Одлично е да се види дека Меси и Чави се во добра форма. Често се случува после одлична сезона да им падне формата на играчите од преголем замор.
Очигледно се мотивирани дури и повеќе од што мислев.
Утакмицата ја глеав колку шо можев (5 мин глеај, 10 мин спиј

). Чави, Анри и Меси беа одлични иако може да се каже дека се чуваа од повреда и бегаа од контакт.
Феноменална асистенција на Чави за вториот гол ама кога веќе ја спомнуваме неговата асистенција мислам дека и таа на Педро за 3 гол не беше ништо полоша.
Еве едно клипче да видите колку брзо Меси учи и се прилагодува на противникот.
На 2:48 уште е 1-0 за Барса.
Чави му дава на Меси топка слична како таа за вториот гол Меси ја прима ама место да шутира пробува да се ослободи од играчот до него и дрибла ама позади него има уште еден па мора да го дрибла и него и на крај шутира и го утиња голот.
Ама толку му треба на Лео. Вториот пат ни одбранбените играчи ни голманот не знае што им се деси.