Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Оптика добиваат за 3месеци 1000Gb, додека бакар линиите 600Gb за 3 месеци заедно е ова.
 
Оптиката брзо ја шират да не речам експресно.Тој список на нивната страна апсолутно нема врска.Има ставено неколку локации а ги има на многу повеќе.Затоа ако ставате оптика прво пријавете се на линкот од нивната страна за да знаат дека сте заинтересирани така побрзо ќе одат во ваш правец.Пример кај мене има оптика а нема во списокот на интернет.Тој список не е ажурен.Тоа можат да ви кажат или на број од техничка подршка или во салон
 
А сега што е финтава сите ќе имаме 3 месеца неограничен или ?
 
А сега што е финтава сите ќе имаме 3 месеца неограничен или ?

Да, како што го имплементираат тој нов систем тие што ќе ги префрлат на нов систем добиваат 3 месеца гратис.

PS

http://www.plusinfo.mk/vest/21794/Makedonski-Telekom-AD-prikazha-16-otsto-poniska-neto-dobivka

Иако се најпрофитабилни конечно почнаа да губат.Тоа ми се допаѓа :)
 
Тие што имате оптички интернет (билокој пакет), ќе може ли да ми кажете каква се` опрема ви беше инсталирана за користење ?
 
Тие што имате оптички интернет (билокој пакет), ќе може ли да ми кажете каква се` опрема ви беше инсталирана за користење ?

Јас имам оптик старт пакет, ми монтираа мала оптичка кутија на зидот со еден single mode sc конектор, го поврзаа со краток печ кабел (мислам 2м) на huawei-то (црна кутија со оптички конектор, 4 мрежни порти и 2 RJ11 телефонски порти).....
 
Само мене не ми креваат телефон на080012345 ? Трети ден вртам и никако да ми кренат :@
 
се јавуваат само биди упорен, се чека многу сите сакаат гага интернет сега :)
И што треба да им кажам ако им се јавам? Да ми пуштат 3 месеци неограничен нет?
 
Јас имам оптик старт пакет, ми монтираа мала оптичка кутија на зидот со еден single mode sc конектор, го поврзаа со краток печ кабел (мислам 2м) на huawei-то (црна кутија со оптички конектор, 4 мрежни порти и 2 RJ11 телефонски порти).....

А таа оптичката кутија, дали може да се искористи т.е. дали има опција за wi-fi или мора дополнително да се поврзе рутер ?
Видов во договорот дека пишуваше: На корисникот заедно со терминалната опрема му се дава на користење рутер или HGW па ме збунија со целата таа опрема...
 
Значи тоа уредот што ми го дадоа од производителот Huawei e Optical network terminal (ONT), изгледа ко обичен мрежен switch со 4 мрежни порти, 2 телефонски и нормално еден оптички конектор, нема опција за wireless поврзување
kor_oprema02(1).jpg

. Рутерот што се спомнува во договорот e овој:
Linksys WRT54GH-EU Wireless-G Router

WRT54GHEU.jpg
 
И што треба да им кажам ако им се јавам? Да ми пуштат 3 месеци неограничен нет?[/quot
Ке прашаш дали ти се пуштени , 600-те ГБ , ако не ти се да те префрлат на новата VoIP платформа за да ти ги пуштат, по 3-4 дена ќе провериш на страната дали ти се пуштени ако не ти се пак јави им се да видат дали е довршено. Ако имаш speedport рутер побрзо е ако имаш друг ќе треба да дојдат и да ти го сменат рутерот.
 
Надминав 30 гига и ми се успори нетот,ѕвонам во Скопје не се јавуваат..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom