1. Ако останев подолго ќе беше истата приказна како и секоја година, кога ме ,преобратуваат, и ме убедуваат. Напорно е веќе, и досадно.
2. Интелигенцијата нема ама никаква врска со верување/неверување. Е, начитаноста има. Ама тоа е друг муабет.
Јас мислам дека атеистите едноставно не се плашат и се способни да признаат дека нешто не знаат. Храбри се и знаат дека кога ќе умрат - само нивното дело останува зад нив, какво и да е - и толку. Нема следен живот, човекот е минорен и не е толку важен за природата во целост.
--- надополнето: Nov 10, 2011 5:35 PM ---
Па муслиманите има што да мислат за вас, нивната религија е после вашата, следствено на тоа и вас ве има во Куранот и останатите аксесорис негови, и да, има размислувања поприлично за вас... исто како што вашиот Исус (нивен Иса) им е само обичен пророк, ни б од Бог, па што мајка бараш ти да се дружиш со такви лицемери?! Хм?
Ако си психолог, тешко тие со кои работиш. Психологот (барем добриот) треба да биде ослободен од било какви стеги, ако сака да биде што е можно пообјективен и попристапен за клиентот/пациентот.
Инаку, не гледам зошто да не го кажам тоа што го кажувам, не ме прави тоа верник, и на тие што им кажувам знаат дека сум атеист. Нив им се допаѓа кога ги поздравувам од култура така - малце е глупаво да ти е роденден, јас да знам дека ти е, ама да не ти честитам. За роденден се вика ,,Среќен роденден,, за Божиќ ,,Христос се роди,, итн......
Од твој вернички аспект, можеби е погрешно да се употребува ,,името божјо напразно,,. Јас како узречица го користам, во многу напразни ситуации, каде што последно на памет ми паѓа е религија. Можам да бидам вулгарна со пријателите, и уште почесто кога нешто ме чуди им пишувам OMFG (знаеш што е тоа, нели?!). Немам проблем со тоа - не верувам - не се плашам од никакви правила и казни.
Доколку ти не би верувала.... што би, ако би.
Доколку јас би верувала, максимално би ги почитувала правилата на мојата религија. Вие, Џули, сама изјавивте дека не ги почитувате. Одете во ,,Прашања за христијанството,, и ќе ви стане појасно.
П.С. Не фарбам јајца, правам салата од нив само... навистина велигденските се најдобри оти најдолго се варат па најтврди се. Еднаш моето куче изеде преку 20, кога не бевме дома..... не беше интересно потоа