Најекономично греење и ладење

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Значи кај да е ќе почне да тече вратата. Темературата од издувните гасови достигнува до 270.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.741
Поени од реакции
18.489
E да, ќе мора да најдете некое решение....
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.367
До колку степени може да издржи вратата (пвц) знае ли некој? И дали може да се оштети од оваа температура?
Практичното искуство секако доаѓа пред теоријата ама еве и малку теорија. Ова иначе се однесува за деформирање при топлина:

http://www.engineeringtoolbox.com/physical-properties-thermoplastics-d_808.html
PVC - Polyvinyl Chloride

  • strong and rigid
  • resistant to a variety of acids and bases
  • may be damaged by some solvents and chlorinated hydrocarbons
  • maximum usable temperature 140oF (60oC)
  • usable for water, gas and drainage systems
  • not useable in hot water systems
За запаливоста на материјалот:
http://www.pvc.org/en/p/pvcs-physical-properties
Fire retarding properties
PVC has inherently superior fire retarding properties due to its chlorine content, even in the absence of fire retardants. For example, the ignition temperature of PVC is as high as 455°C, and is a material with less risk for fire incidents since it is not ignited easily
Furthermore, the heat released in burning is considerably lower with PVC, when compared with those for PE and PP. PVC therefore contributes much less to spreading fire to nearby materials even while burning.

Therefore, PVC is very suitable for safety reasons in products close to people’s daily lives.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Значи кај да е ќе почне да тече вратата. Темературата од издувните гасови достигнува до 270.
270 Целизус? Навистина е ризично, може да се запали дури и хартија само по себе на таква температура. Фаренхајт 451 :) вика Бредбери, сериозно не може да се редуцираат со некоја изолација тие издувни гасови? Еве подолу линк од температурите на самозапалување на одредени материјали.

http://en.wikipedia.org/wiki/Autoignition_temperature
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.068
Поени од реакции
23.518
Значи кај да е ќе почне да тече вратата. Темературата од издувните гасови достигнува до 270.
каква печка имаш на пелети. овие на екошпар или некоја друга.
за парно или обична??
не би требало повеќе од 210 ,220 степени при максимална снага на печката, далеку од 270степени. на 250 треба самата да премини на минимум за да се олади.
инаку отрпилика далечина треба да има од запаливи материјали околу 30 сантими.
или попросто кажано колку температутрата на издувните гасови е помала а печката убаво гори, толку искористеноста на изменувачот е поголема, и обратно. колку е поголема температурата на издувните гасови толку џабе ти избегало топлина низ ќумците.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
каква печка имаш на пелети. овие на екошпар или некоја друга.
за парно или обична??
не би требало повеќе од 210 ,220 степени при максимална снага на печката, далеку од 270степени. на 250 треба самата да премини на минимум за да се олади.
инаку отрпилика далечина треба да има од запаливи материјали околу 30 сантими.
или попросто кажано колку температутрата на издувните гасови е помала а печката убаво гори, толку искористеноста на изменувачот е поголема, и обратно. колку е поголема температурата на издувните гасови толку џабе ти избегало топлина низ ќумците.
Од екошпар.
Ќумците се вградени под бетон и плочки, но сега приметив дека плочките се топли, а во нивна близина е вратата. Нема повеќе од 15см од вградените ќумци до вратата. Во тој меѓупростор има бетон но некако ми е сомнително да не се оштети вратата, бидејќи кога печката гори плочките надвор се многу жешки.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544

Многу деликатно прашање. Не е проблем дали вратата ќе се запали или дефорнира, туку што пластиката изложена на тепература побрзо ќе старее, ќе ја промени бојата и ќе ги смени механичките особини. Најдобро е да не биде изложена на температура.
Веројатно тоа сега не е можно да се избегне, бидејќи оџакот и печката веројатно не можат да се преместат. Мислам дека добро да се постави термичка изолација меѓу ѕидот и вратата. Како привремено решение предлагам да некако на вратата, како заштита, се постави подебела мокра крпа. Додека крпата е мокра, температурата ќе биде ниска.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.068
Поени од реакции
23.518
Од екошпар.
Ќумците се вградени под бетон и плочки, но сега приметив дека плочките се топли, а во нивна близина е вратата. Нема повеќе од 15см од вградените ќумци до вратата. Во тој меѓупростор има бетон но некако ми е сомнително да не се оштети вратата, бидејќи кога печката гори плочките надвор се многу жешки.
не би смеела во никој случај да ви крева толкава температура 270 степени. максимум треба да биди до 250 и после да се превентилира за да се олади. најчесто треба да се движи од 170 до 210 степени, претпоставувам знаеш како се гледа ама ако не знаеш само притискаш со задржвање на копчето за промена на температура (мислам дека беше под број 1)без притоа да притисниш на сет.
сега стварно незнам што бараат ќумците позади зидот и плочките, и дали така било или така мајсторите направиле, но кога ке дојде за чистење во година да не си видиш мака.
стварно незнам што да ти речам за загревањето пошто едно е воздушна линија , друго е бетон и плочки, но ако можеш да ја доприш со рака плочката која е најблиску до вратата тогаш не би требало да има проблем.
ако те интересира уште нешто поконкретно за печката слободно прашај, ги монтирам тука во битола.
 
Неможеш да ја допреш со рака жешка е плочката. А за температурата ќе проверам. Значи од 120 до 170 степени не би требало да се стопи вратата?
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689

Да не експериментираш, постави измеѓу вратата и плочката тервол (стаклена волна). Има два типа на таков, едниот е наменет за звучна изолација, другиот е за топлинска, мада и двата имаат добри својства. Татко ми секаде го монтира Isover Acoustic. На лимен покрив на зграда (изложен на сонце нон стоп во лето), лимот се загрева 70-80 степени. Со 10 цм тервол се обезбедува оптимална топлинска изолација + добиваат екстра звучна изолација (ко ќе врни да не ти тропа дома). Ако поставиш 20 цм дебелина, реално од едната страна ако имаш 100-150 степени, од другата ќе имаш 30-35.
 
Јас ќе поставам али треба од ново да кршам низ дома :)
Очигледно некој заборавил да стави стаклена волна, останатиот дел од цефките се изолирани со алуминиумска фолија и стаклена волна и таму нема видливи ефекти од топлината.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Јас ќе поставам али треба од ново да кршам низ дома :)
Очигледно некој заборавил да стави стаклена волна, останатиот дел од цефките се изолирани со алуминиумска фолија и стаклена волна и таму нема видливи ефекти од топлината.
Е јебига... тој шо заборајл да дојди да искрши да намести и да врати се ко шо треба, на негов трошок.

Инаку, ако неможиш да се растураш сега, можи и надворешно да ја поставиш. Мада така ќе бидиш во контакт со терволот секој ден, а пошто е камена волна - чеша и боцка дури и при најмал контакт (јас конкретно да сум во контакт појќе од 20 минути, ми предизвикува повраќање) читај не би препорачал освен ако се нема излез.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Јас ќе поставам али треба од ново да кршам низ дома :)
Очигледно некој заборавил да стави стаклена волна, останатиот дел од цефките се изолирани со алуминиумска фолија и стаклена волна и таму нема видливи ефекти од топлината.
Toa e вистиското решение, стаклена волна ( тервол ) и алуминиумска фолија. Мораш тоа да го направиш, сега или на пролет. За тоа време обиди се, привремено да ја заштитиш вратата со влажни крпи или нешто слично. Очигледно дека мајсторите заборавиле.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.068
Поени од реакции
23.518
Неможеш да ја допреш со рака жешка е плочката. А за температурата ќе проверам. Значи од 120 до 170 степени не би требало да се стопи вратата?
нормален опсег на температура на издувните гасови треба да биди од 170 до 210 плус минус сега.
ако не можеш да ја допреш плочката со рака тогаш стварно имаш проблем. рачунај што ке се случи по една сезона греење. на таа температура што се вика плочката ке падни, не пак друго. решение со влажни крпи не е решение. печката ја плати толку пари за да бидеш рајат, а не да се врткаш цело време околу неа.
види тие што ти ги монтираа ќумците нека смислат нешто. на крај краева ако несакаш се да копаш наново, нека бидат ќумците надвор од зидот како сите нормални ќумци, а не заѕидани. така ке имаш и поголемо искористување на топлината која бега низ нив, и наместо да ги топлиш плочките ке го топлиш воздухот, и нема да имаш мака со вратата или било што околу нив. за чистење на пролет да не збораме.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom