Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.322
Поени од реакции
15.576
Па се разбира дека имам, не толку објаснување колку размислување, ама пошто си нов на подфорумов решив да почнам со полесни одговори :)

Поопширно вечер :)
На поминување сум само :)

„не толку објаснување колку размислување“... Хмм..
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.621
Поени од реакции
59.454
На поминување сум само :)

„не толку објаснување колку размислување“... Хмм..
Па не можам во име на скоро 7 милијарди да тврдам дека сигурно знам зошто е така како што е. Мое мислење ќе добиеш вечер пошто сега излегувам. Прашањето што го постави воопшто не е лесно да се одговори, освен со саркастичен одговор кој го чувам за Мики.

И јас бев на поминување...
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
269
Поени од реакции
69
И ти си бруцош? Или матурантка во некоја гимназија?
Не .не убаво се изразив јас одамна дипломирав,вработена но блиску до таа професија на тоа мислев.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.826
Поени од реакции
8.840
Каква чест си и направила, алал нека ти е. Јака беше ракијата? На екс ја дрмна, онака атеистички колку побрзо да ја откачиш и да си заминеш?

Него прашање до атеистите:
Дали мислите дека поради вашата интелигенција не верувате во Господ и дека верувањето во Господ е за простата маса?
1. Ако останев подолго ќе беше истата приказна како и секоја година, кога ме ,преобратуваат, и ме убедуваат. Напорно е веќе, и досадно.

2. Интелигенцијата нема ама никаква врска со верување/неверување. Е, начитаноста има. Ама тоа е друг муабет.
Јас мислам дека атеистите едноставно не се плашат и се способни да признаат дека нешто не знаат. Храбри се и знаат дека кога ќе умрат - само нивното дело останува зад нив, какво и да е - и толку. Нема следен живот, човекот е минорен и не е толку важен за природата во целост.
--- надополнето: Nov 10, 2011 5:35 PM ---
Здраво Пурпле Пума како прво муслиманите нема што да мислат за нас а и ние нема што за нив за тоа мислам не дискутирам повеќе многу пати напоменав има кој да ни суди .
А за тоа што сте психолог мило ми е никој тука не омаловажувам без разлика на професијата сите сме едно а по професија јас сум до тебе но нема да се рекламирам тука .

Второ кога кажав Цеца на крштевка сигурно не мислев за церемонијата во црква се знае каде се прославува тој свечен чин.
Понатаму драга Пурпле Пума културата е битна работа точно дека и поздравувањето е важна особина во тој поглед но доколку немате верба во нешто немојте напразно да ги употребувате тие зборови..од култура се кажува добро утро,добар ви ден ,се најубаво итн.,зарем и од култура бојадисувате јајца ...јас доколку не би верувала во нешто цврсто би стоела до тоа.Културата се покажува на други илјадници начини...позз
Па муслиманите има што да мислат за вас, нивната религија е после вашата, следствено на тоа и вас ве има во Куранот и останатите аксесорис негови, и да, има размислувања поприлично за вас... исто како што вашиот Исус (нивен Иса) им е само обичен пророк, ни б од Бог, па што мајка бараш ти да се дружиш со такви лицемери?! Хм?

Ако си психолог, тешко тие со кои работиш. Психологот (барем добриот) треба да биде ослободен од било какви стеги, ако сака да биде што е можно пообјективен и попристапен за клиентот/пациентот.

Инаку, не гледам зошто да не го кажам тоа што го кажувам, не ме прави тоа верник, и на тие што им кажувам знаат дека сум атеист. Нив им се допаѓа кога ги поздравувам од култура така - малце е глупаво да ти е роденден, јас да знам дека ти е, ама да не ти честитам. За роденден се вика ,,Среќен роденден,, за Божиќ ,,Христос се роди,, итн......

Од твој вернички аспект, можеби е погрешно да се употребува ,,името божјо напразно,,. Јас како узречица го користам, во многу напразни ситуации, каде што последно на памет ми паѓа е религија. Можам да бидам вулгарна со пријателите, и уште почесто кога нешто ме чуди им пишувам OMFG (знаеш што е тоа, нели?!). Немам проблем со тоа - не верувам - не се плашам од никакви правила и казни.

Доколку ти не би верувала.... што би, ако би.
Доколку јас би верувала, максимално би ги почитувала правилата на мојата религија. Вие, Џули, сама изјавивте дека не ги почитувате. Одете во ,,Прашања за христијанството,, и ќе ви стане појасно.

П.С. Не фарбам јајца, правам салата од нив само... навистина велигденските се најдобри оти најдолго се варат па најтврди се. Еднаш моето куче изеде преку 20, кога не бевме дома..... не беше интересно потоа :)
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
269
Поени од реакции
69
Драга Џулија. Од каде да почнам да ти ги расчистувам дилемите...

Прво, од култура се вика и Салам Алејкум и Честит именден и Ај на ваша глава и илјадници други фрази. Јас лично сум атеист ама поголем дел од пријателите и роднините не се и избегнувам да ги навредам, сакам да ги испочитувам нив и нивните чувства. Јајца никогаш не сум вапцал, жените по дома вапцаат, ама претпоставувам дека ако на некој Велигден ми текне да вапцам ќе го направам тоа за моите јајца да не изгледаат погрди од другите. Па сите да викаат: види го оној какви јајца има, од другар му јајцата се појаки. Нејќу да се срамам.

Причини зошто се прават некои работи има 1000 и секој за себе си знае. Атеизмот е неверување во Бог. Нема ништо понатаму од тоа, нема код на однесување, заеднички ритуали и практики. Секој со својата тиква на рамената и со своите сваќања и навики.

Ние цврсто не веруваме дека постои Бог. Јајцата немаат блага врска со тоа, посебно ако се средно варени и немаат пуштено многу боја внатре.

Се надевам појасно сега.
Многу смешен одговор ми дадовте.,ниедна дилема не ми расчистивте само ме насмеавте:)
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Епа добро де, мораш да имаш некое логично објаснување зашто ти не веруваш во она во кое што верува поголемиот дел од светската популација?!

п.с. А да си земеш еклер?
Поголемиот дел од населението пред 1000 години верувале дека земјата е рамна. Земјата никогаш не била рамна. Ни тогаш, ни денес. Јак курац што луѓето верувале дека е рамна.

Јас имам објаснување зошто не верувам во богови - затоа што не постојат апсолутно никакви докази за постоење на кое било од илјадниците божества кои се обожуваат ширум светот.

Дали ти имаш објаснување зошто веруваш? Дека веруваат другите?!?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
269
Поени од реакции
69
1. Ако останев подолго ќе беше истата приказна како и секоја година, кога ме ,преобратуваат, и ме убедуваат. Напорно е веќе, и досадно.

2. Интелигенцијата нема ама никаква врска со верување/неверување. Е, начитаноста има. Ама тоа е друг муабет.
Јас мислам дека атеистите едноставно не се плашат и се способни да признаат дека нешто не знаат. Храбри се и знаат дека кога ќе умрат - само нивното дело останува зад нив, какво и да е - и толку. Нема следен живот, човекот е минорен и не е толку важен за природата во целост.
--- надополнето: Nov 10, 2011 5:35 PM ---

Па муслиманите има што да мислат за вас, нивната религија е после вашата, следствено на тоа и вас ве има во Куранот и останатите аксесорис негови, и да, има размислувања поприлично за вас... исто како што вашиот Исус (нивен Иса) им е само обичен пророк, ни б од Бог, па што мајка бараш ти да се дружиш со такви лицемери?! Хм?

Ако си психолог, тешко тие со кои работиш. Психологот (барем добриот) треба да биде ослободен од било какви стеги, ако сака да биде што е можно пообјективен и попристапен за клиентот/пациентот.

Инаку, не гледам зошто да не го кажам тоа што го кажувам, не ме прави тоа верник, и на тие што им кажувам знаат дека сум атеист. Нив им се допаѓа кога ги поздравувам од култура така - малце е глупаво да ти е роденден, јас да знам дека ти е, ама да не ти честитам. За роденден се вика ,,Среќен роденден,, за Божиќ ,,Христос се роди,, итн......

Од твој вернички аспект, можеби е погрешно да се употребува ,,името божјо напразно,,. Јас како узречица го користам, во многу напразни ситуации, каде што последно на памет ми паѓа е религија. Можам да бидам вулгарна со пријателите, и уште почесто кога нешто ме чуди им пишувам OMFG (знаеш што е тоа, нели?!). Немам проблем со тоа - не верувам - не се плашам од никакви правила и казни.

