Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.917
Незнам колку сега далеку ти си ми,
што да речам освен прости ми, извини !
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.397
Поени од реакции
25.222
Научив една многу гадна работа. Што повеќе растеш, созреваш и размислуваш околу важните работи во животот, толку повеќе љубовта и сличните емоции немаат смисла. Дека се понатака е сведено на навика и личен интерес. Дека можеби ете... љубовта, онаа која ја проектираат во филмовите, и не постои. Дека тоа што го чувствувам е всушност некоја рационална љубов, кога мозокот ми наредил да ја сакам затоа што морам да се опишам себе си преку таквата љубов.

И дека, сепак, во право биле кога кажале дека животот е онаа цртичка која стои меѓу две години на надгробната плоча. Е толку краток. Баш толку кога станува збор за искористување на шансите.
Кога некој странец за 20 години ќе дојде и ќе те праша што си постигнал и што си искористил од животот, да му кажеш дека си правел работи. Дека си посегнувал по шансите макар колку и да се бесмислени.

Разговарав со мојот најдобар другар околу тоа како не се обидувам да направам нешто и тој ми раскажа една анегдота за еден наш комшија. Тој работи во една дискотека, а наспроти задниот влез од дискотеката има трговски. Во трговскиот во еден дуќан работи една многу згодна жена. Нашиов комшија ја гледа секој ден и е лудо вљубен во неа ама никогаш не се осмелува да и го каже тоа. Онака... да признае. После долго фантазирање во врска со неа, еден ден кога ја видел, си рекол во себе "Злато кој те ебе тебе нека ме ебе и мене...".
Затоа што никогаш немал мадиња да оди и да и каже нешто. Затоа што се осеќал дека е неколку класи под неа... Затоа што се задоволувал со премалку.

Пред неколку години читав една збирка на Бодлер, и имаше еден стих кој беше нешто во смисла "колку и да се нереални работите кои ги сакаш, ако тие ти помагаат да се пронајдеш себе си, тогаш вреди".
И никој не може да ми ги земе моментите кои никогаш не ни се случиле. И дека конечно ќе ти дадам некаква шанса да влезеш во мојов живот, колку тоа и да личи нереално.
Затоа што колку и да се трудам можеби нема да бидам добар. Можеби ќе си одам на сред вечер оставајќи те да спиеш сама. Затоа што не ми е битно веќе покрај која ќе легнам навечер, побитно ми е како ќе се разбудам. А ако се разбудам до тебе, тогаш тоа ќе значи дека цела моја теорија околу рационалната љубов ќе отпадне. Тоа ќе биде знак дека сум спремен да добијам карта во еден правец за Свирипичино, во било кој момент.

И не ми кажа ни едно прашање на колоквиумот иако седеше близу. Кога те прашав како е десеттото прашање, добив одговор "тоа е со 14те принципи на Фајол". Море јас да знаев кои се принципите сам ќе си ги напишев, глупа една.
Ако подразмислам, пак, на страна цело лигавење, кога ќе престанам да бидам како комшијата од дискотеката и кога ќе ти ги извам сите карти на маса што и како, има да те растурам, онака... рационално.
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Се е толку чудно, а во суштина толку природно. Толку многу сакам да почне се, подеднакво колку што и не сакам.
Ако те чувствувам толку близок во душава, тогаш зошто ми се случува бура во стомакот пред да те видам.
Ако папокот ми кажува дека единствено ти досега можеш да ми ја допреш душата, зошто те гледам повремено како обичен маж.
Свесна сум дека годините поминале со причина. И дека има причина зошто сега се почнува од почеток. И дека нема зошто да брзам, оти има причина за горното.
Ме збунуваш подеднакво колку што знаеш да ми ги прочиташ мислите. Го обожавам фактот дека ми ги читаш мислите, а ме плаши дека мислите ке ни се сретнат и дека можеби ке прочиташ уште нешто што не сакам да го видиш. Дека ми е страв дека ќе се заљубам толку многу, и на крај ке бидам многу повредена. А и дека знаеш дека ке ризикувам. Дека ти верувам без никаква причина, повеке од што си веруваш самиот. И дека свесно ке дозволам да бидам повредена, оти подобро е ти да ме повредиш, отколку јас со тоа што ке запрам сега со се. А толку многу сакам да те познавам, толку многу знам дека ќе знам одлично да те сакам, дека ке бидам сакана, ама некое глупо делче од тебе, што сега ме восхитува, тогаш, некогаш ќе ме повреди.
Ама подобро е да сакаш, и да изгубиш, отколку да не сакаш. Може претерувам, ама вредиш за болката од повредувањето.
Уште сега го гледам крајот, се лажам дека нема да го има, ама периодот помеѓу ќе го уживам со сета душа.
Ич, ама ич не сакам да завршиме. А уште не сме ни почнале.
Како е пишано, така нека биде.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Без збор си замина,
без никој да ти чуе глас,
само јас.
Без солзи останав јас,
треба да ти биде срам...



И треба да ти биде, ама не ти е. Затоа што воопшто не ти е грижа за мене. Затоа што не се замараш, затоа што во НИЕДЕН момент, во НИЕДНА секунда не ти беше важно како се чувствувам јас. Кога само на една секунда би застанал и помислил, би знаел како се чувствувам. Но, не... јас... па јас сум играчка, јас немам чувства, па затоа сметаше дека не заслужувам ни да ми кажеш збогум.

Нека ти служи на чест, се надевам барем дека си среќен и се надевам дека никогаш нема да го почувствуваш тоа што јас го чувствував периодов. Дупка во душата и празен и изгубен поглед. Се надевам дека нема да го осетиш... затоа што е неиздржливо и боли. Премногу...

Она што највеќе ме боли е што комплетно верував во твоите зборови кои очигледно не вредат ништо и се само празни зборови и ништо повеќе.

Буквално останав без солзи. Не можам ни да плачам. Солзите се знак на емоции, што јас ги немам повеќе, затоа што во мене има дупка. Сите си земаа онолку количина на емоции колку што им беше потребно, а потоа откако ќе ме исцрпеа си го вртеа грбот и си одеа... И сега јас сум таа што е празна, бесна, а не може ни да плаче, затоа што е парализирана.

Моите чувства очигледно секогаш и во секоја ситуација од мојот живот се ставаат на последно место. Некогаш, најчесто, не се ни земаат предвид.

А јас сум емоционално исцрпена, јас навистина не можам веќе да проаѓам низ истото. Постојано да доживувам дежа ву. Не можам веќе да ги поднесувам разочарувањата. Кревам раце.

Борецот кој секогаш веруваше во љубовта полека почнува да бледее, затоа што навистина веќе не може да поднесе да ја повредуваат...
 
Член од
22 март 2009
Мислења
2.356
Поени од реакции
454
Не требаше тоа вчера да се деси, али разбирам ским си такав си..па таа особа ке си се пронајде тука! И да, една порака до неа: Колку да покужава да не раздели нашата љубов е посилна од се!
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.508
Поени од реакции
5.821
Точно пред 7 години, те запознав тебе злато, уште го помнам тој ден а како да го заборавам, кога од тој ден ми се смени се:) Штом те видов се вљубив во твојата насмевка, твоите небесно сини очи, знаев дека ти си вистинскиот. Посакав да си ти тој што сака да се запознае со мене во таа дождлива есенска ноќ, и желбата ми се исполни. Судбината така сакала да се сретнеме, и покрај што не сакав таа вечер да излегувам во диско, нешто во мене ме натера да излезам. Многу сум среќна што те запознав, и што никогаш не осетив разочарување во љубовта. ТЕ САКАМ ЗЛАТО МОЕ, а тоа и самиот добро го знаеш. Само би те замолила едно нешто, немој повеќе да се сомневаш дека некогаш би те оставила поради тоа што не сум имала други пред тебе. Само тебе ТЕ САКАМ зашто знам дека си оној вистинскиот за мене. Не би те менувала ни за милион други:)
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Нема ништо против мојот став кон жените,нема ништо против тоа што секој викенд си наоѓам нов плен и ако успевам супер ако не продолжувам напред,секоја женска е заменлива,секој маж не е.Нема проблем со мојот Дон Жуанизам и задоволување на мојата романса и моите идели и за крај јас кучки гризам а реални женски ми се следни партнерки.
 

• Tαммι •

Гостин
Некој Април беше знам... не ми текнува точно на датата... ме аддна на фб и започнавме да муабетиме...Сите збореа за тебе дека си човек кој нема живот..нема цел во него, нема ништо свое ..освен дрогата и алкохолот.... Сите збореа дека си човек кој не вреди за ништо! И не ми беше сето тоа јас, зошто така!? Зошто така се збори наоколу ..ме сечеа длабоко во мене таквите зборови уште пред да те запознаам. Правевме муабет секојдневно...ми побара број зборевме на мобилен се смеевме ...стекна доверба во мене. Започнавме да се зближуваме полека и неосетно.... Некој 1ви мај беше... мојата доста драга утакмица. :) Дојдов на нашето место каде се нижеа спомени .... ме чекаше пред кафанчето ти текнува?! Се уште не знаев што треба да мислам за тебе..ми беше чудно доста различен од муабетите на луѓето....Се приближи до нас се поздравивме...отидовме на споменик таму прв пат го почувствував оној бран од емоции и љубов ...почетокот на љубовта со моето семејство. Имаше пиење во изоблиство сите беа собрани еуфоријата растеше, пиење еден тон.... Бев цела со прашалници и замислена..се со цел да допрам да дознаам зошто така се однесуваат сите со тебе кога личиш дека си толку добар..ми понудија водка, вино..одбив.. Следен момент кој го паметам е твоето шалче на мојот врат. Надвор врнеше..ни стана традиција секој викенд дожд да паѓа врз нашите насмеани лица...исполнети од следните натпревари..седевме неколку саати, купивме карти и ние заминавме..останавте вие со алкохолот...Бев на гости, некој си пријателски ручек на моите родители ми стигна порака..ајде доаѓај те чекаме треба порано да одиме :) Почнаа рацете да ми се препотуваат од помислата дека конечно ближи моментот...конечно се враќам на трибина... со трчање стигнав до дома... се облеков и така мокра во косата истрчав по дождот накај збирното место. Вие бевте веќе таму..ти со пиво во раката и веќе со доста алкохол во себе ми се насмеа :) Уште не ја сфаќав болката од тоа што се уништуваш..уште не ја чувствував...Конечно тргнавме....движевме накај сала пеевме....уживавме во моментите. Ти ме закачаше за шалчето и ми дозволи да го задржам 1 недела за мене. Почна утакмицата се беше супер..победнички и на трибина и на терен. Среќна заминав дома...утредента го исправ шалчето и ти се фалев на мсн како убаво мириса дека го обожавам дека сум пресреќна..го забележа тоа и ми рече да го задржам...тоа беше првото нешто кое го имав од она што сега ми значи живот.... доаѓаа следни утакмици....5ти мај Оној инцидент кој животот ми го скрати..оној пресуден момент кога гледав доле како те растргнуваат на сите страни... тогаш бев сигурна дека јас сум таа избраната која треба да те заштити. Јас сум таа која треба да ти го покаже правиот пат...зборувавме вечерта на интернет...првиот пат кога ми го раскажа секој твој детал од животот...ми се отвори целосно ми ги кажа сите свои слабости, маани и добри страни...се отворив и јас...веќе бев во доста неуспешна врска.... ти пишав пијана порака врати на истата (беше излезен и начукан до максимум) возеше најбрзо што можеш за што побрзо да стигнеш до мене...да бидам на сигурно. Се отрезнивме зборевме и зборевме со часови во ноќта.... си ветивме дека никогаш повеќе нема да посегнеме по пороци..ми вети дека ќе ме чуваш како сестра и ќе направиш девојка горда на себе која ќе гази цврсто по патот...ветив дека ќе ти помогнам да го најдеш патот...дека ќе ти помогнам да пребродиш се...И беше толку совршено..станавме неразделни ветувањата се исполнуваа...се до оној проклет момент кога почнавме караници секојдневно....како некое проклетство да не следеше..не знам што се случуваше.. но и после секое карање пак останувавме јас и ти заедно до крајот....По цел ден и ноќ бевме заедно...во нашиот втор дом, помеѓу нашите луѓе нашето семејство....иако немавме ништо мислеа и не сметаа за пар... веќе се уморивме од тоа да објаснуваме на луѓето па затоа оставивме да зборат што сакаат и така друго не преостануваше... се среди тој период..Јас не бев во Скопје тоа не зближи...ми наоѓаше разни работи од трибина затоа што тоа ме правеше среќна а јас за возврат ги средив оцените во школо...Бев малата послушна принцеза на бато. Лето....проклетото лето кое ме исцрпи максимално.... фрки, тепачки,караници..... лаги....што ли уште не....почна премногу заштитнички и налудничаво да се однесуваш кон мене..Довербата се губеше...исчезна поради ситница...ситница која беше сосема непотребна.... секое наредно беше само следна лага и нанесена болка...секоја следна караница ме влечеше надоле и ме затвараше во кафез од кој немаше излез....започна школска година...започнаа луѓе да се вртат околу мене...флертови глупости...почна премногу да ми поставуваш услови кои ме збунуваа.... те молев да ме олабавиш имам 17 години .........малце години за толку болни работи за кои не се каам но сепак....кога би можела би ги успорила.... карањето продолжи...јас започнав со кршење на ветувањата...лаги трупав безпотребно а ти се врати на пороците..правевме се за да се повредуваме се повеќе и повеќе...сите ветувања паднаа во вода.......сите убави моменти исчезнаа...седам во глупиов празен есенски депресивен ден и размислувам..Книгата немо чека на мене со надеж дека ќе ја фатам и ќе научам барем една лекција..Немам желба за ништо.....кога би можела да избегам некаде....некаде далеку каде ќе бидам сама со мојата болка...и сега се е изгубено..остана само страв од тебе.....и онаа тапа болка која ме убива во срцето..кога и да помислам дека всушност братот нема да ми се јави...дека ова што е направено не може да се поправи...дека се ќе остане во заборав...и го пишувам ова со цел да навраќам во случај да избледе се.... те повредив, немаше друг начин да се заштитам...и останав сама...како куче скитник без никој свој....едина утеха е она младо дете кое изгледа толку искрено ....и толку мило .....сакам да остане до мене..барем тој ..те молам Боже не ми го земај и ова нешто.....
Ги бараш сите мои работи кои некогаш си ми ги дал....ми го одзема и нештото кое последно ми остана....ја сакаш трибината..го сакаш моето семејство....не знам како ќе пребродам но ќе ти го дозволам тоа..едноставно ја нема силата за да се изборам за ова....немам веќе сила за да водам битки кои веќе се изгубени..... само јас знам како се чувствувам во себе...иако се губам сама себе....сепак, длабоко некаде знам дека ќе успеам...знам дека ќе продолжам понатака.... И ми фалиш проклето ми фалиш ...но ....нема назад и нема каење.....ова е крајот...тој е*ан проклет крај од кој се плашев.....
Секогаш твоја, мала принцеза на бато.
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
Еј немој така напразно и без причина да зборуваш дека сум клета, зошто изгледа не си се запознал вистински со женскиот клетоштилук, подобро ќе ти биде и да не знаеш, зошто кој знае кај ќе фатиш да бегаш.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Сега кога сум жив мртовец, сега кога навиката ми стана се... Сега ти текна да ми покажуваш љубов... Кога мислите ми се на друго место, кога дишам за да го слушнам неговиот глас, сега ме виде дека сум пред тебе, дека постојам... Прекасно е душо... Прекасно е веќе за нас ... Зошто ти требаше толку време да ја видиш таа што животот би го дала за тебе .. Сега животот би го дала за двајцата ... Само боли кога треба да одлучам за кој попрво ...
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.808
Поени од реакции
8.822
_____________________________________________________________________________
Баш сега најдов да си плачам сабајлечки. Баш овие денови.
Реков - нема да мислам на тебе и точка. Ама ајде, како да не мислам.
Се што се случува ме потсетува на тебе. Во се те вклучувам и тебе.
Цркни. Веднаш. Не те сакам. Ама ќе ти вратам.
Не ми требаше ти да се грижиш за мене, никој не го побара тоа.
Ич не ми е гајле што сега си ,,загрижен,,. Умри, умри, барем да знам и да не се надевам.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.648
Поени од реакции
17.527
И пак на крај знаев дека ке завршам пиешјки тука на Кајгана на форумот каде што знам дека некој ке го прочита ова па и да не го прочита ке има една мала утеха знаејќи дека не сум само јас кој пиши тука па и да сум зар ке мие гајле? И овај пат испадна како што мислев, исто. Испаднав стредство за правење на љубомора на некој си кој не го познавам а без да осетам застанав насредина и ме искористија како кукличка мала. Најлошо е кога дознав и сватив упорно мислев дека можеби овој пат ке биде нешто не знам по кој пат пробав ама ете резултат пак ист. Таква ти била среќата.... Па ако воопшто сум имал среќа немаше и овај пат така да испадне нели ? За да го користиш тој термин треба да го искусиш.

И сега после толку објаснување пробување и 'сваќање' јас уште слушам и гледам како пробваш да објасниш пред мене и упорно помагам несваќајќи дека сам се рушам до темел до последна тула. И сеуште после толку долго време немом да си одговорам зошто стално јас............
 

Kajgana Shop

На врв Bottom