Знаете како иде тоа во Мак фудбалот. Во младинските категории на Скопските клубови Металург, Работнички и Вардар царуваат екс играчи кои сега се тренери и сакаат да си извадат свој личен профит. Се прават компензации па не добиваат некои големи плати али после одредена опродажба тие пари се делат меѓу газдата на клубот и нив. Од овие луѓе пропаѓа фудбалот. Затоа не вадиме таленти, туку играат син му на оној, син му на овој и слично.
Мило ми е што ситуацијата во Вардар полека се решава, па овие кафанскиве тренери кои се и менаџери за странство истовремено, се префрлија по другиве клубови.
Муабетов го почнав пошто во оваа шема се поврзани и судиите.
Воглавно таканаречениве тренери и судиите постојано се по кладилници, по кафанчиња, мезат љокаат и слично. Сметките се покриени од газдите на клубовите, и после се знае за кој треба да судат судиите.
Чудно како Вардар нема "свој" судија во последниве години.
Ваљда пошто судииве не го мирисаа многу Брацо, а сега клубот нема некој доминантен сопственик, а тие што се во клубот работат професионално и не се баш запознаени со шемата.
Затоа Работнички и Металург се такви клубови. Публика нема, освен родители и квази менаџери. Работнички нема и онака навивачи, а карта за оние ретки кои го сакаат клубот е цели 150 денари...
Си тераат свои филмови и они и Металурзите...
Минчо ги има сите медиуми под своја палка и лесно го спроведува тоа што сака да го спроведе.
Не е тајна дека покрај со Минчо, челниците на Мак спорт се блиски и со челниците на Работнички. Информации збираат од кафиќите низ Дебар маало, па затоа од еден респектиран весник дојдоа на ниво на маалска трачарница...