G
Gray Foxx
Гостин
Намерно ви праат бе, ви рушат се мило, за да пукнете од фрустрации, од немоќ, рушат една цела ера и создаваат нова, а во нејзе вие се осеќате као странци. Бед...
Секој времен објект може да биде дислоциран кога општината ќе го посака тоа. Затоа е времен. Без разлика каков договор потпишале. Доколку не се вцртани во урбанистички план, а не се, можат да бидат дислоцирани. Инаку, убеден сум дека нема ова да биде крај за Чичко Стоилко. Ќе изнајмат некоја продавница брзо. Слично на Вили спроти Архитектонски.Имаш црно на бело да се види или од рекла-казала муабетов. Плус, сендвичарите се таму добри 20тина години (може и јаче) и којзнае каков договор потпишале тоа време.
Јас се надевам дека и оние кои се бореа за нашиот народ, за негово вклучување во Југославија, ќе си ги добијат заслугите.Ајде барем малку почит кон тие што ги загубија животите за МАКЕДОНСКА ДРЖАВА во периодот за втората светска војна оти не се бореа залудно бидејќи тогаш се оформи Македонија како држава,Македонскиот народ беше признат и рамноправен со останатите имаше права на јазик,писмо и малку подобар стандард а претходно беше бановина српска со јужносрбијанци,мислам дека треба малку почит кон тие борци.
И политичариве ни велат дека сме сиромашни(па субвенции,станови лоботомија) а овде фрлаат народни пари во булшит.
Нели ЕКОНОМИЈАТА беше Приоритет и подобрувањето на животниот Стандард м??
Поштеди ме жити се.
Убаво напишав-Историјата е жртва на СИЛУВАЊЕ и злоупотреба и да ги додадам НОВИТЕ "ХЕРОИ" Александров и михајлов добро познати како тероризирачи на македонскиот народ и.т.н
--- надополнето: Oct 27, 2011 10:25 PM ---
Треба уште да создадеме историја-не заборавајте кумановско и тетовско се со споменици од терористи поддржано од В на Р.М и тоа е градење историја точка.
Имаме историја - од Аце до Ченто. Од антика до словенизација. Огромен дел од нашата истотија претставува ропство. Не гледам зошто тоа би го негирале, зошто е тоа спорно? Дали треба да ги избришеме тие 5 века и пу-пу не важи? Напротив, треба да се учат новите генерации, сето она што нас пропуштија да ни го кажат во школо.Дали тоа значи дека во голем дел немаме историја (делот со “вековното ропство“)? Или во тој дел позајмуваме историја од оние што победувале (и не поробувале)? Патем, градиме историја правејќи споменици за историјата (така некако ми излегува логиката)?
Но, точно е дека новоградбиве ќе влезат во историјата еден ден. Да речеме, исто како што и бункерите на Енвер Хоџа се дел од историјата - отприлика тоа е цивилизациско-културното ниво.
Многу мразам кога урбано и култно место како Стоилко се користи за политичка пропаганда, а многу мразам и кога нешто се руши во Скопјево наместо да се гради и на тоа може да се ситат само умоболни и деструктивни особи.Имаме историја - од Аце до Ченто. Од антика до словенизација.
Па нели сме независна држава, чуму огномети рокавме пред два месеца, што па Америка сега?Инаку, В на РМ МОРА да ги остава УЧК да си градат споменици. Не затоа што тоа го сака. ТУКУ ЗОШТО ЌЕ БЕВМЕ СРБИЈА-КОСОВО втор дел. И во овој муабет не станува збор за нашите желби како граѓани, за желбите на нашата В, туку за желбите на Америка, која ако сака, Аце ќе го тргне и Буш ќе го стави.
Толку од мене, во овој муабет, со тебе. Што имав да кажам, кажав.
Каква врска има Стоилко со некаква пропаганда???Многу мразам кога урбано и култно место како Стоилко се користи за политичка пропаганда, а многу мразам и кога нешто се руши во Скопјево наместо да се гради и на тоа може да се ситат само умоболни и деструктивни особи.
Ај ќе се насмевнам само, оти ќе одиме офтопик... ако ова сериозно го мислиш.... нема лек.Па нели сме независна држава, чуму огномети рокавме пред два месеца, што па Америка сега?
Па нели приметуваш дека секој втор збор ти е урнаа, уриваат, рушат.Каква врска има Стоилко со некаква пропаганда???
Исти такви како него урнаа стотици низ Скопје, зошто се ОБЕЈКТИ ОД ВРЕМЕН КАРАКТЕР.
Мене ми е криво бе за Боними до Соборна, па го урнаа.
Еден убав сончев ден ќе ја урнат и Универзална, која е бугарска донација ОД ВРЕМЕН КАРАКТЕР.
Е тоа што ја имаме десетлетија наназад, не ја прави трајна, кога ќе се почне со изградба на нова, таа ќе оди - во чао пријатно.
[
Да де, урнаа се што е непотребно.Па нели приметуваш дека секој втор збор ти е урнаа, уриваат, рушат.
Има ли нешто во оваа држава паметно што изградија досега?
Ова е планирано и откако ќе завршат со зградите на центар ќе ја урнат и ќе изградат нова, поголема концертна сала. Веројатно и тогаш некој ќе обвинува за рушење на духот на Скопје.Еден убав сончев ден ќе ја урнат и Универзална, која е бугарска донација ОД ВРЕМЕН КАРАКТЕР.
Знам дека е планирано.Ова е планирано и откако ќе завршат со зградите на центар ќе ја урнат и ќе изградат нова, поголема концертна сала. Веројатно и тогаш некој ќе обвинува за рушење на духот на Скопје.
Mислам дека треба само да ја реновираатОва е планирано и откако ќе завршат со зградите на центар ќе ја урнат и ќе изградат нова, поголема концертна сала. Веројатно и тогаш некој ќе обвинува за рушење на духот на Скопје.
Паметно би било да ја прекинам дискусијата. И ја прекинувам. Крај.Да де, урнаа се што е непотребно.
Има, како нема, Арена Филип 2, реконструкција на неколку болници, парк кај мене во населба, парк во Аеродром (кој беше пустош пред тоа, а ова кај мене змијарник (сериозно змии искачаа)), се среди кејот, повеќе значајни раскрсници во Скопје (ќе ги споменам само кружните текови кај Католичка и кај Саем), во Тетово нова болница и нова зграда за универзитетот, модернизација на Економски факултет, модернизација со нова опрема на некој сектори во здравство, полнење и одржување на Дојранско езеро и средување на неговите плажи... Исто така, морам да го пофалам канибалот Заев за Струмица, заличе на град, иако струмичани тврдат дека ги крадел, колку е тоа вистина не знам, знам дека приметувам разлики во градот.
Има уште, на што моментално не ми текнува.
А од естетски дел, ми се допаѓа 2014. А за вкусови не се расправа, нели, посебно кога на мнозинството му се допаѓа, што може да се забележи на свеченото отворање на фонтаната.