„Кејблтел“ се ребрендираше во „Близу
На конференција за медиумите која се одржа денес, компанијата „Кејблтел“ и официјално го најави ребрендирањето во „Близу“. „Близу" е компанија во сопствеништво на шведскиот приватен инвеститорски фонд EQT
„Во изминатите две години, компанијата направи капитални инвестиции во развојот на капацитетите на својата мрежа: 4,2 милиони евра (во 2010) и 3,2 милиони евра во 2011 (до ноември). Планираните инвестиции за следната, 2012 година, се околу 3,5 милиони евра, со што ќе си обезбеди лидерска позиција во областа на сите свои услуги. Технологијата што го овозможува ова е хибридно-оптички коаксијална (HFC) врз основа на системот оптички кабел, на максимално растојание од 300 метри од крајниот корисник и, оттука, со поврзување преку коаксијален кабел до крајниот корисник. Со тоа овозможуваме квалитетна аналогна и дигитална телевизија, најбрз и неограничен интернет-пристап и квалитетна дигитална фиксна телефонија“, велат од компанијата.
Во својата понуда, за првпат на македонскиот пазар, „Близу" воведува најголем број HD канали. За почеток тоа се седум канали: (Eurosport HD, ESPN HD, MTV Live HD, Food Network HD, Viasat Nature HD / History HD, Planeta HD и Penthouse HD), со тенденција за постојано зголемување на нивниот број.
„Дигиталната платформа со која располага овој оператор поддржува најголем број кристално чисти канали (120) што се пренесуваат без компресија на сигналот, што не’ прави единствени на македонскиот пазар со таков квалитет на пренос. Новата генерација на дигитална телевизија којашто „Близу“ ја промовира на пазарот вклучува: нова услуга - EPG (електронски програмски водич), со можност за пребарување на содржината. Понатаму, до почетокот на декември, ќе стартуваме и можност за снимање и паузирање на ТВ програмата. Оптичкиот интернет на „Близу“ нуди интернет-услуги со најголема download- брзина во Македонија, без ограничувања во транферот на податоци. Брзината од 50 Mbps (мегабити во секунда) значи дека времето што е потребно за симнување филм со стандарна резолуција ќе биде пократко од пет минути. Во однос на фиксната телефонија, оптичката телефонија на „Близу“ претставува сосема нов концепт при користењето на оваа домашна услуга: без претплата, без наплата за приклучок и со бесплатни разговори во мрежата на „Близу“, се вели во соопштението.