Ја пробав gt5 и стварно што им е поентата со возење на x -o или десниот аналог????? Кога го прашав на другарчево што е финтата зошто така (најголем фанбој) ми рече дека така било пореално, и дека си имал поголема контрола врз колата. Јас тоа не го сваќам така, туку премногу е глупаво а и збунивачки да возиш така. А искрено и го знам проблемот кој е
Тие долните L и R на контртолеров се толку глупаво направени што неможам да објаснам. Кога ги држиш те туркаат нагоре, раката премногу ти се замара бидејчи се трудиш да не ти се лизне прстот. (Мислам дека не сум едниствен со ваков проблем). Е сега да не возиш ти 200-300 часа играва на тие (бидејчи ќе искршиш и тв и конзола и се од нервоза) дебилите го ставиле на аналогот нанапред за гас, и наназад за кочење. Бидејќи јас имам огромни прсти тоа за мене не е изводливно, бидејќи тие се премногу блиски и палците ми се удираат еден со друг. И ми останува да возам на X и O, но не благодарам да имам O на мојот палец од држење на копчињата.
Како и да е се фалеше извадиле пач кој е 3 гига некаде (нормално треба да се плати) и овој пач има внатрешен поглед на сите коли (он таков цел радосен дека има на сите.)
http://www.ign.com/videos/2011/11/06/gran-turismo-5-spec-20-versus-forza-motorsport-4
Ставиле дебилите само една саката километража од внатре и друго се црнила
Конечно да се согласиме за нешто, значи стварно во 2012-та крај на светот!
Возењето на десниот и левиот аналог е бидејќи на PS2 немаше аналогни R2/L2, па од таму е останато и тие олд-скул Gran Turismo гејмери преферираат така, бидејќи се навикнати. Не може да се објасни на слика, ама R2 копчето кај PS3 иде надоле во дизајн, па кога ќе го стиснеш уште повеќе ти бега прстот, плус на почеток е премногу лабаво - па не ни имаш осет колку стискаш.
Ако ја проба играта на симулациско ниво, едноставно е неигрива на џојстик, бидејќи како прво гас/кочница нема доволна сензитивност, а ко второ цело време на аналогот му се случува understeer, односно не врти колата доволно. Но, ова е така бидејќи GT5 е дизајнирана примарно за волан, бидејќи за PS3 и за 50 евра можеш да најдеш одлични волани.
Од друга страна, Microsoft знаеш дека воланите за Xbox се во две категории - евтини и гола вода, како и добри, ама скапи у курац. Бидејќи нема g27 за Xbox, заглавени сме со Fanatec волани кои чинат околу 400 евра. Затоа, Turn10 ја дизајнираше Forza примарно за гејмпад, па имаш феноменален филинг на колата иако си без волан.
Е сега, има тука една црна страна - а тоа е дека играта е различна на волан. Се отвори дебата за Forza 3 дека на волан е малку подруга физиката, односно пореална, а на гејмпад се компензира - па истата трака, истата кола - побрзо ја возиш на гејмпад отколку на волан. Ама ова можеби е бидејќи си навикнат на гејмпад, а можеби и не...
Spec 2.0 модот мислам дека е бесплатен (не сум проверувал дотолку), океј е да направат силуети како cockpit за стандардниве коли на GT5, ама колку само НЕ ТРЕБАШЕ да го пуштат во иста недела со Forza 4. Значи, Spec 2.0 модот требаше да го пуштат месец-два пред Forza, бидејќи вака само се избламираа бидејќи ги споредуваа Spec 2 со Forza 4 на секој ебан вебсајт. И беше понижување за Sony и GT5...