Доколку ти не би верувала.... што би, ако би.
Доколку јас би верувала, максимално би ги почитувала правилата на мојата религија. Вие, Џули, сама изјавивте дека не ги почитувате. Одете во ,,Прашања за христијанството,, и ќе ви стане појасно.

П.С. Не фарбам јајца, правам салата од нив само... навистина велигденските се најдобри оти најдолго се варат па најтврди се. Еднаш моето куче изеде преку 20, кога не бевме дома..... не беше интересно потоа :)
Само да ви појаснам баш од тој религиозен аспект имам многу добра соработка со моите клиенти
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.826
Поени од реакции
8.840
Само да ви појаснам баш од тој религиозен аспект имам многу добра соработка со моите клиенти
А дали имате работа само со одредена категорија на клиенти?
Дали, како психолог, можете да го негирате Едиповиот комплекс (кој е невозможен да биде признат од страна на религија). Дали како психолог, го прифаќате фактот дека децата уште од најрана возраст го прават она што е крајно забрането во религијата - мастурбација? Дали како психолог, ги советувате жените да простат се на сопругот, зошто бракот е света заедница и, од религиозен аспект, дури и тогаш кога не функционира (љубовно, сексуално) треба да се зачува?
Психологијата се занимава со среќата на луѓето, а некои работи (религиозни) немаат допирна точка со среќа.
--- надополнето: Nov 10, 2011 5:58 PM ---
Џули, денес баш имавме една дискусија таква на факс.
Што ако е психологот муслиман, а клиенотот/пациентот католик?
 

Mama.

уметник
Член од
23 јули 2011
Мислења
524
Поени од реакции
326
1. Ако останев подолго ќе беше истата приказна како и секоја година, кога ме ,преобратуваат, и ме убедуваат. Напорно е веќе, и досадно.

2. Интелигенцијата нема ама никаква врска со верување/неверување. Е, начитаноста има. Ама тоа е друг муабет.
Јас мислам дека атеистите едноставно не се плашат и се способни да признаат дека нешто не знаат. Храбри се и знаат дека кога ќе умрат - само нивното дело останува зад нив, какво и да е - и толку. Нема следен живот, човекот е минорен и не е толку важен за природата во целост.
jas veruvam vo zadgroben zivot, a naprotiv, voopshto ne se plasham od smrtta i nikogash ne sum se plashela... sum pominala niz faza vernik, ateist, satanist... vo niedna od tie fazi ne sum cuvstvuvala strav od toa deka ke umram i licno moeto veruvanje vo zadgroben zivot nema nikakva povrzanost so ova shto si go napishala, a veruvam deka imam mnogu istomislenici...
duri i religijata ne e izmislena so cel lugeto da se teshat, naprotiv, izmislena e so cel lugeto da se plashat...
shto se odnesuva do nacitanosta... pocinatiot g-din g-din Mihael imashe zavrsheno 3 fakulteta??? i site drugi bliski na negovata titula...( go spomnav nego zatoa shto prv mi dojde na misla)
taka da nema vrska toa shto go kazuvash ama ic[/quote]
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.621
Поени од реакции
59.454
Многу смешен одговор ми дадовте.,ниедна дилема не ми расчистивте само ме насмеавте:)
Е па ај, тоа што не можам јас нека ти го објасни чичко Џон со првата реченица:

И немој на вие Драга Џулија, и без тоа осеќам дека стареам :)

P.S.
Бене, сега ќе ти напишам една лектира да читаш.​
 

Sora_Dono

The 14th
Член од
22 октомври 2011
Мислења
129
Поени од реакции
35
Еве, и јас се надоврзувам, со неколку прашања, на кои очекувам саглам одговори:

1. Како атеистите разликуваат добро од зло?
2. Како атеистите разликуваат праведно од неправедно?
3. како атеистите ја толкуваат вродената човекова религиозност?
4. Како атеистите ја толкуваат човековата љубопитност за барање на „...нешто повеќе...„, како што е смислата и целта од нашето/човековото постоење на Земјава?
5. Како атеистите ја толкуваат идејата за Бога, која на човекот му е „фабрички„ вградена?
6. Како атеистите за разбираат способноста на човековиот дух за тежнее кон бесмртност и кон безмерни категории?

Доста е за почеток...
1. ne razlikuvam
2. ne razlikuvam
3. idiotizam
4. posledica na strav od smrtta/nepoznatoto
5. fabricki &*$ov moj
6. aj postavi go prasanjevo pak, ali gleaj da te razberam sea
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Одма кажувај прашање на кое науката воопшто нема одговор. И тоа базично...
Како на пример? Реплицирај ми на подфорум религија, по можност на тема прашања за атеистите...

Ела, ела...
ова е од темава ( за да не одиме офф топик таму ). Те молам кажи кој се тие базични прашања да видиме дали може да се одговорат
Еве еден список - http://www.sciencemag.org/content/309/5731/78.2.full - во кој ќе најдете неколку важни, но се уште нерешени прашања од страна на науката.
Во принцип ниту јас не сум некој верник кој верува во се што ќе чуе, но науката тукушто "излезе од пелени". Неизбалансирано ја потценувате религијата и сите заклучоци по дифолт ги отфрлате, иако во старите религии многу од догматските забрани се резултат на научниот метод набљудување, еден од основните и најупотребуваните во науката од антиката.
Лично сметам дека религијата и науката се подудираат, се комплементарни една со друга.
Целта на науката не е да докаже дека религијата не е вистина, туку да ја открие вистинската смисла на религиозните хипотези.
Некои од најголемите научници (Мендел, Дарвин, Ајнштајн..) биле свештеници, посетувале религиозни училишта, или недвосмислено верувале во креационизмот.
Науката не може да одговори на наједноставното прашање: Како настанал животот??? Не велам дека религијата го решила ова прашање на убедлив начин, но науката не е ништо подобра. Барем засега.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Науката не може да одговори на наједноставното прашање: Како настанал животот??? Не велам дека религијата го решила ова прашање на убедлив начин, но науката не е ништо подобра. Барем засега.
Науката сеуште нема одговор на прашањто како настанал животот. За разликата од религијата која продава некакви догматски митови како вистина.
Науката уште многу време нема да знае многу одговори. Тоа не значи дека креационизмот е точен.
Неизбалансирано ја потценувате религијата и сите заклучоци по дифолт ги отфрлате, иако во старите религии многу од догматските забрани се резултат на научниот метод набљудување, еден од основните и најупотребуваните во науката од антиката.
Кое тоа набљудување го виде господ дека за 6 дена се створи се’?
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.420
Поени од реакции
5.097
Еве еден список - http://www.sciencemag.org/content/309/5731/78.2.full - во кој ќе најдете неколку важни, но се уште нерешени прашања од страна на науката.
Во принцип ниту јас не сум некој верник кој верува во се што ќе чуе, но науката тукушто "излезе од пелени". Неизбалансирано ја потценувате религијата и сите заклучоци по дифолт ги отфрлате, иако во старите религии многу од догматските забрани се резултат на научниот метод набљудување, еден од основните и најупотребуваните во науката од антиката.
Лично сметам дека религијата и науката се подудираат, се комплементарни една со друга.
Целта на науката не е да докаже дека религијата не е вистина, туку да ја открие вистинската смисла на религиозните хипотези.
Некои од најголемите научници (Мендел, Дарвин, Ајнштајн..) биле свештеници, посетувале религиозни училишта, или недвосмислено верувале во креационизмот.
Науката не може да одговори на наједноставното прашање: Како настанал животот??? Не велам дека религијата го решила ова прашање на убедлив начин, но науката не е ништо подобра. Барем засега.
Ооо, астрономија и квантна физика... :)
Не е дека науката нема одговор. Науката се уште нема средства за да стигне до одговорот. Но затоа постојат теории кои даваат приближна слика за она што се случува.
Особено астрономијата и квантната физика се полиња во кои секојдневно (буквално) се прават нови откритија. Многу работи не се знаеа до пред неколку години. Многу работи се откриени.
Се инвестираат доста средства за истражување (според мене малку) кои даваат огромни резултати. Телескопи во вселената, научни лаборатории на Земјата кои чинат милијарди и сл. со само една цел - да се дознае вистината, да се открие непознатото.
А религијата што? Религијата не се ни потрудува да си ја одбрани својата теорија... не знам ни дали може да се нарече така.

М, постои и теорија за тоа како настанал животот. И тоа мислам дека е прилично добро докажана.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
М, постои и теорија за тоа како настанал животот. И тоа мислам дека е прилично добро докажана.
Извини што вака ќе улетам. Која таа теорија постои (постојат повеќе) за која е докажано и со што е докажано?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom