ATP тенис - општа дискусија

Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Мононуклеоза - вирусна инфекција која се пренесува преку плунката т.е најчесто преку бакнување и заразен прибор за јадење..:confused:
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.872
Поени од реакции
16.079
Познати се сите учесници на завршниот турнир во Лондон, кој ќе се одигра од 20-27 Ноември во 02 Арена.
1. Новак Ѓоковиќ
2. Рафа Надал
3. Енди Мареј
4. Роже Федерер
5. Давид Ферер
6. Томаш Бердих
7. Џо Вилфред Цонга
8. Марди Фиш
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Познати се сите учесници на завршниот турнир во Лондон, кој ќе се одигра од 20-27 Ноември во 02 Арена.
1. Новак Ѓоковиќ
2. Рафа Надал
3. Енди Мареј
4. Роже Федерер
5. Давид Ферер
6. Томаш Бердих
7. Џо Вилфред Цонга
8. Марди Фиш
Мареј или Федерер .

Надал не е силен на тврда ко на земја .
Ноле има повреда , нема да биде 100% .
Ферер игра одлично , ависи со кој ќе биде у група , очекувам полуфинале за него.
Бердих е чук , 1 победа и 2 порази очекувам за него.
Истото важи и за нигерчето Тсонга , ако не му иде сервисо , мислам дека ќе земе само 1 гејм на цел турнир , во зависност со кој е у група.
Фиш е под знак прашалник дали ќе игра , ако откаже , Типсо ќе биде негова замена.

Финале Мурај - Фед-Екс , и многу мала предност за Швајцарецот .
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.872
Поени од реакции
16.079
Прост Шкот..
Кој му дал да биди трет во Свет. :D
Мада ко ќе размислам подобро, ништо чудно ако се паднат во иста група во Лондон, да го демолира... лабилност..:oops:
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Tsonga 2 -1 Isner (3-6; 7-6; 7-6)

Епски натпревар, најдобриот на турнирот во Париз оваа година. Првиот сет Иснер успеа да направи брејк и да го земе со 6-3. Вториот сет и двата играчи одлично сервираа и сетот се решаваше во тај - брејк кој убедливо го доби Цонга со 7-1. Третиот сет беше лудила. Најпрвин Цонга имаше 3 брејк топки со ред, но Иснер успеа да ги спаси. После тоа и Иснер имаше 3 меч топки, за на крај 3от сет да оди во тај - брејк кој го доби Цонга со 7-3.

И публиката одлична, голема подршка имаше Цонга. Утре финалето, Федерер - Цонга, а после тоа следи и завршниот турнир во Лондон.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.872
Поени од реакции
16.079
Kако беше тоа.. формата е променлива, а класата е вечна .. Рожер Федерер :cuc: 79 титули во кариера, 802 победи.
Две недели поред игра најдобар тенис, 10 победи по ред, 2 титули за 2 недели..
Ќе гледаме интересен завршен турнир во Лондон.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Нека му среќа нека се потсети од кога ништо немаше зедено па овие денови искористува ситуација.:D
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.726
Поени од реакции
18.473
Сирот он, стварно искористува ситации :(



Ај сеа назад на спиење.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Петра Квитова од Чешка е прогласена за најдобра тенисерка во 2011. година во изборот на Женската тенисерска асоцијација (ВТА)..
 
С

сашенко

Гостин
Извлечени се двојките од првите дуели на купот во лондон...

На 20ти ке се играат:

AFTERNOON SESSION 12:15 PM
Федерер-Цонга

EVENING SESSION 6:15 PM
Надал-Фиш

На 21 ке се играат:

AFTERNOON SESSION 12:15 PM
Мареј-Ферер

EVENING SESSION 6:15 PM
Џокович-Бердих

Ова се најдобрите 8 годинава, па се надевам дека ке пружат добар тенис.Мислев тема да отворам посебна тема за купов ама нема потреба.Правилата отприлика ги знаете сите.У две групи се по 4ца, и секој со секого од својата група треба да игра.Првиот од групата игра со вториот од другата група.Така се формираат полуфинални двојки и најфраерите од тука идат во големото финале.Лани тоа беа Надал и Федерер кај што Роџер со одличен тенис поштено си ја зема титулата.Годинава еве го пак нешто се разигрува во овој период, ке биде голем фаворит пак, овие 2 титули по ред немора да значат ништо...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom