Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Небеше взатвор едно време ?
Тој не, можда го мешаш со Ацо Фармак.Фармак отиде в затвор баш ради обид за убиство на овај, а типов преживеа со 15 куршуми во него.
Крајот на летото во Лас Америкас на кејон исто Јане и Цане пробаа да го убијат и преживеа пак.Ко некој дух е...
 
Тој не, можда го мешаш со Ацо Фармак.Фармак отиде в затвор баш ради обид за убиство на овај, а типов преживеа со 15 куршуми во него.
Крајот на летото во Лас Америкас на кејон исто Јане и Цане пробаа да го убијат и преживеа пак.Ко некој дух е...
Од ко јаде 15 куршуми мислам дека и Вељанов беше в затвор и то во Струга. Ми кажаја и дека си зборвел сам со себе во ќелијата.
 
Конечно една добра вест после редовниве бељаџии
ВО ОХРИД ЌЕ СЕ ГРАДИ УНИВЕРЗИТЕТСКИ ГРАД


Објектот на Охридската касарна, од страна на државата ќе му биде отстапен на град Охрид. Според новото урбанистичкиот план на град Охрид, на местото на касарната ќе никне универзитетски град.

20110311-ohrid-360.jpg


Како што велат надлежните на површина од 23 хектари ќе се преселат постојните универзитети, средните училишта, интернатите, ќе се изградат спортски и трговски центри,ќе има и амбуланта,а на барање на месното население, и црква.

Од секторот за урбанизам Охрид, велат дека општината нема многу да се офајди од ваквата ситација, бидејќи за сите овие објекти не се плаќаат комуналии.

Ново изградените објекти ќе бидат дадени под долгорочен закуп или на користење на министерството за образование.
 
Освен за холанѓаните, Охрид- интересна дестинација и за гостите од Белгија
icon_at_textsize.gif

hol_gosti.jpg
Светскиот тур оператор TUI за идната сезона освен гостите од Холандија, на охридското крајбрежје најавува дека ќе летуваат и туристи од Белгија.


Тур операторот TUI Холандија во соработка со превозникот Arke Fly и TUI Белгија и превозникот JetAirFly ги потпишаа договорите со хотелите во охридско – струшкиот регион за закуп на легла за 2012 година. Првиот чартер лет со гости од Холандија во Охрид се очекува на 27 април, додека првиот чартер лет на TUI Белгија ќе следува на почетокот на мај.

- Станува збор за еден од најпознатите тур оператори во светот. Половина од туристичките патувања во странство, во Белгија се реализираат токму преку TUI Белгија. Она што е особено значајно за нас е тоа што најголемиот број клиенти на овој тур оператор се добри потрошувачи, односно гости со поголема платежна способност, потенцира Миодраг Лега, директор на Туристичката агенција" Генералтурист"- Охрид, која се јавува како партнер на TUI Белгија и TUI Холандија.

Од ТА "Генералтурист" потенцираат дека интересот на операторот TUI Белгија, Охрид да го внесе во својата туристичка понуда, е резултат на позитивните впечатоци на холандските гости кои во јули и август престојуваа во Охрид преку TUI Холандија.

- Не радува фактот дека покрај холандските гости, расте интересот и кај гостите од останатите земји за запознавање со убавините на нашата земја. "Генералтурист" следната година покрај тоа што ќе преставува сервис за гостите на TUI Холандија ќе биде сервис и на гостите кои ќе пристигнат со TUI Белгија- вели менаџерот Ана Чукалевска.

Според најавите, чартер летовите од Холандија и Белгија во Охрид ќе пристигаат два пати неделно, заклучно месец октомври 2012.

OhridNews

10.11.2011 17:02

Прочитана е : 82 пати

© 2011 Ohridnews.com
 
Од каде волку памет на овој човек за вакви идеи...:confused: Секакви чуда родила Македонија

ОХРИДСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ЌЕ СТАВИ НАПЛАТНИ РАМПИ НА ВЛЕЗОТ ВО ГРАДОТ

Едно евро за влез во Охрид!

Според Петрески викендашите не трошеле ништо и си носеле храна од дома, а тие пак со станови и викендички ќе плаќале годишна такса од 100 до 200 евра, бидејќи ако имале пари да си купат имот во Охрид, ќе имаат и да плаќаат такса
Едно евро дневно за влез во Охрид. Туристите кои сакаат да го посетат нашиот најголем туристички центар за новата давачка ќе треба да платат на трите рампи кои ќе бидат поставени кај Подмолје, Косел и Пештани. Ваква е замислата на охридскиот градоначалник Александар Петрески во борбата со викенд-туристите, кои, според него, уживале во градот, а не биле големи потрошувачи.
-Ќе поставиме рампа во Подмолје, една рампа во Косел и трета рампа во Пештани и секој кој влегува во Охрид, а не живее тука, да плаќа туристичка такса. Има многу викендаши кои доаѓаат во Охрид на еден ден, а не трошат пари. Значи си носат храна од дома, зафаќаат место со автомобилите, седат на плажа, јадат и пијат од она што го донеле и ќе го остават ѓубрето кое некој треба да го крене. Тоа општината ја чини многу, ако го земеме предвид фактот не оставаат ниту еден денар тука, ниту пак купуваат нешто во продавниците, вели Петрески......
...
 
Кога ние одиме за Скопје на 100 места застануваме да плаќаме поштарина, зошто да не и Скопјаните да си плаќаат кога идаат кај нас :)....
 
Кога ние одиме за Скопје на 100 места застануваме да плаќаме поштарина, зошто да не и Скопјаните да си плаќаат кога идаат кај нас :)....
Плаќаме и ние коа идеме накај охрид патарина,кутрите вие мислевте само вие сте плаќале.Само што сеа ке иаме уште една дополнителна рампа..
 
Ahh be zagrevoj bil ovoj ACE so mu teknalo cccc, ko decana mali, ne e Lazara ova pa rampi ke staval, i taka se poslabo i poslabo sekoja godina, neka staj coek nema odi vo ohrid.
 
Плаќаме и ние коа идеме накај охрид патарина,кутрите вие мислевте само вие сте плаќале.Само што сеа ке иаме уште една дополнителна рампа..
Леле, ја па мислев само ние од Охрид што сме плаќаме...
 
Леле, ја па мислев само ние од Охрид што сме плаќаме...
Нема потреба од ваков саркастично глуп коментар..коа еве што си кажа ти
Кога ние одиме за Скопје на 100 места застануваме да плаќаме поштарина, зошто да не и Скопјаните да си плаќаат кога идаат кај нас :)....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom