Абе не го замарајте со работи со кои нема потреба да се замара освен ако не му испаднат проблеми. Башка чим не знае каде и што пипа може само проблеми да си направи.
Имам интегрирана звучна и сега ставив на PCI слот друга и ми треба малце помош како да ја најдам што модел е и како да го префрлам звукоот од интегрираната на таа на PCI слот
Ти батко, чим веќе физички си ја ставил картицата во РС (провери дали е добро легната -ама на изгаснат компјутер) едноставно да си ги инсталираш драјверите за новата картица и да ги споиш правилно каблите за звучниците, во новата карта.
Не би требало да има проблеми во 99% од случаите.
П.С. Ако немаш драјвери и не знаеш кои драјвери и каде да ги најдеш тогаш проблемот е друг... Ако е постара картицата треба малку упорност и снаодливост да ги најдеш правите драјвери, во тој случај најдобро е да побараш драјвери од таму каде што си ја земал картицата и/или да побараш помош од некој поупатен во тајните на мистичната способност наречена гуглање.