brakot e pred se ljubovna vrska, a pod ljubov ne se podrazbira samo seks
edno prashanje za tebe
kazi mi shto so brakovite na onie luge koi shto moraat da odsustvuvat doma poradi rabota na primer...denes ima mnogu mazi koi rabotat nadvor od nashata drzava, odat na rabota vo sosednite, ne se vrakaat doma po 6 meseci, pa i poveke... sto e so nivnite zeni...nivniot brak...
ili pak sto ke se sluci ako mazot e impotenten... bidejki spored tebe brakot e pred se seksualna zaednica, toj brak bi trebalo vednash da se rasturi...
shto se slucuva koga eden od sopruznicite ke se razboli, nedaj boze od nekoja poseriozna bolest, koja bi bila pricina za neredoven seksualen odnos ili pak go snema vo celost...
koga eden maz ke se pozali deka nema redoven seksualen odnos so svojta sopruga, treba da razmisli koga posleden pat napravil taa da se cuvstvuva kako posakuvana zena
neka se zaprasha koga posleden pat se obidel da ja osvoi...
koga posleden pat i dal kompliment, koga posleden pat ja nasmeal...
Постот ти е многу умесен и еве го моето мислење околу прашањата што ги постави:
Секако дека под љубов не се подразбира само секс, но бракот е врска меѓу една жена и еден маж и сексуалноста ( полноста ) е на прв план. Се согласувам дека под љубов, не се подразбира само сексуален однос. Постојат различни мислења што е тоа љубов. Јас го прифатив мислењето дека човек е заљубен кога мисли на саканта личност, без посебна причина, дури и ако е таа одсатна. Сите луѓе не се исти и се заљубуваат од различни причини и на различни начини ја покажуваат љубовта. За едни е најпривлечна големата убавина на партнерот, за други чудесниот секс, за трети интересните разговори со него, за четврти долгогодишното пријателството и заедничките искуства што ги имале, за пети должноста и одговорноста спрема партнерот, за шести заедничката професија и тн, постојат разни причини или комбинација на повеќе причини човек да се заљуби. Но, природната цел и смисол на тоа меѓусебно зљубување е да таа жена и тој маж имаат сексуален однос во кој ќе се зачне потомство. Тоа е природен инстикт, за продолжување на врстата.
Јас незнам на која возраст си и какво е твоето искуство, но во приодата на Човекот е да сака да створи потомство. Верувај ми кога ти си се родил, твоите Родители, посебно твојата Мајка биле многу среќни. Постојат животински врсти што го јадат сопствениот пород, но ние припаѓаме на Човечкиот род и сакаме да имаме и да одгледуваме деца.
Вистина е, во секој брак, не се раѓаат деца. Разни се причините зошто во некои бракови нема деца, но секој има право да се надева дека ќе стане родител и дека ќе биде среќен. И никој нема право, никому да му ја одземе надежта.
Ти ме прашуваш, што е со оние бракови на луѓе кои се одсатни по повеќе месеци. И во тие бракови има сексуални односи. И сега и порано, печалбарите повремено доаѓале и ја извршувале својата природна должост. И не само печалбарите, овчарите кои ги напасувале стадата во планините – летно време биле на Шар Планина, а зимно време во Солунско поле и тие повремено доаѓале. За време на Отоманската империја, секоја пролет, султаните ја собирале војската и ја воделе во војни, но во ноември војската се враќала. И денес, затворениците по затворите, на кои им се ускратени скоро сите слободи што ние ги имаме, имаат право, неколку пати месечно, да се сретнат со брачниот партнер и да имаат сексуален однос.
Што се однесува за импотенцијата, Католичката црква, дозволува развод на бракот само од четири причини од кои една е импотенцијата. Кај нас, при склучување на бракот, матичарот прашува дали сте запознаени со здравствената состојба на партнерот?
Ако некој во текот на бракот се разболи или умре – што може да се каже – за жал таква му била среќата.
Што значи, зад се крие нашиот нагон за продолжување на врстата, а тоа значи сексуален однос.
Последниот пасос на твојот пост е прекрасен и препорачувам на сите неколку пати да го прочитаат
--- надополнето: Nov 5, 2011 10:05 PM ---
И политичарите се образовани, исклучително интелигентни (хех!) и професионално реализирани до својата 35-та год. Дали тоа зборува нешто за нив како за луѓе?
Не сум размислувал за политичарите. Ајде, напиши го твоето мислење за нивниот љубовен живот.