Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Епа нареден месец не симињај толку порничи и ке си имаш :D Мене таман ми стига, дури некад и не ги ни искористувам тие 30 гига.
јас разбрав дека имаме неограничен интернет овие 3 месеци.
 
јас разбрав дека имаме неограничен интернет овие 3 месеци.

Тоа мислам дека важи за корисниците на оптички пакети, прочитај ги последните 2-3 страни имаше дискусија за тоа како и кој добива неограничен интернет.
 
Тоа мислам дека важи за корисниците на оптички пакети, прочитај ги последните 2-3 страни имаше дискусија за тоа како и кој добива неограничен интернет.
важи за сите пакети само треба време да ве репфрлат,најдобро е да се јавите на 0800 12345 и да прашате дали може во брзо време да ве префрлат на воип, кој има спидпорт побрзо ќе биде префрлен мене ми рекоа за неколку дена.
 
Како мислиш да нe' префрлат на воип ? Јас користам воип веќе 2 години со оние комфорт пакетите па сеуште ми се немаат јавено за такво нешто.
И ова со неограничениот интернет, важи од 01.11 така ?
 
Како мислиш да нe' префрлат на воип ? Јас користам воип веќе 2 години со оние комфорт пакетите па сеуште ми се немаат јавено за такво нешто.
И ова со неограничениот интернет, важи од 01.11 така ?
така ми кажаа од техничка,промените се само во префрлувањето од аналогна телефонија на воип. промените мислам раат од кога ќе те префрлат,слободно јави се прашај си што не ти е јасно :)
 
Тешко да ме префрлат у скоро време, башка на томсон рутер сум, баш денеска снема нет и вртев на 080012345 и после 5 минути слушање мелодии конечно некој крена слушалка и си поправивме муабет :) рече за префрлањето на новата воип платформа идело постепено реонски и кога ке сум дошол на ред ќе ме обавестеле, вака неможеле да ме префрлат плус од старите рутери имам јбг ќе биде кад-тад :)
 
чекај сега да прашам
тоа неограничен 3 месеци стварно е неограничен (без да се намали брзината) оти мислам пред некоја страна видов 600 гб месечно:confused:
 
600GB за бакарни линии, 1TB за оптички.
 
Ке може ли малку повеќе инфо?Каква е таа воип платформа?3 месеци по 600 гб не се малку но што е финтата со тоа?Ке се наплаќа повеќе?Знам дека дискусија има неколку страни наназад но не е објаснето.
 
600GB за бакарни линии, 1TB за оптички.
ЛОЛ

неограничен во наводници - знаев дека вакво нешто ќе биди
пак да се мислиш шо да спушташ а да не го надминиш "неограничениот" нет
ако не вадиш блу реј тогаш таман е 1 ТБ а ако вадиш малку е
 
Значи јас имам Спеедпорт рутер и се јавив на 0800 12345 и ги прашав дали бесплатните месеци важат за сите корисници од 1.11.11 или треба да чекам да ми се јават и ми рекоа дека идело постепено и ќе ми се јавеле кога ќе го пуштат и рекоа дека ќе пуштеле барање .Утредента одма ми дојдоа и ми поврзаа се преку рутерот да иде. т.е телефонот и одма истиот ден каде што се проверува сообраќајот има
screenmjm.jpg
 
Срамота е ова. Веќе 4ти ден вртам на 080012345 и чекам по3-4 мин и никој не ми крева. Интернетот ми е срање ! На 45 мин паѓа и 10 мин немам интернет. Има некоја служба од телеком(или било каде ) да ги пријавам дека не креваат слушалка туку се на пуш пауза ? :@
 
Врти бе друже АЕК, што се умараш толку, нек му ја мислат они
 
Срамота е ова. Веќе 4ти ден вртам на 080012345 и чекам по3-4 мин и никој не ми крева. Интернетот ми е срање ! На 45 мин паѓа и 10 мин немам интернет. Има некоја служба од телеком(или било каде ) да ги пријавам дека не креваат слушалка туку се на пуш пауза ? :mad:

171 - инфоцентар на Телеком
177 - пријавување пречки и дефекти во телефонската линија
190 - веќе познато, АЕК
 
171 ме пренасочуваат на 080012345 и пак не креваат. Плус 171 до 5-6 работат :( 177 не сум се обидел. Веќе сериозно мислам да пријавам во АЕК. Нема смисла ова...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom