Црквата Христова, во својот ерархиски дел, востановена е на Педесетница, ден недела, 50 дена по Христовото распетие, во 30-тата година од.н.е. Набрзо по Педесетница, кога Св. Ап. Петар покрсти 3(5) 000 илјади јудеи, Црквата веќе беше оформена, како заедница од свештено служители и верници/мирјани, како што е и денес. Ви текот од првиот милениум, единствената Црква го изврши своето устројство и учење.
Првите одвојувања од Црквата, настанаа некаде во 5-от век, со појавата на монофизитите, кои оформија свои Цркви, како што се: котпите, сиријците, етиопјаните, ерменците и сл. Следува шизмата од 11-от век, како поделба на до тогаш Едната Црква на Римска и Константинополска, а од ренесансот, следува појавата на проетстантизмот, кој е особено изразен во втората половина од 19-от век, а тлото од САД, од кога и потекнуваат сите денешни деноминации, кои самите себе се именуваат како „црква„, а кои имаат имиња, за кои е заеднички изразот “....исти„.
--- надополнето: Nov 4, 2011 3:58 PM ---
Молитвата која попот/свештеникот ја изразува на чинот на погребот, е молитва која свештеникот, .т.е. Црквата, ја упатува до и кон Бога. Дали Бог ќе ја послуша молитвата, упатена до Него, тоа е Негова одлука, а не само пуста желба. Тоа што дедо Ти бил комунист, тоа е само Твоја субјективна проценка, а дали бил или не бил, Бог знае најдобро. И разбојникот на крстот беше багабонт, но Христос му прости се‘ па така, прв кој влезе во Рајот не беше некој од Светиите, туку багабонтот, распнат на крстот.
--- надополнето: Nov 4, 2011 3:59 PM ---
Ахххх, пусти пари...
„Едно-две„, и Ти пак за парите, така?