Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Нема потреба од ваков саркастично глуп коментар..коа еве што си кажа ти
Па јас не реков дека вие не плаќате на тие рампи или преминит, зборот ми е дека тие пари што вие ги плаќате кога ќе идате накај Охрид или ние кога одиме накај Скопје се пари за градот Скопје, а сега со овие рампи парите што ќе ги плаќате ќе се за градот Охрид.
И на крај краева, ти сега сакаш да ми докажиш дека јас сум мислед дека Скопјани не наплаќаат на рампите а? Не бе друже сум бил 100 пати Скопје сум чекал на рампите, џабе се бламираш, т.е не ми е грижа мисли си како што ти одговара.
 
Некој ќе го ослободвет да ги демолират сите угостителски објекти по градов, а некого ќе го замарат за каиш во колата?


Последна вест: За оружениот инцидент од утрово кривично ќе одговара едно лице
icon_at_textsize.gif

pol_vn1.jpg
Уште еден тежок инцидент проследен со насилство се случи утрово во Охрид.

Како што соопшти СВР Охрид четири лица околу 4.40 часот го нарушиле јавниот ред и мир во ноќниот клуб „Наполеон“, каде кршеле шишиња и го демолирале инвентарот. Лицата вербално се заканувале на обезбедувањето на клубот, најавувајќи дека ќе се вратат со оружје, по што го напуштиле објектот. Расправијата надвор продолжила со довикување и вербални закани, а по извесно време еден од нарушителите на јавниот ред и мир се појавил со ловечка пушка. Обезбедувањето го засолнило персоналот и го затворило објектот. Предизвикувачите на инцидентот се обиделе повторно да влезат во клубот во што не успеале, по што од надвор се слушнал истрел од огнено оружје.

Непосредно потоа на местото на настанот пристигнала елкипа на полицијата која ги привела нарушителите на јавниот ред и мир. Првично полицијата сите нив ги сомничеше за извршено кривично дело, но по завршување на распитот, СВР Охрид најави дека кривична пријава ќе биде поднесена само против лицето кое употребило огнено оружје, додека другите ќе одговараат прекршочно.

Синоќешниот е трет сериозен инцидент овој месец во Охрид. Пред две недели неколку вооружени лица упаднаа во угостителски објект во центарот на градот и го опожарија, а пред два дена исто така во центарот на градот беше нападнат и претепан жител на Охрид.

И покрај зачестените инциденти, СВР Охрид безбедносната ситуација во градот ја оценува како стабилна.


OhridNews​



19.11.2011 16:06​

Прочитана е : 54 пати​




© 2011 Ohridnews.com​
 
Па јас не реков дека вие не плаќате на тие рампи или преминит, зборот ми е дека тие пари што вие ги плаќате кога ќе идате накај Охрид или ние кога одиме накај Скопје се пари за градот Скопје, а сега со овие рампи парите што ќе ги плаќате ќе се за градот Охрид.
И на крај краева, ти сега сакаш да ми докажиш дека јас сум мислед дека Скопјани не наплаќаат на рампите а? Не бе друже сум бил 100 пати Скопје сум чекал на рампите, џабе се бламираш, т.е не ми е грижа мисли си како што ти одговара.
Ама човек треба да ти нацрта изгледа..
На автопат имаш патарини,парите што се даваат на патарините идат у фонд за патишта или како и да се вика и (треба) со тие да се поправаат патиштата..Значи тие пари не идат за градот Скопје нити на градот Охрид.Идат во буџетот за изградба на патишта.
А од друга страна имаме сосема различна работа која ти ја браниш,се собираат пари за влез во град и тие пари ке идат во буџет на градот.Во Скопје нема такво нешто.Незнам дали е легално нешто вакво..не е Охрид приватно место на шупаков,нити е золошка ова па влез да се наплаќа..
 
Ама човек треба да ти нацрта изгледа..
На автопат имаш патарини,парите што се даваат на патарините идат у фонд за патишта или како и да се вика и (треба) со тие да се поправаат патиштата..Значи тие пари не идат за градот Скопје нити на градот Охрид.Идат во буџетот за изградба на патишта.
А од друга страна имаме сосема различна работа која ти ја браниш,се собираат пари за влез во град и тие пари ке идат во буџет на градот.Во Скопје нема такво нешто.Незнам дали е легално нешто вакво..не е Охрид приватно место на шупаков,нити е золошка ова па влез да се наплаќа..
Тоа општината ја чини многу, ако го земеме предвид фактот не оставаат ниту еден денар тука, ниту пак купуваат нешто во продавниците, вели Петрески......
По ова изгледа парите ќе идат за Општина, а дали е легално или не е то незнам..
И има само 1 нешто што не ми се свиѓа во неговата изјава:
Според Петрески викендашите не трошеле ништо и си носеле храна од дома, а тие пак со станови и викендички ќе плаќале годишна такса од 100 до 200 евра, бидејќи ако имале пари да си купат имот во Охрид, ќе имаат и да плаќаат такса
Тој му даваше дозволи да се гради и да се градат згради каде што е дозволено и каде што не е дозволено за сега пак се жали.. Со ова темпо ако продолжат да се градат згради, за 5-10 години на тие рампите по 10 евра од чоек ќе треба да се наплаќа зошто вистина сите изнакупија станови..
 
Сите гафови на охридскиот татко

Охрид пред поплава, Петрески во Австралија
Во март минатата година, во моменти кога на охридското крајбрежје му се закануваше поплава поради високиот водостој на езерото, градоначалникот отпатува меѓу иселениците во Австралија. Опозициската СДСМ се огради од него и потегот на Петрески го оквалификува како недозволива грешка. Петрески се врати во Македонија откако лидерот на социјалдемократите, Бранко Црвенковски, на прес-конференција го пренесе партискиот став дека градоначалникот на Охрид треба под итно да се врати во Македонија и откако македонската заедница во Австралија го прогласи за "персона нон грата".

Бумерангот на Петрески
По враќањето од Австралија Петрески на прес-конференција со бумеранг во рацете, што го донесе од земјата на кенгурите, меѓу другото, најави дека ќе бара одговорност од ЕЛЕМ, затоа што придонел да се покачи нивото на езерото.
- Фашистичките напади на институцијата - градоначалник на креаторите на последните немили случувања во Охрид ќе им се вратат како бумеранг, а против креаторите на нападите на институцијата - градоначалник ќе поднесам кривични пријави, изјави Петрески по враќањето од Австралија.

Братот на Петрески вработен во општина Охрид?!
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвини Петрески дека го вработил својот брат во општината и дека тој ќе биде поставен за претседател на комисија која треба да спроведе јавни набавки.
- Здравко Петрески, како брат на Александар Петрески, е вработен во општина Охрид токму кога градоначалник е неговиот роден брат. Врв на непотизмот. Додека илјадници граѓани чекаат единствено вработување, за семејството Петрески е оставен избор за тоа каде сакаат и кога сакаат да се вработуваат на работни места во општина Охрид, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Бесплатни липи за охриѓани
По реакциите во Охрид за преуредувањето на градот кое опфаќа и реконструкција на дел од садниците Петрески пред десетина дена изјави дека ќе им дели бесплатни липи на граѓаните на Охрид кои сакаат да ги засадат во нивните дворови.​
- Како локална власт ќе поделиме бесплатно липи за сите кои сакаат да ги засадат во своите дворови или на други парцели кои ги имаат во приватна сопственост. Ова е еден гест кон сите кои го сакаат ова дрво, да може да го имаат на своја земја, изјави Петрески.

Идиоти во општина Охрид?!
"Овде нема идиоти за да читам што ми напишале, а некои не знаат и да прочитаат, а има многу идиоти во салава", е дел од обраќање на Александар Петрески при една од седниците на општина Охрид. По реакциите за навредите на дел од советниците Петрески се оправда, мислел на техниката која некои не знаеле дури ни да ја користат но доколку некој се препознал тоа било нивни проблем.
- Кога реков идиоти и идиотчиња мислев на помагало што служи кога човек не знае да го каже она што го мисли. Му пишуваат текст и читаат од тоа. Значи реков, ве има многу идиоти, а доколку некој се препозна јас не знам, рече Петрески.

Петрески не прска против државни комарци
Локалната самоуправа на Охрид, на чие чело е градоначалникот Александар Петрески, кој е од редовите на СДСМ одбива да прска против комарци дел од крајбрежјето на езерото бидејќи тоа било во државна сопственост.
- Државата не ни дава да стопанисуваме со овој дел од крајбрежјето, па според тоа немаме намера ниту да прскаме, ниту да чистиме, рече Петрески.

Споменикот на Цар Самоил да се пресели во Охрид
Според Петревски, местото на спомен-обележјето на големиот македонски владетел му е во неговата престолнина, Охрид.
- Ете, им нудам решение за несоодветната одлука што ја донесоа тој споменик да биде во Скопје да штрчи, да смета на плоштадот во Скопје. А знаеме дека Охрид е посебно врзан со Цар Самоил, тој споменик да го поставиме на плоштадот кај Чинарот, изјави Петрески.

Ако сте гласале за ВМРО-ДПМНЕ, тие нека ви ги решаваат локалните проблеми
Изреволтиран од победата на ВМРО-ДПМНЕ во дел од населените места кои се дел од општина Охрид, Петрески на жителите им порача дека решение за локалните проблеми, наместо кај него, треба да бараат кај владеачката партија.

Бог да ги прости (Радио Охрид)
"Најпрвин поздрав до слушателите на Радио Охрид, сочувство до фамилијата на Спироски за смртниот случај. Мене, ете, ми е жал што денеска е терминот на нашето обраќање преку Радио Охрид, затоа што денеска е мртва сабота и многу од слушателите се на гробиштата, па бог да ги прости и нив".

Петрески е највисокиот одбојкар?
"Ги играв сите позиции, играв и на мрежа играв и среден играч затоа што тогаш исто така бев висок 185 метри, но имав 75 кила и бев добар одбојкар".
Едно евро за влез во Охрид
Туристите кои сакаат да го посетат нашиот најголем туристички центар за новата давачка ќе треба да платат на трите рампи кои ќе бидат поставени кај Подмолје, Косел и Пештани. Ваква е замислата на охридскиот градоначалник Александар Петрески во борбата со викенд-туристите, кои, според него, уживале во градот, а не биле големи потрошувачи. За оние пак гости кои имаат свои викенд-станови градоначалникот им предвидел годишна такса од 100 до 200 евра, во зависност од квадратурата и местоположбата.

Инспекторите - лоши по здравјето
"Секој ден овде има по тројца инспектори, дали да работиме или да се занимаваме со инспекториве. Ги малтретираат вработените како последни криминалци во оваа држава. Верувајте, неколку луѓе од општината постојано се по болници од тој притисок, денеска ќе апселе, утре ќе апселе. Тоа не е во ред".
 
Го нема овој. Во контактна емисија на една Охридска телевизија пред локални избори за првиот мандат, во дуел со Нанче (мислам дека така беше вмровецот) Петрески е број два на ливчето за гласање, а Нанче еден. И за крај што ќе им порачате на гледачите?
-Па би им порачал да излезат утре на гласање и да го заокружат бројот еден!
 
Го нема овој. Во контактна емисија на една Охридска телевизија пред локални избори за првиот мандат, во дуел со Нанче (мислам дека така беше вмровецот) Петрески е број два на ливчето за гласање, а Нанче еден. И за крај што ќе им порачате на гледачите?
-Па би им порачал да излезат утре на гласање и да го заокружат бројот еден!

Хахаха Нанче-какво крш име, кој му го ставил?
:pos::pos::pos:
 
Кладилница Џокер остана негде во градов?

Не знам да ти кажам право, мислам дека немат.
Него, сега ми текна кај ги спомна, таа главната џокер шо беше кај Јувена... абе фатив ливче таму 350 денари пред 5 години мислам, и ја затворија одма после викендот. Ги немам подигнато уште :)
:pos:
 
Не знам да ти кажам право, мислам дека немат.
Него, сега ми текна кај ги спомна, таа главната џокер шо беше кај Јувена... абе фатив ливче таму 350 денари пред 5 години мислам, и ја затворија одма после викендот. Ги немам подигнато уште :)
:pos:
И јас мислам дека немат, ама ај можит некој знајт во некоја мала можит имат..
 
„ПОЛАТ АЛЕМНДАР„ БИЛ ДОЈАВУВАЧОТ НА ЛАЗНАТА БОМБА ВО „ОБЈЕКТИВ„


Утринава било доста бурно во кафе барот „Објектив„ ,најнапред по самото отворање на кафе барот лице од Охрид физички со нож одпочнал да го напаѓа персоналот и сопственикот на кафе барот „Објектив„Од кога не успеал во својата намера да долови некој од вработените , се упатил до паркираното возило на сопственикот на кафе барот при што со помош на истиот нож ги расекол гумите на автомобилот марка „Пежо„.
Потоа лицето преку својот телефон се јавил во ПС Охрид на телефонскиот број 192, при што на дежурниот полицаец му соопштил дека во Кафе барот објектив е поставена бомба која ќе експлодира.СВР Охрид веднаш го обезбедила и презела мерки за заштита на лицата од кафе барот Објектив , и при извршените проверки било установено дека се работи за лажна дојава.
Одеќи по трагата на телефонскиот број СВР Охрид го лоцирала јавувачот истиот го привела , кој во СВР Охрид се преставил спрема нашите информации како ПОЛАТ АЛЕМДАР.Според нашите информации се работи за лице кое има здравствени проблеми ,а според нашите последни сознанија истото е префрлено во болницата во Демир Хисар.

izvor http://ohridsky.com
 
Хахаха Нанче-какво крш име, кој му го ставил?
:pos::pos::pos:
Тоа им е некој дериват од Наум-Наумче-Номче-Нанче.

се зезам
--- надополнето: Dec 1, 2011 12:10 PM ---
...како ПОЛАТ АЛЕМДАР....
Ова па ли е некој од тие турско-индијско-шпански херои?
 
Мислам дека Аце имат пробвено некој нов начин за патарини, да не е ептен апла :pos:

Стоногалки прекрија пашечка патека во Канео
icon_at_textsize.gif
Читатели на OhridNews испратија фотографии направени во Канео, укажувајќи на невообичаена појава. Како што тие велат, во доцните вечерни часови една од пашечките патеки во Канео била целосно прекриена со непознати суштества.

sl%202.JPG
sl%203.JPG
Според стручните лица станува збор за вид стоногалки кои живеат во влажна почва и се хранат со мртва органска храна. Како што тие посочуваат, масовна појава на овој вид стоногалки, кога тие во голем број можат да се забележат на површината на почвата, не е невообичаена и тоа најчесто се случува на крајот од есенскиот период, претежно во вечерните часови.

sl%201.JPG
Причините можат да бидат најразлични, велат тие, како поради нивна преголема популација, така и поради промена на почвената влага.

OhridNews
02.12.2011 08:58

Прочитана е : 1509 пати


© 2011 Ohridnews.com
И после не чинеле Охриѓани...:)
Охрид со најголем број доброволци со хумано срце
icon_at_textsize.gif
Со бројот на волонтерите во Охрид може да се гордееме и да бидеме повеќе од задоволни. Може да се пофалиме со организација, која споредено со другите во Македонија брои најголем број волонтери- над 1500 од најразлична возраст и пол, различни вештини и знаења, верска припадност. Упсехот е уште поголем ако земеме во предвид дека пред 8 години бројот бил едноцифрен, а сега е четири цифрен, вели претстедателот на општинскиот Црвен крст, Сашо Точков.

crv%202.JPG

Се она што волонтерот го дава е многу повеќе од донирање пари. Тој издвојува од своето слободно време, фамилија, професија, се со цел да им се помогне на ранливи категории луѓе.

- Тука ја гледам и глобалната дефиниција на волонтерството, како доброволно давање услуги инспирирано единствено и само од слободната волја, а не поради материјална или било каква друга корист и добивка, додава Точков.

cr%201.JPG

Во општинскиот Црвен крст волонтираат луѓе на најразлична возраст, од 7 до 77 години. Како што потенцираа од Црвениот крст, нивните врати се отворени за секој кој сака да помогне.

Во светот се евидентирани 130 милиони волонтери, што значи дека од 10 седум жители се волонтери на Црвениот крст.
2011 се одбележува како година на волонтеризмот и затоа во текот на годината се реализираа бројни активности под мотото "Пробуди го волонтерот во себе".

Кампањата привршува на 5 декември, кога централниот настан ќе се одржи во Скопје каде ќе биде отворена изложба на фотографии поврзани со волонтерството. Истиот ден во Охрид, на градскиот плоштад ќе се делат едукативни материјали за волонтерството, а ќе се одржи и забавно- културна програма.

OhridNews​



02.12.2011 09:37​

Прочитана е : 522 пати​



© 2011 Ohridnews.com​
 
Шо ќе се дешават со Парк бе? Слушам ке ја уривале.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom