Кравјо..
со се го јадам обожавам сирење..
на нашево пазарче иде чат пат едно деде.. продава одлично сирење..значи негде од околината на велес.. па сеа точно каде појма неам
Јас неможам да јадам ако нема сирење.
Голем гурман сум, и за сирење си имам некој посебен вкус.
Најубаво ми е мешаното сирење од Кам, а во Македонија дефинитивно најубави се беровските жолти сирења.
Секакво јадам, ама имам истенчен вкус за сирење! Единствено козјо сирење некогаш ми има многу јак мирис. Обожавам сирење, основен прехранбен продукт ми е, а слабост ми е пресното сирење...
Фета во салата, најчесто во шопска, некако ми е убаво кога си го редам на коцки.
Инаку дома постојано има кравјо од Здравје Радово, понекогаш нарачувам од колега од Осоговско, правено домашно мешано, тоа е топ за шопска или врз помфрит.
Сирењето ми е меѓу првите топ продукти...За дома овчо исклучиво купуваме и понекогаш мешано - овчо и кравјо...А ако надвор од дома јадам сирење сеедно ми е какво е, бидејќи скоро сите ми се вкусни...А за дома само овчо купуваме на Млекара Николови најчесто...Мрсничко е...
Не јадам многу, дури и претерано малку, за разлика од сите други млечи производи.Моментално најчесто од тие ретки пати шо јадам е биено од Ѓорѓиеви - Радовиш, обично или поховано го јадам.Или од Бистра - Кичево, сите ‘модели‘.
имам роднини што живеат во берово и има познајник што прават беровско сирење и секој трет месец нарачувам една канта Беровско сирење ммммилина со сласт си јадам инаку можев секој месец да нарачам ама колку пари имам и толку месеци имам .
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.