Не верувам дека ќе се создаде Етничка Албанија. (барем не така како што мислите, со менување на границите).
Ако во Тетово , Струга, Чаир, Приштина , Прешево, Улцин се вее албанското знаме , и се употребува албанскиот јазик како официален јазик , ако во училиштатата се учи на албански јазик и имаме високо образование на мајчин јазик , значи дека Тирана и Тетово(или Чаир) , иако се во различни држави, функсионираат како да се во една држава.
Таква била нашата судбина да бидеме поделени со граници.
Денеска има многу повеќе можност за приближување , има дигитални ТВ пакети , во кои можеш да следиш ТВ програми од сите албански простори, заеднички фестивали , во сите универзитети има студенти од сите албански подрачја...
Ако албанците не се споени физички во заедничка држава , духовно се.
Се надевам дека некое време во убаво друштво ќе остварам една цел што ја имам , а тоа е да земам колата и да тргнам во посета на сите значајни албански места , да тргнам од Скопје-Куманово-Прешево-Бујановац-Медвеѓа-Подујево-Митровица-Приштина-Гнилане-Урошевац-Призрен-Ѓаково-Дечан-Пеќ-Плав-Гуција-Подгорица-Улцињ-Скадар-Тирана-Драч-Берат-Фиер-Валона-Саранда-Ѓирокастра-Корча-Поградец-Струга-Охрид-Ресен-Битола-Прилеп-Кичево-Дебар-Гостивар-Тетово- и до Велешка околија. Едно 2000км.