Тука коментираме книги

Член од
16 октомври 2011
Мислења
371
Поени од реакции
408
Чисто ради забава ја стави овде . .да гледам како се палат некои фаци . . Не треба сите да се мразат, ама оние кои ни нанесуваат зло треба да се мразат . . Не може една држава да функционира правилно ако некој од внатре намерно ја разорува . .
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.894
Поени од реакции
11.186
Незнам дали на право место пишувам но сакав да прашам некој дали ги видел овие две книги негде во нашиве книжарници во било кој превод (преферирам на српски или на англиски јазик)

Ние - од Земјатин
Храбар нов свет - од Олдос Хаксли

Благодарам, Поздрав!
 
R

redhead

Гостин
"Марина" од Зафон -> завчера ја завршив, премногу ми се допадна, исто како и двете предходни негови книги- Сенка на ветрот и Играта на ангелот. Приказната слична, мистериозна, заплеткана и на иста локација- Барселона. Раскажува за пријателството на Оскар со Марина и нејзиниот татко (додуша некоја повремено го споменува) и нивната авантура и одврзувањето на голема тајна и мисерија која била актуелна години наназад во градот. На крајот, последните 20-30 стр. ја извртуваат целата книга и сфаќање за Марина...задолжително да ссе прочита :).

п.с од книгиве на Зафон некогаш ако отидам во Барселона ги научив и барем ќе знам да ги посетам стариот театар, кафулето "Лос трес гатос", ридот Тибидабо, железничката станица "Франсија"... :).
Ах, Зафон. Ништо повеќе нема да кажам, неговите книги ме оставија без зборови.Особено Сенка на ветерот. :)
--- надополнето: Oct 28, 2011 8:02 PM ---
Ја има ли некој прочитано Историчарка од Елизабет Костова. Баш ме интересира што мислите за неа. :)
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.810
Поени од реакции
7.111
Незнам дали на право место пишувам но сакав да прашам некој дали ги видел овие две книги негде во нашиве книжарници во било кој превод (преферирам на српски или на англиски јазик)

Ние - од Земјатин
Храбар нов свет - од Олдос Хаксли

Благодарам, Поздрав!

Ние е преведена на македонски, издание на темплум. :)А за на друг јазик, не знам.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
vaka Sopenhauer rekol deka zivotot ne vredi posto na kraj zivotot ja gubi smislata,znaci toa e metafizicki pesimizam, no vredi i ima smisla dur se zivee znaci ima smisla za ednokratna upotreba. A ne sovetuval samoubistvo, nego naprotiv vikal da se vodi zdrav zivot da se pesaci da se bide vedar, no pak na kraj smrtta seto vreme na nasiot zivot go sveduva na nisto.Koga se ke pomine koga si na smrttna postela kakva smisla ima zivotot? Imal no ja izgubil vise za nisto ne si na epten stari godini. Taka da toa e toa. Sopnhauer mnogu dobro sum go svatil i znam se za nego. Jak filozof. Ne se samoubil zatoa sto ne preporacuval samoubistvo, tuku predlagal resenie koe e neostvarlivo za koe i samiot taka kazal imeno kolektivnoto samoubistvo da se napravi preku ne radjanje deca i ako site luge go napravat toa cel covecki rod ke izumre i so toa ke se spasime od stradanjeto koe e glavna karakteristika na zivotot. Pozdrav>​
Фала на одговорот :)
--- надополнето: Oct 29, 2011 9:17 AM ---
Ах, Зафон. Ништо повеќе нема да кажам, неговите книги ме оставија без зборови.Особено Сенка на ветерот. :)
--- надополнето: Oct 28, 2011 8:02 PM ---
Ја има ли некој прочитано Историчарка од Елизабет Костова. Баш ме интересира што мислите за неа. :)
Леле јас сакам да ја прочитам ама нигде не можам да ја најдам :(
 
R

redhead

Гостин
Фала на одговорот :)
--- надополнето: Oct 29, 2011 9:17 AM ---

Леле јас сакам да ја прочитам ама нигде не можам да ја најдам :(
Ако мислеше за Историчарка јас ја купив од Три и тоа на попуст беше, мислам околу 300 ден.:)
 
С

Сатори

Гостин
Ах, Зафон. Ништо повеќе нема да кажам, неговите книги ме оставија без зборови.Особено Сенка на ветерот. :)
--- надополнето: Oct 28, 2011 8:02 PM ---
Ја има ли некој прочитано Историчарка од Елизабет Костова. Баш ме интересира што мислите за неа. :)
Историчарка според мене има забавна тематика, доста модерна, книгата изобилува со одлично смислена фикција и иако делува како Ден Браун стил, не е толку лоша за да потроши време на неа затоа што има нишки на интригантност и мистицизам и стилот не е воопшто лош.
За оние кои што сакаат вакви типови на романи, комбинација на трилер со историја, одлична книга.
Јас лично се забавував, ама не сметам дека има некоја уметничка вредност.
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
може и да не е баш за тука ова ама како и да е дали некој знае за книгата што сеа скоро излезе а се работи за марсејскиот атентат (владо черноземски го убива српскиот крал) ?? имаше некоја промоција во велес и ја случајно на телевизија слушнав за ова имаше реклама ..
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Книгата Крив правец 2 од Дитас, само што ја завршив со читање...
Тематиката е интересна и интригантна, но не ми се свиѓа стилот на писателот...Употребува многу вулгарни реченици и во најмала рака гнасни...
Се прашувам само од каде доби инспирација за да ги напише двата дела на Крив правец? Дали има нешто вистинито во сите тие приказни и сплетки, во кои се поврзани ликови кои биле влијателни во минатото(од министри, па се до јаки бизнисмени...) ?
Во воведниот дел пишува дека Сашо Мијалков дал финасиска помош за книгата...
 

YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.781
Поени од реакции
1.973
The Pillars of the Earth - Ken Follett

Одлична книга. Дејствието се одвива во средновековна Англија, доста е испреплетено со предавства, одмазди, борба за тронот на англија и сите тие валкани работи што излегуваат на површина кога ќе дојде моќта до прашање. Кога ќе почнете да ја читате буквално во лепи за столица.
 
Член од
22 јуни 2008
Мислења
725
Поени од реакции
218

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Ми треба име на една книга и писател.
Ја обработувавме во средно, мала е книгата. Содржи десетина приказни со мистерии.
Памтам една од приказните беше со сликар, една имаше со некој дух на пијано, имаше една за некоја девојка во бело...
Мислам и дека Мистерии и беше името, ама не сум сигурна.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Историчарка според мене има забавна тематика, доста модерна, книгата изобилува со одлично смислена фикција и иако делува како Ден Браун стил, не е толку лоша за да потроши време на неа затоа што има нишки на интригантност и мистицизам и стилот не е воопшто лош.
За оние кои што сакаат вакви типови на романи, комбинација на трилер со историја, одлична книга.
Јас лично се забавував, ама не сметам дека има некоја уметничка вредност.
Каде можам да ја најдам книгата? Ова Ден Браун стил ме заинтригира. Особено што се работи за македонски автор.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Ми треба име на една книга и писател.
Ја обработувавме во средно, мала е книгата. Содржи десетина приказни со мистерии.
Памтам една од приказните беше со сликар, една имаше со некој дух на пијано, имаше една за некоја девојка во бело...
Мислам и дека Мистерии и беше името, ама не сум сигурна.
Ова ме потсети на приказните на Хофман, кои ги обработувавме во 3та год. во делот романтизам. Не знам дали мислиш на нив.
--- надополнето: 18 декември 2011 во 18:08 ---
Каде можам да ја најдам книгата? Ова Ден Браун стил ме заинтригира. Особено што се работи за македонски автор.
Автор на книгата е Елизабет Костова и не е македонка туку американка омажена за бугарин. Книгата ја има во сите книжарници :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom