1. Боже-господе постои колку што постои Боже-алах, Боже-Кришна или Боже-Маниту. Малку поневеројатно постои него Дедо Мраз, пошто во него веруваат барем една третина од популацијата на светов - децата. Како и да е, бројот на верници нема никаква врска со фактичкото постоење на некое божество. Историјата го покажала тоа во безброј наврати и заборавени божества.
2. Прикаската за „грешката“ на Ева е премногу наивна. Ако заминеш зад наивноста и убаво ја прочиташ сторијата, ќе видиш дека грешката е кај Дедо Боже, пошто (1) ги лажел Адам и Ева и (2) им се осветил за нешто што е негова вина in the first place. Да не ги лажел - да им кажел какво е тоа дрво навистина - немаше да ги читаме сега овие глупости у Книгата. Никој никогаш не се хранел со воздух и тоа, на овие години, треба да ти е јасно.
3. Денес не постојат луѓе кои живеат од сончева енергија и без храна. Ако треснеш ваква зелена у јавност од тебе ќе се побара и да го поткрепиш тоа со нешто повеќе од „рекла-казала“. Затоа, ќе треба да приложиш некаков линк-минк или цитат кој ќе те поткрепи. Инаку, целиот твој пост ќе се сведе на шпекулации, наместо на аргументи.
4. Хмм... Ако добро те разбирам, ти викаш дека библиската приказна за креацијата е метафора и дека верниците погрешно ја толкуваат метафората. Дали сум во право?
5. Како тоа се' друго му служи на човекот? Како ешерехија коли му служи? Како му служат делфините или комарците? Од каде таква препотенција да наречеш за совршено битие кое целата своја запаметена историја ја испишало со крв, пот и солзи?!? Што е тука совршено?
6. За какви факти зборуваш? Јас во целиот пост не прочитав ниту еден факт. Читав за лични ставови базирани на шпекулации - факт не пронајдов ниту еден.