Најнапред да те замолам да не ми се обраќаш со „ Вие “, бидејќи се осеќам дискриминирано. Јас сум стварно многу постар од тебе, не ги кријам своите години, меѓутоа сакам кога разговараме да бидеме рамноправни.
Ако не ти се допаѓа оваа Латинска поговорка, еве друга, која верувам ќе ти се допадне:
Мulier familie suae et caput et finis est. – Жената е и глава и крај на своето семејство.
А не гледам зошто поговорката, Mulier quae multis nubit, multis non placet, би била антифеминистичка, можеби е„ антиразводска “. Јас се спротивставувам на развод без поголема причина. Сега ќе објаснам зошто.
Еве на пример, ти си млада и си во ситуација да одбереш брачен партнер каков што ти одговара, не знам каков е твојот вкус, ама да речеме ќе одбереш некој министер во Владата, кој е млад, убав, образуван, има на располагање мерцедес со шофер и се друго, што има министер.
Меѓутоа, за неколку години тој твој избраник, сигурно ќе остари, а можеби нема да биде министер и зарем сега треба да се разведеш од него? Не само тоа, можно е да оболи, на пример доживее мозочен удар и остане неподвижен и каков би ти човек била кога би го оставила? Јас не верувам дека ти би оставила маж кој е во таква ситуација? И се нервирам, кога слушам – нема секс, нема убавина – веднаш се разведувам. Животот може ни донесе многу поголеми искушенија. Затоа сметам , дека секој кој влегува во сериозна врска треба да биде сериозен и да се однесува одговорно и да биде свесен што се може да се случи.
Што се однесува за новата слика за тебе, од првиот пост заклучив дека ти замислуваш брак без секс, сега сфатив дека не сум во право.
Ако го следеше мојот разговор со Pandemonium од денес претпладне, веројатно забележа дека дека Администраторот ни запрети дека ќе ја прекине дискусијата и несмеам многу да зборувам. Тука мислам дека погрешно ја оценуваш ситуацијата и погрешно препорачуваш развод. Се работи за една исклучително интелигентна, образувана и сестрана Личност. Самата објасни, а нема зошто да не веруваме, дека постигнала се што сакала. Самата вели дека не сака љубовници дури ни флертови. А знаеш кого сака? Таа многу го сака својот Сопруг. И ти, во таква ситуација, наивно, предлагаш развод.
Тоа што го навредува и жигосува Сопругот, не е знак дека не го сака, туку напротив сака да го промени да биде понаков, каков што и одговара. Никој не сака да промени нешто, ако тоа не му значи.
Е, тука јас не се согласувам. Луѓето треба да ги сакаме, такви какви што се. Секој човек, маж или жена е плод не само на гените, туку и на животното искуството и е единствен феномен во унивезумот и никогаш ни пред ни после, ист човек, не постоел и нема да постои. И затоа сметам дека кон секој човек треба да се однесуваме со почит и да го прифатиме таков како што е, како припадник на Човечкиот род и како наш пријател и брат.
А знаеш што е друго интересно за тие што на тој начин се заљубуваат? Ти, веројатно поради своите години не си многу искусна и не знаеш, но јас сум – таквите„ не се многу по сексот “.