Книги што сте ги прочитале и коишто ви оставиле впечаток?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
И во една друга тема ја пофалив, ама морам и тука да ја истакнам книгата... “Рингишпил“ од Јелена Бачиќ Алимпиќ. Книгата е толку преполна со емоции, и тажни и среќни, толку е болна, срце ми се кинеше додека ја читав, такви емоции во мене книга нема доооооооооооооооооооолго време пробудено. Се чувствував како јас да ја чувствувам болката и радоста и љубовта на главната хероина Ана Балинт која како девојче оди во Белград да учи да танцува, а потоа станува најславната балерина во Русија, па и во светот. Јас се уште сум под импресии, само постојано размислувам на се што и се случи и низ се што помина... тоа е едноставно...
Секоја чест за авторката, таква експлозија од емоции одамна немам видено и прочитано. Прекрасно нешто. Капа доле. Браво од мене...
 

Violent Femme

I am as lovely as a dream in stone..
Член од
27 мај 2011
Мислења
725
Поени од реакции
525
Кутија во облик на срце-Џо Хил прекрасна книга
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.404
Поени од реакции
5.961
Кутија во облик на срце-Џо Хил прекрасна книга
Гледам дека си нова, па најнапред добредојде на форумот.

Би те замолила да напишеш нешто повеќе за книгата, постови само со автор и наслов на книгата се бришат.

Со подетално образложение или анализа се надеваме дека ќе натераме некој од членовите што ќе го прочита постот да ја прочита и книгата.
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Не читам книги, само за нашкола имам прочитано 2 книги и дури не знам како се викаат, но пред 1 година од досада почнав и ја прочитав една книга и многу ми се допадна па ајде да ви се пофалам..

Забаоравениот Колосек - Глигор Поповски

Книгава највеќе ми се допаѓа заради снаодливоста на детето кое си замина од својот дома заради што имаше расипана мајка (така да ја наречам) и тешкотиите кои што ги претрпе уште како дете.
Ви ја препорачувам на сите!
 

Violent Femme

I am as lovely as a dream in stone..
Член од
27 мај 2011
Мислења
725
Поени од реакции
525
Кутија во облик на срце-Џо Хил
Џудас Којн, попознат како Џад, е хеви метал рокер кој ја користел својата музика за да се ослободи од гневот и повреденоста која го следела во животот. Сега, живеејќи го животот доста луксузно, во еден вид на полу пензионирање, има интересно хоби: собира необични работи. Под необични работи мислам на готвач за канибали, исповед на една вештерка итн. кои ги купувал со години наназад преку интернет или на аукции.

Поради тоа негово хоби не може да одолее кога му се пружи прилика да може да купи вистински дух кој доаѓа со еден стар костум кој го носел духот.
Многу подоцна Џад дознава дека аукцијата била наменета само и исклучиво само за него. Го наместиле, но веќе е доцна за повлекување!!!
Со преземањето на костумот, ии духот, почнуваат и неприликите на Џад, бидејќи духот си има подготвено многу лична одмазда. Ветува дека тој и сите негови блиски пријатели, вклучувајќи ја и неговата најнова девојка, ќе умрат!
Процесот кој следува понатаму и сè што превземал Џад за да се ослободи од одмаздата и проклетството на духот и да се спаси себеси и неговата девојка, не е ништо друго туку ни помалку ни повеќе враќање на неговата хуманост, покајување и ослободување на човечноста која ја криел длабоко во себе.
Интересен роман, кој се надевам ќе ви го привлече вниманието.:)
 
Член од
16 јули 2011
Мислења
127
Поени од реакции
104
Папата Јована, Јади, моли се и уживај, Калугерот што го продаде своето Ферари, Сара, Отворени Карти, Сликата на Доријан Греј, Нарцис и Златоуст, Името на розата...
 
Член од
12 март 2009
Мислења
77
Поени од реакции
73
На чекор од вечноста, чекор до тебе => Ана Ѓорѓовска
26 прозни дела посветени на Тошка ;)
 
S

Stivie G

Гостин
Ги издвојувам оние коишто најмногу ми се допаѓаат-странски- Хамлет, Евгениј Онегин и Чичко Горио, македонски-Парите се отепувачка, Големата вода, Пиреј, Печалбари.
 
