- Член од
- 13 август 2008
- Мислења
- 1.145
- Поени од реакции
- 893
Милиони посетители и водичи кои ги посетиле местово, тврдат дека виделе духови како поминуваат низ ходниците на катакомбите, чудно чуство на ладност и некои кои ги придружувале групите ги стопирале посетите.Не знам за филм дали има ама има интересни видеа на You tube, a и сум начекал нешто и на Discovery. Инаку властите ги имаат запечатено сите влезови во тунелите и стого е забрането со закон да се влегува таму заради безбедност. Е сега има и алтернативни влезови кои ретко кој ги знае и така влегуваат "истражувачите". Викаат дека ако влезеш во деловите кои не се обележани на мапите нема шанси да се вратиш назад. Е сега дали е урбана легенда или гласини но понекогаш се слушале чудни (недефинирани) звуци од доле.
Поради страв исто многумина не ја завршувале својата посета. Во голем број на слики може да се видат сенки, па дури и камерите имаат снимано.
Никогаш не се препорачува да се оди сам или со луѓе кои не го познаваат патот низ катакомбите. Многу од луѓето кои на шала отишле во катакомбите, никогаш повеќе не биле видени ниту пронајдени.
На плоштадот Данфер - Рошро во Париз постои влез кој води во подземната
гробница наречена Париски Катакомби.
Овие катакомби се состојат од долги подземни ходници - остатоци од некогашните рудници, каде се сместени коските на многу покојници, пренесени овде од старите париски гробници кои се одстранети. Катакомбите се направени во реновирани делови од големата мрежа на подземни тунели кон крајот на 18 век, а станале туристичка атракција од мали размери во раниот 19 век, и се постојано отворени за јавноста од 1867 година.
Многу од црквите во Париз имале свои гробишта, но со зголемување на популацијата, се намалувал просторот за гробишта, исто така се ширеле зарази и непријатна миризба од постоечките гробишта поради несоодветното погребување и отворените масовни гробници. Затоа во 1786 година било предложено да се употребат подземните тунели останати како дел од подземните каменоломи. Почнале да се прекопуваат надземните гробишта и коските на починатите биле пренесувани во катакомбите и редени едни врз други, така што не постои начин да се знае чии се.
Најверојатно во катакомбите се наоѓаат остатоците од многу жртви на Француската Револуција како Робеспјер, Дантон, Лавоазје и други.
Како изгледа местото: