Уругвај - Чиле 1, за Чиле нема да играат Видал и уште тројца првотимци поради недисциплина а и без тоа Уругвај е посилна екипа така да ова е кец на денот според мене
Португалија x2, Босна има проблеми со одбраната - троица што се стандардни во последната линија нема да играат и најверојатно некој од средината ќе биде повлечен поназад, ќе биде тврд дуел и реално и од обложувачки аспект тешко Босна да слави победа но навивачки ќе се надевам да се случи тоа па можно е и да ја избегнам
Македонија до 21 1-1&3+, ќе се брка првата победа после пауза од две години и ова е вистинскиот противник да се направи тоа и затоа победа и тоа три гола е единствената опција, ако не го направат тоа нека се убијат сите до еден, што е и буквално изјавата на тренерот
Цонга да земе сет против Ноле, реално гледано Цонга има доста големи шанси да го добие Ноле кој е сеуште недолечен така да ова би требало да биде посигурната варијанта
многу ме влече да изиграм пролаз за Португалија 1,4 квота (на многу од фудбалерите на БиХ им се заканува суспензија во повратниот дуел ако добијат жолт) и да сврзам со уште два типа од по 1,1/1,15,/1,2 за поголема уплата бидејќи како што реков реално и објективно е многу тешко да се случи спротивното но некако срцето не ми дава така да ќе се одлучува во последен момент