Изгледа јас како капитен на црвените треба пак да пишам за новите кои се пријавуваат да знаат зашто се или не се на список.
Местата за играње во балон во Форца се полнат прво од стандардните играчи кои беа од старт на повеќето утакмици, со тоа што секоја екипа има право да прими или одбие играч, значи нема натурање од една во друга екипа ако некој рече го сакаме овој а не оној играч, сѐ иде на доброволна база од двете екипи. Нормално би сакале ако на плавите им фали играч да земат наш стандарден наместо нов како и обратно. Ние што организиравме од почеток знаеме што мака видовме за да стигнеме до овде.
Кога има слободно место во една од овие две екипи се зема играч кој или прв се пријавил или се запишал. Се трудиме да бидеме фер према сите но во екипа од 6 играчи колку и да сакаме не можеме да примиме 20 луѓе на една утакмица, никој нема да се изнаигра. Од кај нас веќе неколку стандардни се на праг на откажување ако се продолжи со по 2 или повеќе замени. Ги сфаќам зашто идат од далеку и не им се исплати патот за 20 минути игра..
Мнозинството од црвените се договоривме да играме секогаш кога може со само една замена (не беше едногласно но имаше мнозинство) а со две само ако се МОРА. Јас понудив повремено да не играм за да ослободам место за друг стандарден ако сме премногу.
Бидејќи гледам има стално нови заинтересирани а местата се ограничени ги советувам сите што сакаат да играат зашто не организирате нова екипа, па да бидеме три или четири екипи, земете и вие фиксен термин па често ќе правиме турнири помеѓу себе.
Освен тоа секогаш можете да одредите термин и теренче и да отворите посебна тема за поспонтани утакмици, дали надвор или сала сеедно. Со други зборови БИДЕТЕ АКТИВНИ.
Ова НЕ Е МОЈ личен став туку на црвената екипа, значи мнозинството стојат позади него така да немојте на моја адреса да упатувате поплаки дека од мене зависи кој ќе игра, јас само пренесувам став на екипата.
Инаку пријавени се (од нестандардните) Гаде (одамна ми кажа да го викаме ако има место а веќе еднаш го одбивме), Вамос и Скеч.
Јас не играм оваа утакмица не ми е залечена повредата од падот но како и секогаш ќе дојдам да гледам
.
Се надевам со ова расчистив некои дилеми кои кога и зашто игра или не игра
.