Збогум „Чичко Стоилко“ и компанија

Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.758
Поени од реакции
8.788
Ахахаах... тамам помислив дека ќе се распукаме со муабет, ти ми го почињаш вака детски.

Досаден сум, контрирам, а пак не одолеваш да ми вратиш на коментар. Абе тоа е, луѓе или ме сакаат или ептен ме сакаат. ;)

Како што неколку пати претходно напоменав, чекам да видам што ќе изгради Госпоин Госпоин Тинегз на местото на сендвичарите, доколку ги бутне.

„Чиревите во центар“... аххаха... леллеле... овде лежи сценарио за филм, али ако се распишувам ќе отидам ептен оф-топик.
--- надополнето: Oct 29, 2011 7:42 PM ---

Е тука веќе се слагаме. Кога испонаправија „шмизли“ што на никому ништо не му значат, може еден така мини споменик „Чичко Стоилко“ и пак да се чекаме таму. ;)
Јас сеуште не ја одгатнав поентата на шмизлите, ѕвончињата, бикот, џуџето, девојчето, шахистите, она чудно нешто на кеј, кога одиш накај парк.... мислам what's the point?
Иако е пренатрупан плоштадот, тие ликови значеле нешто за оваа земја.
Ама шмизлите бре?
И да, Стоилко иако мене ништо не ми значи, верувам дека за некои скопјани значи мн повеќе од шмизлине (кои се вкупно 5 - 2 кај Аце, 2 во парк и 1 кај бикот) кои не верувам дека некому нешто значат, освен на новопечените Gossip Girls.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Интересно, нема споменик на Филип V и Персеј.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Јас сеуште не ја одгатнав поентата на шмизлите, ѕвончињата, бикот, џуџето, девојчето, шахистите, она чудно нешто на кеј, кога одиш накај парк.... мислам what's the point?
Иако е пренатрупан плоштадот, тие ликови значеле нешто за оваа земја.
Ама шмизлите бре?
И да, Стоилко иако мене ништо не ми значи, верувам дека за некои скопјани значи мн повеќе од шмизлине (кои се вкупно 5 - 2 кај Аце, 2 во парк и 1 кај бикот) кои не верувам дека некому нешто значат, освен на новопечените Gossip Girls.
Поента од сите тие споменици што ги наброја имаат само шмизлите, просјакот и чистачот на кондури што се наоѓа пред „Пелистер“.Но, лоша реализација на многу фрекфентна локација.На таква локација не треба воопшто да има споменици од таков тип.Само го уништуваат изгледот на центарот на градот.Но, ајде тоа во друга тема.Второ за „Стоилко“ на крај крајава на кој не му се допаѓа нека оди да протестира.Типично македонски, сокриј се подзади монитор и тастатурата со 26 букви (според англиската азбука гледано) и бори се како вистински виртуелен херој против неправдите на власта.Ви недостасува уште паролата: „I am Himeennnnn!!!“ (онака гордо го крева мечот Ескалибур и од него одекнува невиден зрак со огромна моќ каде главниот лик мутира и онака им влегува на сите неправди борејќи се до смрт (само на интернет нормално) како што Пакман им влегуваше на топчињата, односно јадејќи се живо и диво пред себе).
Зошто ова вашево не ме асоцира на ништо друго освен на лицемерие.Да сте заинтересирани за зачувување на овој објект ќе сторевте нешто околу тоа, вака само испаѓа на крај дека поентата на виртуелнава борба ви е само на тепање поени преку допаѓања и „fuck yeah така е!“ коментари.А јас како строг поборник за тоа да нема лицемерие во општеството кое се базира на жалост на „продавање муда за бубрези“ како и „магла и еби-ветар“ мотото тоа не го дозволувам.....
Дајте ако веќе сте заинтересирани за тоа сендвичарницата каде продаваат иверица од компир да се зачува пробајте зачувајте ја со дела, а не со продавање финти........
 
T

theTinule

Гостин
Темава уште живее?
Шо им се замарате на некои си сендвичари уште не можам да си разјаснам...
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.758
Поени од реакции
8.788
Поента од сите тие споменици што ги наброја имаат само шмизлите, просјакот и чистачот на кондури што се наоѓа пред „Пелистер“.Но, лоша реализација на многу фрекфентна локација.На таква локација не треба воопшто да има споменици од таков тип.Само го уништуваат изгледот на центарот на градот.Но, ајде тоа во друга тема.Второ за „Стоилко“ на крај крајава на кој не му се допаѓа нека оди да протестира.Типично македонски, сокриј се подзади монитор и тастатурата со 26 букви (според англиската азбука гледано) и бори се како вистински виртуелен херој против неправдите на власта.Ви недостасува уште паролата: „I am Himeennnnn!!!“ (онака гордо го крева мечот Ескалибур и од него одекнува невиден зрак со огромна моќ каде главниот лик мутира и онака им влегува на сите неправди (само на интернет нормално) како што Пакман им влегуваше на топчињата, односно јадејќи се живо и диво пред себе).
Зошто ова вашево не ме асоцира на ништо друго освен на лицемерие.Да сте заинтересирани за зачувување на овој објект ќе сторевте нешто околу тоа, вака само испаѓа на крај дека поентата на виртуелнава борба ви е само на тепање поени преку допаѓања и „Fuck yeah така е!“ коментари.А јас како строг поборник за тоа да нема лицемерие во општеството кое се базира на жалост на „продавање муда за бубрези“ како и „магла и еби-ветар“ мотото тоа не го дозволувам.....
Си ме помешал малце мене.
Јас мислам дека треба да се урне Стоилко ако се прави нешто попаметно. Всушност, уво не ми чуе, затоа реков - пролупана барака никому ништо не значи - а како симбол може местото и официјално да се вика Стоилко и да си постои табла, и така сентименталноста ќе биде запазена.
Јас сум друже вегетеријанец, се од тој тип треба да го снема - ако се прашувам јас :)
 
Не те помешав, со тој дел мислев на тие кои што се приврзаници на ликот и делото на бараката „Стоилко“.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.758
Поени од реакции
8.788
Не те помешав, со тој дел мислев на тие кои што се приврзаници на ликот и делото на бараката „Стоилко“.
Скраја да е.
Јас не бранам сендвичари. Би било фино да се продава и произведува нешто здраво, па да речеме вауууу ни урнаа нешто што ни го продолжуваше животот... ама да патам по ликот и делото на прегорен зејтин... No, thank you. :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.779
Поени од реакции
12.245
Поента од сите тие споменици што ги наброја имаат само шмизлите, просјакот и чистачот на кондури што се наоѓа пред „Пелистер“.Но, лоша реализација на многу фрекфентна локација.На таква локација не треба воопшто да има споменици од таков тип.Само го уништуваат изгледот на центарот на градот.Но, ајде тоа во друга тема.Второ за „Стоилко“ на крај крајава на кој не му се допаѓа нека оди да протестира.Типично македонски, сокриј се подзади монитор и тастатурата со 26 букви (според англиската азбука гледано) и бори се како вистински виртуелен херој против неправдите на власта.Ви недостасува уште паролата: „I am Himeennnnn!!!“ (онака гордо го крева мечот Ескалибур и од него одекнува невиден зрак со огромна моќ каде главниот лик мутира и онака им влегува на сите неправди борејќи се до смрт (само на интернет нормално) како што Пакман им влегуваше на топчињата, односно јадејќи се живо и диво пред себе).........
Не се работи само за ова место и овие сендвичари. Доколку градските власти навистина сакаа да го средат градот, ќе се зафатеа со некои побитни проблеми и места кои ем се полни ѓубре, ем полни лепак и ракија. Реновирај, но не го руши или одржувај го...типичен пример споменикот на егзодусот во Жена Парк. Еве како изгледа тој запуштен споменик http://volanskopje.blogspot.com/2009/06/blog-post_06.html
жабокречина, несаглам цртежи, фонтана со посвета на Невена Георгиева Дуња без вода. Зошто постојано го занемаруваме старото или го рушиме.
Мене Капијата не ми значи ништо. Наместо трафика може го средат оној дел од Калето до Автокоманда, околу зелениот пазар, зад Макпетрол, просторот зад и околу Социјално, просторот лево од НБРМ и до Олимписки Базен, Дрво Декор. Адвокатската Улица е во катастрофална состојба.
Зошто постиравме слики од трафики во другите градови од Европа? За да се види дека сегде постојат трафики, дури и на плоштадите, дека ни Х од ХАСАП не постои во тие трафики во Европа. Како што градот реновираше некои фасади, моеше да ги реновира и тие трафики. Лесно е со Стоилко, тешко е со ЕВН.
А протести имало...каков е исходот, знаеме. Да требаше да се протестира за секое она што го пишуваме низ темите за Скопје и РМ, на луѓето немаше да им е потребен домот (освен за спиење).
 
B

Borg_Drone

Гостин
А протести имало, работата е што секогаш завршувале со информативни разговори и казни. Знаеме добро каков е исходот од тие протести (за зградите во центар дури и реакции преку градските органи)...од било кој протест резултатот е нула. Да требаше да се протестира за секое она што го пишуваме низ темите за Скопје и РМ, на луѓето немаше да им е потребен домот (освен за спиење).
Лурц пријателе, протести има и во Атина од 2009 година, има апсења уште од 2009 година па народот сеуште протестира и покрај казните.За ова другово, а што очекуваш да пишам после 20 страни наполнети за една сендвичара?Ништо, можам само да напишам дека на повеќето им значи таа барака.Во ред, ако им значи нека одат да протестираат што само даваат коментари на форум каде патем, многу помалку ќе направат за нејзиното зачувување, пишувањето по форум скоро и да нема никаков ефект, ефект ако сакате да видите ќе видите некаков ефект како кога беа протестите за името, бранителите и.т.н.И тоа не беше нај нај, но сепак имаше обид што е најважно.
И кога сме веќе кај поважните работи, ете се јави и една Велешанка од тука каде спомна нешто повеќе за нејзиниот град и топилницата која треба да се рестартира и сметам дека тоа е поважна работа од една сендвичарница, пази ни го размислувањето: за една сендвичарница 20 страни со дискуси, полемики, муабети во празно а за една топилница (која патем се заканува да уништи не само еден наш град, туку и цела флора и фауна во Вардар во тој регион) едвај некој да го изрази својот гнев.Мислам катастрофа сме биле, па знаев дека Македонија е далеку отидена во поглед на општествените норми ама до толку???Да бидеме реални, повеќето не ги боли за една топилница или за една сендвичарница.
Што се однесува до Скопје и средувањето во друга тема со задоволство би дискутирал со тебе ама не сега.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.779
Поени од реакции
12.245
Лурц пријателе, протести има и во Атина од 2009 година, има апсења уште од 2009 година па народот сеуште протестира и покрај казните..
Точно, но за протести сме праеле муабет...тие држави анархистички и слични организации ги организираат тие протести. Тука сме...малку поразлични. Но да не одам во тема за протести и различноста на амбиентите и устројството на разни организации и уредување овде и таму. За начинот на вработеност не е ниту за споменување. Инаку протести за киосците имало, но без резултати
Протест против новите киосци во Аеродром
Сопствениците не сакаат да платат 10.000 евра за изработка на нов киоск и 400 евра месечна кирија без ДДВ, оти тоа е прескапо за нив, а немаат доверба во Општината, оти им нуди договори во времетраење од само две години
Добро е да ги типизираат, но 10 илјади евра да даде трафика од заработка од смоки, сладолед, весници и цигари е малку многу. Мислам дека цените им се превисоки со оглед на тоа што за 300 евра/м2 се добива цела монтажна куќа. Уште полошо е да ги рушат како што прават со трафиките кај Чичко Стоилко. Можеше градот да помогне за кредит, да учествува во трошоците...
Многу проблеми во Скопје се ставаат под тепих за да се извадат неколку (меѓу кои и овие трафики) со очекуван бомбастичен наслов. Да ја срушат зградата на ЕВН и да ги преместат просториите (или да и ја преуредат фасадата) мислам дека воопшто немаше да има вака би рекол емотивни реакции, го грди просторот.
 
Елф

of Northern Mirkwood
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.373
Поени од реакции
148
чек чек чееек... А она книгине што се шиткаат антикварници као демек? Или оние шо шиткаат крофни во керозин натопени? И да не заборавам, циговците со лампи пропелерчиња? Да не спомнам за Пиратеријата што се продава на влез на гтц?
Исто и за нив и за сите останати во централно градско подрачје. (книги, тезгите кај кулата кај зелен пазар, цигнаите, стоилко, вили .... )
Иако има разлика помеѓу времениот на стоилко (времен ~40 години) и тезгите кои се ставаат пред новогодишните празници, тие се стварно од времен карактер после празници ги снемува.

Пак ќе повторам, стоилко е култен само за одреден процент скопјани, најверојатно генерацијата кој сега има ~40 години, за мене лично нема никакво значење.
Другите само тераат политика на форум каде истата ја нема веќе.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.758
Поени од реакции
8.788
Не се работи само за ова место и овие сендвичари. Доколку градските власти навистина сакаа да го средат градот, ќе се зафатеа со некои побитни проблеми и места кои ем се полни ѓубре, ем полни лепак и ракија. Реновирај, но не го руши или одржувај го...типичен пример споменикот на егзодусот во Жена Парк. Еве како изгледа тој запуштен споменик http://volanskopje.blogspot.com/2009/06/blog-post_06.html
жабокречина, несаглам цртежи, фонтана со посвета на Невена Георгиева Дуња без вода. Зошто постојано го занемаруваме старото или го рушиме.
Мене Капијата не ми значи ништо. Наместо трафика може го средат оној дел од Калето до Автокоманда, околу зелениот пазар, зад Макпетрол, просторот зад и околу Социјално, просторот лево од НБРМ и до Олимписки Базен, Дрво Декор. Адвокатската Улица е во катастрофална состојба.
Зошто постиравме слики од трафики во другите градови од Европа? За да се види дека сегде постојат трафики, дури и на плоштадите, дека ни Х од ХАСАП не постои во тие трафики во Европа. Како што градот реновираше некои фасади, моеше да ги реновира и тие трафики. Лесно е со Стоилко, тешко е со ЕВН.
А протести имало...каков е исходот, знаеме. Да требаше да се протестира за секое она што го пишуваме низ темите за Скопје и РМ, на луѓето немаше да им е потребен домот (освен за спиење).
За се друго се согласувам дека мора да се среди, и дека не треба да се запоставува и заборава, но Луртз, тебе капијата не ти значи ништо, ама на нашите деца, идни генерации ќе им значи, и тоа многу повеќе, од што некому значи Стоилко.
Можеме колку сакаме сите да крекаме, ама да не испоцркаа за нас многу луѓе, ние денес немаше да имаме можност да бидеме слободни луѓе (ова условно го кажувам, никој не е слободен, но јасно е што мислам), туку ќе бевме нечиј покорен народ. Затоа не гледам спорно во тоа што се гради - освен што е премногу на едно место.
 
Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
За се друго се согласувам дека мора да се среди, и дека не треба да се запоставува и заборава, но Луртз, тебе капијата не ти значи ништо, ама на нашите деца, идни генерации ќе им значи, и тоа многу повеќе, од што некому значи Стоилко.
Можеме колку сакаме сите да крекаме, ама да не испоцркаа за нас многу луѓе, ние денес немаше да имаме можност да бидеме слободни луѓе (ова условно го кажувам, никој не е слободен, но јасно е што мислам), туку ќе бевме нечиј покорен народ. Затоа не гледам спорно во тоа што се гради - освен што е премногу на едно место.
Јеа рајт, ептен ќе им значи.

Ај вака да те опитам, за тебе што симболизира капијата !?

Инаку за останатите кои сеуште велат дека не треба да се дискутира за ова толку, дечки си имате други теми за се и сешто, слободно одете таму и дискутирајте за што сакате. Да дојдеш на тема и да речеш „еј леле колку зборите за ова, не вреди толку, дај да збориме за нешто друго“ е исто ко да отидеш кај некој на гости и да се обидеш да му наметнеш за што да збори. Тотална глупост. Не се сите засегнати за исти проблеми.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom