На почеток и јас бев еден од оние кој веруваа дека треба да се доведе нов играч во средниот ред, но по подготовките и добриот почеток бев демантиран и верував дека со овие играчи средината изгледа топ. Сепак да не се случеше таа повреда на Клеверли можеби сега сликата ќе беше далеку поинаква имајќи во предвид дека Андо со него во средина изгледа сосема различно заразлика кога игра со некој друг по средината и можеби тоа е факторот на неконтинуираната игра на Андо. Сега повторно се враќам на почеток и сметам дека треба на зима играч од средниот ред затоа што Керик и Флечер не се тоа што беа (некој ќе ме цитира сега и ќе ми рече дека Флечер бил повреден до пред скоро и треба време да се врати во старата форма, но да бидеме реални дека помина скоро месец откако се врати од повредата и тоа е тоа од него оваа сезона).Најголема индикација за тоа е тоа што Руни мораше синоќа да игра во средината покрај здрави Керик и Флечер...Е сега дали ќе се доведе некој играч или не останува да видиме, сепак Ферги знае најдобро.