Член од
13 мај 2009
Мислења
687
Поени од реакции
283
Сидни Шелдон - Пеколни планови
Одлично дело кое ве тера да го читате во еден здив. Има многу ситуации за кои мислите дека веднаш ги знаете виновниците и ги окривувате читајќи го делото. Но поради тоа што Шелдон е мајстор, на крајот прави успешен пресврт, така што ќе се зачудите и ќе мислите дека не е така и ќе се враќате назад низ страните за да си докажете дека крајот е нешто испомешан.. но на крај ќе ја сфатите суштината. Ви го препорачувам ова дело. :)
 
Член од
20 октомври 2011
Мислења
59
Поени од реакции
18
Папокот на светот В Андоновски иако ми е читан поодамна сепак тоа е роман кој го прочитав во еден здив

разговор со спиноза Гоце Смилевски
 
R

redhead

Гостин
Портата на кафезот - К.Хикмен,
Сликата на Доријан Греј - О.Вајлд,
Сенка на ветерот и Играта на ангелот - Зафон,
Катедралата на морето - И.Фалконес,
Папата Јована - Д.В.крос,
Пиреј и Тунел - П.М.Андреевски,
Невеста во Борџии - Џ.Калогридис,
Илјада неверојатни сонца - Х.Хосеини,
Пиндаровиот дијамант - К.Хикмен,
Парфем - П.Зискинд,
Мапа од коски и Храмот на инките - Џ.Ролинс ......................
 
Член од
22 август 2011
Мислења
326
Поени од реакции
346
Одвеано од виорот, мојата омилена:)
Ловец на змејови и Илјада неверојатни сонца од Халед Хосеини, мислам дека за нив нема потреба нешто да се каже, кој ги прочитал знае.
Дваесетата Сопруга и Празникот на розите, тука ја ставам и Под мермерно небо.
Потоа ја имам негде спомнато Американска трагедија од Драјзер, ладнокрвноста на Клајд мислам дека нема да ја заборавам никогаш.
Папата Јована исто, веќе гледам ја имаат спомнато.
Заедно од Џоди Пико, книгата ја мислев со денови откако ја прочитав, исто и Жената на патникот низ времето, а сепак слушнав многу поделени мислења за оваа книга, но тоа не го менува впечатокот кој го остави на мене.
Од Зафон ги одвојувам Сенка на ветрот и Марина, некако најмногу ми се допаднаа.
Господар на Прстените ја носев во школо и ја читав на часови од што не можев да ја оставам, а исто и трилогијата Милениум од Стиг Ларсон ми е една од омилените, поготово што си ја добив на подарок.
Серијалот Песна од лед и оган ми е исто во најомилените, чекам да го најдам последниот излезен дел.
Јулија од Ен Фортие исто ми остави впечаток, сакам такви книги со испреплетување на минато, сегашност... А тука морам да ја спомнам и Розата на Севастопол од Катерина Мекмехон. Да не ја заборавам Невестата во Борџии, а и како би можела кога ме остави бе спиење:)
Ај доста се, не ми ни текнуваат веќе вака касно.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Дваесетата Сопруга и Празникот на розите, тука ја ставам и Под мермерно небо.
Јас баш сега ја дочитав "Под мермерно небо", ама не од Инду Сундаресан туку од Џон Шорз. Тематиката е иста како на онаа од Инду Сундаресан, значи годините на градбата на Таџ Махал.
Од Инду Сундаресан ги имам читано само "Дваесеттата сопруга" и "Празникот на розите" и ми се допаднаа многу, исто и оваа од Џон Шорз. Ја препорачувам, ептен ми се допадна.
 
Член од
22 август 2011
Мислења
326
Поени од реакции
346
Под Мермерно небо и е од Џон Шорз, ама многу е слична тематиката, а некои и ја сметаат за продолжение на книгите од Инду Сундаресан, па затоа и ја сместив во истата група. Како и да е, книгата е навистина прекрасна, јас од саем си ја купив и не зажалив за тоа.
Инаку, не сум ги спомнала и Девојката на командантот и Сопругата на дипломатот од Пам Џеноф, две прекрасни книги за Евреите за време на холокаустот и животот во подоцнежните години по војната, испреплетени со љубовни приказни...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom