакви виновници кои “го рушат МЗТ”. Вашите непромислени изјави и толкувања можат да предизвикаат несогледливи трагични последици, за кои мора да бидете свесни.

На крај, апелираме до оние кои го водат вашиот клуб, да си ја вршат својата работа и сите прашања сврзани со водење на лигата да си ги решаваат низ телата кои самите ги раководат. А МКФ, да ја остават на мира да се посвети на многу поприоритетни работи од национален интерес. Разбираме дека за вас единствен приоритет е само вашиот клуб, но имајте разбирање дека приоритет за цела Македонија е пласман на ОИ во Лондон и во име на тоа, престанете да го злоупотребувате нашето време, достоинство и сето она што ви го оставивме како позитивен имиџ на кошарката.

Во нас секогаш ќе имате искрени кошаркарски пријатели, како што тоа многу пати го покажавме на дело и во добри, но и во лоши времиња, за МЗТ Скопје и за сите други клубови во Македонија.
Со почит,
МКФ
Божем они го продолжиле за МЗТ рокот,не е дека и Работнички немаше тим скопено...свашта
 

Kajgana Shop

На врв Bottom