Збогум „Чичко Стоилко“ и компанија

Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Имаш црно на бело да се види или од рекла-казала муабетов. Плус, сендвичарите се таму добри 20тина години (може и јаче) и којзнае каков договор потпишале тоа време.
Секој времен објект може да биде дислоциран кога општината ќе го посака тоа. Затоа е времен. Без разлика каков договор потпишале. Доколку не се вцртани во урбанистички план, а не се, можат да бидат дислоцирани. Инаку, убеден сум дека нема ова да биде крај за Чичко Стоилко. Ќе изнајмат некоја продавница брзо. Слично на Вили спроти Архитектонски.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.758
Поени од реакции
8.788
Ајде барем малку почит кон тие што ги загубија животите за МАКЕДОНСКА ДРЖАВА во периодот за втората светска војна оти не се бореа залудно бидејќи тогаш се оформи Македонија како држава,Македонскиот народ беше признат и рамноправен со останатите имаше права на јазик,писмо и малку подобар стандард а претходно беше бановина српска со јужносрбијанци,мислам дека треба малку почит кон тие борци.

И политичариве ни велат дека сме сиромашни(па субвенции,станови лоботомија) а овде фрлаат народни пари во булшит.

Нели ЕКОНОМИЈАТА беше Приоритет и подобрувањето на животниот Стандард м??

Поштеди ме жити се.

Убаво напишав-Историјата е жртва на СИЛУВАЊЕ и злоупотреба и да ги додадам НОВИТЕ "ХЕРОИ" Александров и михајлов добро познати како тероризирачи на македонскиот народ и.т.н
--- надополнето: Oct 27, 2011 10:25 PM ---

Треба уште да создадеме историја-не заборавајте кумановско и тетовско се со споменици од терористи поддржано од В на Р.М и тоа е градење историја точка.
Јас се надевам дека и оние кои се бореа за нашиот народ, за негово вклучување во Југославија, ќе си ги добијат заслугите.
НО прв пат самостојна, независна и слободна земја станавме на 8.9.91 кога ОВОЈ НАРОД НА РЕФЕРЕНДУМ го побара и доби тоа.

Јас кога гласав, знаев за што гласам. И за СК-2014, и за се друго во агендата. Верувам дека не сите, но повеќето од луѓето ја прочитале. Ако мнозинството се согласува со нешто, има право да го добие истото.

Инаку, В на РМ МОРА да ги остава УЧК да си градат споменици. Не затоа што тоа го сака. ТУКУ ЗОШТО ЌЕ БЕВМЕ СРБИЈА-КОСОВО втор дел. И во овој муабет не станува збор за нашите желби како граѓани, за желбите на нашата В, туку за желбите на Америка, која ако сака, Аце ќе го тргне и Буш ќе го стави.
Толку од мене, во овој муабет, со тебе. Што имав да кажам, кажав.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.758
Поени од реакции
8.788
Дали тоа значи дека во голем дел немаме историја (делот со “вековното ропство“)? Или во тој дел позајмуваме историја од оние што победувале (и не поробувале)? Патем, градиме историја правејќи споменици за историјата (така некако ми излегува логиката)?

Но, точно е дека новоградбиве ќе влезат во историјата еден ден. Да речеме, исто како што и бункерите на Енвер Хоџа се дел од историјата - отприлика тоа е цивилизациско-културното ниво.
Имаме историја - од Аце до Ченто. Од антика до словенизација. Огромен дел од нашата истотија претставува ропство. Не гледам зошто тоа би го негирале, зошто е тоа спорно? Дали треба да ги избришеме тие 5 века и пу-пу не важи? Напротив, треба да се учат новите генерации, сето она што нас пропуштија да ни го кажат во школо.
Токму тоа ропство, ни кажува за нашиот непокор.
Зошто гледате само за денес? Зошто не сте воопшто визионери? Ние сме генерации кои живеат во слободна Македонија, оние на кои им се подига споменик, да не беа, да не зборуваа и да не гинеа за македонштината, ние денес ќе бевме Срби или Бугари, поделени во три држави.
 
Член од
11 септември 2011
Мислења
358
Поени од реакции
608
Имаме историја - од Аце до Ченто. Од антика до словенизација.
Многу мразам кога урбано и култно место како Стоилко се користи за политичка пропаганда, а многу мразам и кога нешто се руши во Скопјево наместо да се гради и на тоа може да се ситат само умоболни и деструктивни особи.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Инаку, В на РМ МОРА да ги остава УЧК да си градат споменици. Не затоа што тоа го сака. ТУКУ ЗОШТО ЌЕ БЕВМЕ СРБИЈА-КОСОВО втор дел. И во овој муабет не станува збор за нашите желби како граѓани, за желбите на нашата В, туку за желбите на Америка, која ако сака, Аце ќе го тргне и Буш ќе го стави.
Толку од мене, во овој муабет, со тебе. Што имав да кажам, кажав.
Па нели сме независна држава, чуму огномети рокавме пред два месеца, што па Америка сега? :D
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.758
Поени од реакции
8.788
Многу мразам кога урбано и култно место како Стоилко се користи за политичка пропаганда, а многу мразам и кога нешто се руши во Скопјево наместо да се гради и на тоа може да се ситат само умоболни и деструктивни особи.
Каква врска има Стоилко со некаква пропаганда???
Исти такви како него урнаа стотици низ Скопје, зошто се ОБЕЈКТИ ОД ВРЕМЕН КАРАКТЕР.
Мене ми е криво бе за Боними до Соборна, па го урнаа.
Еден убав сончев ден ќе ја урнат и Универзална, која е бугарска донација ОД ВРЕМЕН КАРАКТЕР.
Е тоа што ја имаме десетлетија наназад, не ја прави трајна, кога ќе се почне со изградба на нова, таа ќе оди - во чао пријатно.
--- надополнето: Oct 28, 2011 12:00 AM ---
Па нели сме независна држава, чуму огномети рокавме пред два месеца, што па Америка сега? :D
Ај ќе се насмевнам само, оти ќе одиме офтопик... ако ова сериозно го мислиш.... нема лек.
Насмевката :)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Не го мислам, туку огнометите околу мене пред два месеца пропагираа на сето тоа. Сите знаеме дека сме зависни како алкохоличари од ракија од големите сили, само беше продавана демагогија како што пишав. Богами уште само смеењето ни остана, се почнаа да рушат.
 
Член од
11 септември 2011
Мислења
358
Поени од реакции
608
Каква врска има Стоилко со некаква пропаганда???
Исти такви како него урнаа стотици низ Скопје, зошто се ОБЕЈКТИ ОД ВРЕМЕН КАРАКТЕР.
Мене ми е криво бе за Боними до Соборна, па го урнаа.
Еден убав сончев ден ќе ја урнат и Универзална, која е бугарска донација ОД ВРЕМЕН КАРАКТЕР.
Е тоа што ја имаме десетлетија наназад, не ја прави трајна, кога ќе се почне со изградба на нова, таа ќе оди - во чао пријатно.
[
Па нели приметуваш дека секој втор збор ти е урнаа, уриваат, рушат.
Има ли нешто во оваа држава паметно што изградија досега?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.758
Поени од реакции
8.788
Па нели приметуваш дека секој втор збор ти е урнаа, уриваат, рушат.
Има ли нешто во оваа држава паметно што изградија досега?
Да де, урнаа се што е непотребно.
Има, како нема, Арена Филип 2, реконструкција на неколку болници, парк кај мене во населба, парк во Аеродром (кој беше пустош пред тоа, а ова кај мене змијарник (сериозно змии искачаа)), се среди кејот, повеќе значајни раскрсници во Скопје (ќе ги споменам само кружните текови кај Католичка и кај Саем), во Тетово нова болница и нова зграда за универзитетот, модернизација на Економски факултет, модернизација со нова опрема на некој сектори во здравство, полнење и одржување на Дојранско езеро и средување на неговите плажи... Исто така, морам да го пофалам канибалот Заев за Струмица, заличе на град, иако струмичани тврдат дека ги крадел, колку е тоа вистина не знам, знам дека приметувам разлики во градот.
Има уште, на што моментално не ми текнува.
А од естетски дел, ми се допаѓа 2014. А за вкусови не се расправа, нели, посебно кога на мнозинството му се допаѓа, што може да се забележи на свеченото отворање на фонтаната.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Еден убав сончев ден ќе ја урнат и Универзална, која е бугарска донација ОД ВРЕМЕН КАРАКТЕР.
Ова е планирано и откако ќе завршат со зградите на центар ќе ја урнат и ќе изградат нова, поголема концертна сала. Веројатно и тогаш некој ќе обвинува за рушење на духот на Скопје.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.758
Поени од реакции
8.788
Ова е планирано и откако ќе завршат со зградите на центар ќе ја урнат и ќе изградат нова, поголема концертна сала. Веројатно и тогаш некој ќе обвинува за рушење на духот на Скопје.
Знам дека е планирано.
Кај мене во населба ни ги урнаа култните трафики на сред главна улица, која беше блокирана од колите кои се паркираа пред нив... постоеа повеќе од 20 години ;(
сега проклетите градат зграда со продавници(колонијали) бутици и кафуле доле... нешто што го немавме никогаш.. како не им е срам бе! :(
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Ова е планирано и откако ќе завршат со зградите на центар ќе ја урнат и ќе изградат нова, поголема концертна сала. Веројатно и тогаш некој ќе обвинува за рушење на духот на Скопје.
Mислам дека треба само да ја реновираат
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.013
Да де, урнаа се што е непотребно.
Има, како нема, Арена Филип 2, реконструкција на неколку болници, парк кај мене во населба, парк во Аеродром (кој беше пустош пред тоа, а ова кај мене змијарник (сериозно змии искачаа)), се среди кејот, повеќе значајни раскрсници во Скопје (ќе ги споменам само кружните текови кај Католичка и кај Саем), во Тетово нова болница и нова зграда за универзитетот, модернизација на Економски факултет, модернизација со нова опрема на некој сектори во здравство, полнење и одржување на Дојранско езеро и средување на неговите плажи... Исто така, морам да го пофалам канибалот Заев за Струмица, заличе на град, иако струмичани тврдат дека ги крадел, колку е тоа вистина не знам, знам дека приметувам разлики во градот.
Има уште, на што моментално не ми текнува.
А од естетски дел, ми се допаѓа 2014. А за вкусови не се расправа, нели, посебно кога на мнозинството му се допаѓа, што може да се забележи на свеченото отворање на фонтаната.
Паметно би било да ја прекинам дискусијата. И ја прекинувам. Крај.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom