Збогум „Чичко Стоилко“ и компанија

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Не ме чуди ништо повеќе, кога успеаја шмизлите да ги протнат како споменици (уште ги имате на плоштад, о вие поборници за македонска култура и наследство), за се друго ми е како мачја кашлица.
Ако, ако, ќе пројде и ова, ќе ги урнат, ама после коа Тинекс ќе си направи ресторанче таму, е тогаш изледа ептен ќе се слага со капијата. ;)
Да ти кажам најискрено, како што спомнав на почетокот.Не сум поврзан толку сентиментално за чичко Стоилко, знам дека на вашата генерација и е симбол, туку мене ми смета вмровскиот став-ќе рушам, ќе пустам и ич не ми чуе за вас.Багра дебили се собрале и ќе прават плоштад и главен град да го личи, не оди тоа така.Све треба со усул да се прави, да се планира полека, ама со овие нема такво нешто, мора да е ударнички!

Демек нема да се натегаш, пошо нели ...
Аргументација за да останат таму каде што се во таква форма нема никој па ни ти ... зато ... нема натегање ...
Процерура е, најава за ова имаше одамна ... 5-6 години, тие со времени објекти требале да си мислат на време ...
Кога знаеш дека ке умреш за 50години, зошто се мачиш, те известиле, легни си и умри сега.Е*ате тоа размислувањето.
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Демек нема да се натегаш, пошо нели ...
Аргументација за да останат таму каде што се во таква форма нема никој па ни ти ... зато ... нема натегање ...
Процерура е, најава за ова имаше одамна ... 5-6 години, тие со времени објекти требале да си мислат на време ...
Ахам, а од каде ти дозна за таа најава !? Пошто еве јас првпат слушам дека пред 5-6 години имало најава за рушење на сендвичарите.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
A зошто само селективен „ветер на промената“?
Пошо скорпиите алудираа на една голема држава која ... се растури и смени све, па зашто да не идеме по истиот принцип?

Чика Стоилко е историја. Која ја бришат...
Па...
Знаеш... :)
Процесот почна, каде ќе заврши никој незнае. Не верувам ветеров да остане селективен до крај.:)
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Да ти кажам најискрено, како што спомнав на почетокот.Не сум поврзан толку сентиментално за чичко Стоилко, знам дека на вашата генерација и е симбол, туку мене ми смета вмровскиот став-ќе рушам, ќе пустам и ич не ми чуе за вас.Багра дебили се собрале и ќе прават плоштад и главен град да го личи, не оди тоа така.Све треба со усул да се прави, да се планира полека, ама со овие нема такво нешто, мора да е ударнички!
Нормално, оти ако не е на сила, народот ќе се побуни повеќе за тоа што не му се допаѓа и може да им пропадне планот, а тоа никако не смее.
 

Tutkar

Богомил
Член од
6 декември 2005
Мислења
1.967
Поени од реакции
34
Времени објекти треба сите да се збришат трафикине по грдо нешто во градов нема а сендвичара сместена во трафика хорор.

А тоа дека било историја Чичко стоилко, и кенан кондураџиата и тие книги сто продаваа на плоштад биле историја ама ај сега нека се респостелат со канти и нека продаваат на што ќе личи, има и многу други кој памти знае.
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.013
Граѓаните треба повеќе да читаат предизборна агенда.
Проектот беше започнат, имаше избори, граѓаните можеа да гласаат за друга политичка опција или да поништат гласачки ливчиња, односно да бојкотираат избори. Ние имавме референдумска излезеност на изборите.
--- надополнето: Oct 27, 2011 7:00 PM ---

Да остваруваш победи, и да градиш.
Историска победа за нас е 8 септември 1991 година. Прв пат Македонија е држава, а не само територија.
Сето ова што ќе се изгради, за 50, 100 години ќе биде историја, нешто што ќе оставиме на нашите деца.
Јас немам ништо против мојата историја, која подразбира вековно ропство на македонскиот народ. Напротив, имам што да покажам и докажам, дека сите не уништуваа, а ние останавме непокорливи.
Дали тоа значи дека во голем дел немаме историја (делот со “вековното ропство“)? Или во тој дел позајмуваме историја од оние што победувале (и не поробувале)? Патем, градиме историја правејќи споменици за историјата (така некако ми излегува логиката)?

Но, точно е дека новоградбиве ќе влезат во историјата еден ден. Да речеме, исто како што и бункерите на Енвер Хоџа се дел од историјата - отприлика тоа е цивилизациско-културното ниво.
 

Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Зашто го руши ондак?Сака државата да помогне или сака луѓето без работа да останат? Како ке го намали тое 30% невработеност..ВАКА?Не сваќате..чичко стоилко е најмал проблем..Многу други ги снајде иста судбина само што не се крена галама..Тие не сметале пошто гледале од ден за ден како цела македонија што прави.Само некој од ден за ден краде а некој работи поштено..Кој го папа на крај?
Еве ти пример. Идеш ти да живееш под кирија некаде и сопственикот на станот ти вика ова е само привремено во иднина ќе го рушам станот. И ти што да праиш толку пари имаш прифаќаш да живееш таму додека не го сруши станот сопственикот. И година дена пред да го руши ти вика за година дена планирај да се селиш ќе го рушам станот. Дали е сопственикот виновен што ти си останал без покрив? Не. Дали имаш избор, да одбереш да живееш на друго место? Да.

Верувај дека со заработката што ја оствариле во последнава година, газдите на тие киосци можат да се снајдат да изнајмат, па и со некој кредит и да купат друго место.

Се надевам дека ми ја свати поентата.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.707
Поени од реакции
13.379
Кое перење мозок.

Продавате морал дека као демек мора да се уништат сите градби со времен рок за да се има чиста Македонија. Кого само лажете... Најпрво со тоа што ги дислоциравте неколцината што продаваа стари книги као демек биле вон секаков стандард. Кога оп отворивте штандови на антикварници насред плоштад.
После тоа зошто па не ги затворите луѓето кои продаваат пиратски двд-а по улиците? Нели владата ќе се залагаше против пиратерија. Да не зборам за јувелирниците што продаваат чкарт роба и тоа на плоштад. И циганите со оние сини лампички пропелерчиња и кученца на батерии што ми седат пред пат. Да додадам и книжарниците кои си отвараат штандови на јавен простор и продаваат свој производ.
Изговорите у стилу градби од временски карактер треба да се срамнат со земја се навистина беспотребни.
И еден мал офтопик. Муабетот за затворање на зелено пазарче.
N.B. Некој намирисал одлична локација за офајдување на сопствен бизнис.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.268
Поени од реакции
18.240
Еве ти пример. Идеш ти да живееш под кирија некаде и сопственикот на станот ти вика ова е само привремено во иднина ќе го рушам станот. И ти што да праиш толку пари имаш прифаќаш да живееш таму додека не го сруши станот сопственикот. И година дена пред да го руши ти вика за година дена планирај да се селиш ќе го рушам станот. Дали е сопственикот виновен што ти си останал без покрив? Не. Дали имаш избор, да одбереш да живееш на друго место? Да.

Верувај дека со заработката што ја оствариле во последнава година, газдите на тие киосци можат да се снајдат да изнајмат, па и со некој кредит и да купат друго место.

Се надевам дека ми ја свати поентата.
све изглеа лепо у текст..коа ке се најдеш у ситуација друг ке биде муабетот.Еден мој пријател преживуваше од ваква трафика,не да живее..А не па друго место со кредит да купи.Сеа е невработен и ја цеди државата преку социјална помош.Има ли логика у вакво нешто...
 

Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
све изглеа лепо у текст..коа ке се најдеш у ситуација друг ке биде муабетот.Еден мој пријател преживуваше од ваква трафика,не да живее..А не па друго место со кредит да купи.Сеа е невработен и ја цеди државата преку социјална помош.Има ли логика у вакво нешто...
Мојов коментар беше насочен кој Чичко стоилко и другите седвичари до него. За нив сум сигурен дека имаат профит, па и другите што се во центар. Нормално дека има и исклучоци.
 
B

Black Guard

Гостин
Да остваруваш победи, и да градиш.
Историска победа за нас е 8 септември 1991 година. Прв пат Македонија е држава, а не само територија
Ајде барем малку почит кон тие што ги загубија животите за МАКЕДОНСКА ДРЖАВА во периодот за втората светска војна оти не се бореа залудно бидејќи тогаш се оформи Македонија како држава,Македонскиот народ беше признат и рамноправен со останатите имаше права на јазик,писмо и малку подобар стандард а претходно беше бановина српска со јужносрбијанци,мислам дека треба малку почит кон тие борци.

Граѓаните треба повеќе да читаат предизборна агенда.
Проектот беше започнат, имаше избори, граѓаните можеа да гласаат за друга политичка опција или да поништат гласачки ливчиња, односно да бојкотираат избори. Ние имавме референдумска излезеност на изборите.
И политичариве ни велат дека сме сиромашни(па субвенции,станови лоботомија) а овде фрлаат народни пари во булшит.

Нели ЕКОНОМИЈАТА беше Приоритет и подобрувањето на животниот Стандард м??

Поштеди ме жити се.

Што силуваме??? Аце? Самоил? Сандански? Делчев???
Што?
Убаво напишав-Историјата е жртва на СИЛУВАЊЕ и злоупотреба и да ги додадам НОВИТЕ "ХЕРОИ" Александров и михајлов добро познати како тероризирачи на македонскиот народ и.т.н
--- надополнето: Oct 27, 2011 10:25 PM ---
Мене жал почнува да ме фаќа и за луѓено кои живеат над екс Дал Фуфо, најозбилно, утре ден и нив ќе ги срушат за да стават нешто триумфално.
Треба уште да создадеме историја-не заборавајте кумановско и тетовско се со споменици од терористи поддржано од В на Р.М и тоа е градење историја точка.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.815
Поени од реакции
1.565
Ахам, а од каде ти дозна за таа најава !? Пошто еве јас првпат слушам дека пред 5-6 години имало најава за рушење на сендвичарите.
Кога земаш трафика под наем или ја закупуваш потпишуваш договор во кој меѓу другото се вели Властите можат да го остранат објектот во било кој период со најава од најмалку 1 недела до вас при што ви се дава временски рок од 1 недела за да си го соберете се она што го има во трафиките во спротивно власта ги има сите права да ве сруши и да располага со се што ќе остане таму
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Кога земаш трафика под наем или ја закупуваш потпишуваш договор во кој меѓу другото се вели Властите можат да го остранат објектот во било кој период со најава од најмалку 1 недела до вас при што ви се дава временски рок од 1 недела за да си го соберете се она што го има во трафиките во спротивно власта ги има сите права да ве сруши и да располага со се што ќе остане таму
Имаш црно на бело да се види или од рекла-казала муабетов. Плус, сендвичарите се таму добри 20тина години (може и јаче) и којзнае каков договор потпишале тоа време.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.815
Поени од реакции
1.565
Имаш црно на бело да се види или од рекла-казала муабетов. Плус, сендвичарите се таму добри 20тина години (може и јаче) и којзнае каков договор потпишале тоа време.
Имам да држевме трафика во Кисела вода сега ги нема
 
Член од
11 септември 2011
Мислења
358
Поени од реакции
608
Можат да го срушат "Чичко Стоилко" ама спомените нема да ни ги срушат.
Ќе ми недостига хот-догот со недопржена виршла и живите компирчиња и љубезните теткици што викаа: "Повелете".
А најмногу ќе ми фали случката со ориганото што го крадеше еден другар од теткиците и го пакуваше во кутивчиња од кибрит и им го продаваше на кремците и провинцијалците во Скопје наместо марихуана.
И сме се умирале од смеење зашто пушеа оригано и уште глумеа колку била демек јака травата. :pos:
А еден од тие кремци што попуши трава од Стоилко сега седи во политика таму и сигурно му текнало после десет години дека уствари пушел оригано цело време.
Не сум знаел дека ориганото може толку да му наштети на мозокот.:pos:

 

Kajgana Shop

На врв Bottom