Време е чиревите во центар да ги нема, им помина времето, луѓето ќе се преселат на друга локација ќе си продолжат да си тераат бизнис
„потпишувам со две раце“ шо вика мајка ми...
дефинитивно сите тие киосци се „чиреви“. човечката вродена инертност (во македонија доведена до перфекционизам) изроди такви небулози од типот времен објект кој стои и после 30-40 години... па „кираџиите“, прошируваа со најефтини материјали до ниво на 60 квадратен стан. после се бунат кога ги рушат, бараат отштета, се обидуваат да ја мобилизираат јавноста. смешки...
се сеќавате на цветниот пазар на плоштад. погрдо нешто не постоеше - склепана од даски и најлони. кога решија да го дислоцираат, новинарите рипнаа до небо: они ќе ги селат нашите мили цвеќарки, статусниот симбол на скопје, готово е!, скопје се разобличува, итн.
само газдата на кенан, кој што ствaрно е култен дуќан, си ќутеше и си прифати (добра воља на градот) дислокација кај железничка (која, a propos инерцијата, и после 30 години ја викаме „нова“ железничка станица)
ја сум за рушење на сите тие киосци од лапласт-струга и поставување (не секаде) нови типизирани монтажни дуќани, без право на проширување со македонските најпознати градежни материјали: L профил од отпад и „незнам колку“ микронски најлон...
ЧС, покрај тоа што не е доведен то тој екстрем, сепак е типичен претставник на ситните трговци изродени во соц-реализмот.
„Агол“ на Чичко Стоилко е топ предлог, и на Газда Владимир може да му се продае прича: култен статус, ниеден друг градоначалник не го направил тоа, симболика, ова-она.
скроз офтопик: коа сте више таму, глејте ако може, да издејствувате нешо да се вика по Милан од ЕКВ, следејќи го примерот на Зг и Бг. ЕКВ имаа жестоки следбеници во Ск и редовно го пунеа „25-ти“. за петиција Милан и ја ќе ви се придружам..
бидик друже, фала пуно што нема да ми го избришеш офтопиков, а самим тим и извини.