Да Пума јасно ми е,ама зашто секогаш прашањето гласи околку тоа дали машките знаат вистински да сакаат?Зашто не се начне тема за девојките?
Машко и да сака неможе да биде расипано како девојче што може да биде
Па, одговор на ова прашање имаш 2-3 страни понапред, првото мое мислење на темава.
Ние ги учиме (не само ние - глобално) машките деца да бидат отпорни на покажување ранливост, а љубовта е дефинитивно ранливост - му даваш некому до знаење дека може да те повреди.
Прост пример, едно мало девојче паѓа и си го повредува коленото. Доаѓаат родителите, ја гушкаат и галат, и зборуваат нежно... едно мало момче паѓа и си го повредува коленото. Доаѓаат родителите и кога сфаќаат дека воопшто не е сериозно, му велат ,,не плачи машко си, срамота е,, или ,,немој да плачеш како некое девојче,,.
Машките деца ги учиме да гледаат цртани кои се вечна борба меѓу доброто и злото, и таму најчесто херојот го уништува злобниот и се вљубува во беспомошна девојка, односно, таа плаче и не знае што да прави, а тој е бестрашен и силен.
Потоа им купуваме на машките деца играчки - пушки, а на девојчињата кукли-бебиња.
Во основното училиште е нормално девојчето да заплаче ако ја повлечеш за плетенката, ама ако се степаат две момчиња не смее никој да заплаче - зошто тогаш е ,,како девојче,,.
Емотивноста е врзана за женските, а силата за машките. Не зошто така е реално - не е, машките и женските подеднакво се емотивни, или пак сурови - но едните ги учиме да ја покажуваат емотивната страна, а прикриваат ладнокрвната или пак суровата - додека другите ги учиме да ја искажуваат ладнокрвноста, а кријат емотивноста.
Така се доаѓа до заклучок дека сите девојчиња по дифолт сонуваат само за љубов и за љубов живеат, а дека сите момчиња се бесчувствителни страшила, кои само сакаат да ги искористуваат девојчињата.
Ова мение останува кај луѓето речиси целиот живот, се додека во подцнежните години едноставно не почнат да делат се - и емоции, и животни премрежја, и среќа, и тага.
А до тогаш... овие стереотипи се многу силни.
Од друга страна, токму тоа учење према девојчињата дека треба да ,,љубат,,, денес женските љубат многу пати, ама речиси секогаш - само мислат дека љубат. Многу ретко е тоа вистински љубење, зошто едноставно за нас е лесно и нормално постојано да се вљубуваме.
А бидејќи машките се учени дека емотивноста и љубовта се за женските, тие се по ,,имуни,, на срцепарателни збиднувања. Затоа машките навистина, многу поретко љубат, но кога тоа им се случува, за нив е ,,вистински,,.
А вистински е затоа што нему му е потребна многу поголема храброст, за него не е очекувано постојано да биде вљубен, всушност - тој е учен да не е така.
И оваа непропорционалност создава моменти каде што една девојка 10 пати ќе се вљуби додека најде 1 кој вистински ќе го љуби, а и тој неа. А тој пак, кога еднаш ќе се вљуби, е спосбен преку се и сешто да помине (работи кои една девојка никогаш нема да ги премолчи) затоа што смета дека чим таа еднаш била достојна за неговата наклонетост и шеги упатени на негова сметка оти бил ,,лигуш и папучар,, - епа, таа засекогаш ја заслужува таа наклонетост и љубов