Почна создавањето на голема Албанија!?

Статус
Затворена за нови мислења.
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Тоа што ги тера македонците да одат во Бугарија да потпишат дека се бугари и да земат нивен пасош.
Постарите не ти ја кажале вистината, ние и ден денеска се посетуваме со нашите во Турција , сеуште го зборуваат албанскиот.

Ај да се вратиме на тема , според мене заедничкото конзуларно претставување нема врска со голема Албанија , тоа ќе важи во местата каде на пример Албанија нема конзуларно претставништво а Косово има , и спротивното.
Иначе во местата каде и Албанија и Косово имаат амбасади , тогаш договорот не важи.

Еве и Македонија се договори со Србија за премин на границата само со лична карта , дали ова значи дека се остварува Голема Србија?
Паметно...
Па секако дека ќе зборат, иако помладите генерации не ги интересира тоа.
Тие што го пишувале текстот претерале малце, бидејќи има и земји членки на ЕУ кој имаат така конзуларни претставништа- одма во Центар до Шпанија мислам дека беа кралството Норвешка и Шведска не сум сигурен заедно имаат, помали трошоци/криза е зошто да се трошат народни пари за џабе.
Да и јас сакам да одговорат на истото со оглед дека прво-постираниот текст наведува до погрешно мислење!
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.164
Поени од реакции
83.965
Еве и Македонија се договори со Србија за премин на границата само со лична карта , дали ова значи дека се остварува Голема Србија?
Наместо тоа, можеш и да прашаш исто така, да не се остварува случајно Голема Македонија.:pos:
Ако Македонија може да се приближи со Србија (едните антички македонци, другите славјани) , тогаш Косово и Албанија уште повеќе можат.
Не. Ние баш затоа воведовме лични карти-премин, со Србите. За да се приближат Албанците во Србија со Албанците во Македонија.:)
 
Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Хах едвај чекате да се отвори ваква тема за Голема Албанија и да се испуцате.

Промена на граници не може да има,но и без тоа албанците во Балканот се врзани еден со друг,било од Албанија,Косово,Македонија и Црна Гора...малце поотсечени се албанците во Србија и Грција.
Како што кажа некој погоре дека поминувањето на границата Албанија-Косово е исто како да поминеш на патарина,па зошто би требало да има промена на границите.
Сега сета енергија на Албанија и Косово е насочена кон лобирањето што повеќе држави да ја признаваат Косово.Па зарем е лошо и за двете држави да има две Албански држави :)
 
DANTE

Gym instructor.
Член од
22 март 2006
Мислења
1.318
Поени од реакции
366
дознав некој нови информации дека за неколку дена ќе се дознае точниот датум кога ќе има мирен протест на македонците против европската унија, за тоа што ни го признаваат името како што е...
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
дознав некој нови информации дека за неколку дена ќе се дознае точниот датум кога ќе има мирен протест на македонците против европската унија, за тоа што ни го признаваат името како што е...
си смешал тема...иди види на search
овде правиме муабет за Голема Албанија не за Геј Ју пардон ЕУ

Хах едвај чекате да се отвори ваква тема за Голема Албанија и да се испуцате.

Промена на граници не може да има,но и без тоа албанците во Балканот се врзани еден со друг,било од Албанија,Косово,Македонија и Црна Гора...малце поотсечени се албанците во Србија и Грција.
Како што кажа некој погоре дека поминувањето на границата Албанија-Косово е исто како да поминеш на патарина,па зошто би требало да има промена на границите.
Сега сета енергија на Албанија и Косово е насочена кон лобирањето што повеќе држави да ја признаваат Косово.Па зарем е лошо и за двете држави да има две Албански држави :)
три држави...и Антарктик го заборави
 
_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Град Тетово (без селата)

2002

Македонци 35%
Албанци 55%

А во 2011 којзнае колку е променета сликата , многу нови згради и куќи се изградени.
Овој муабет ми е најјак (знам дека го пишуваш во смисла, ,,многу повеќе албанци би имало''). Па зошто опструиравте попис ако претпосавуваш дека Албанци би имало многу повеќе?
Инаку јас живеам во западна Македонија, точно е дека многу куќи се градат, ама има мал проблем... тие се празни.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.880

Колку безвезен ми е овој муабет , дали има повеќе албанци во тетово или не.
Празни или полни куќи, граѓани или селаци.
Оди шетај , гледај, ќе се увериш.
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
..во посета на сите значајни албански места , да тргнам од Скопје-Куманово-Прешево-Бујановац-Медвеѓа-Подујево-Митровица-Приштина-Гнилане-Урошевац-Призрен-Ѓаково-Дечан-Пеќ-Плав-Гуција-Подгорица-Улцињ-Скадар-Тирана-Драч-Берат-Фиер-Валона-Саранда-Ѓирокастра-Корча-Поградец-Струга-Охрид-Ресен-Битола-Прилеп-Кичево-Дебар-Гостивар-Тетово- и до Велешка околија. Едно 2000км.
пази, пази, значајни албански места-ПРИЛЕП хахахаааааа, абе на каква дрога си ти другарче? :)
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.880
пази, пази, значајни албански места-ПРИЛЕП хахахаааааа, абе на каква дрога си ти другарче? :)
Неколку Прилепски села.

Што може да направи еден весник како што е Вечер , од ништо прават спектакл.

А слушат дека албанските компири се продаваат во Косово , одма на насловна страница : Уште еден чекор напред кон создавање на Велика Албанија, албанските компири влегоа на косовски пазар.
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
3/4 од моето семејство е во Турција , но не се турци. И мојот дедо требало да замине во Турција но не успеал.
Да да , дедо ми , кој не знаел два збора на турски, а на пописите се попишувал како турчин.

Сега ти го нарекуваш турчин.

10 фамилии :)
Izvini ama tuka mora da reagiram, 80% sto si zaminaa vo Turcija bea Turci, imase i Albanci da,ama ne poveke od samite Turci, da ne si zaminaa Turcite od ovdeka,sega vo Makedonija turcite ke bea mnozinstvo,ima polni dokumenti za ovie podatoci..

A okolu temata,mislam deka novinata Vecer poveke raboti za Srpskite interesi nego za makedonskite interesi, jas sum siguren deka Srbite poveke od se posakuvaat Golema Albanija nego samite Albanci.
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
1 село, со букви-едно село, и тоа половина од него :)
 
acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Аце , не спорам дека идат од селата (иако Полошките села се доста унапредени , во некои села има речиси све што може да ти треба , од аптека до пицерија и бутици).
Само одговорив на дечкото кој вели дека во Тетово се 50-50 , често така се вели.
Македонците ни во 1953-та , ни во 2002 во градот Тетово не биле мнозинство.

Во 1953-та биле 37%
Во 2002-ра 35%

Значи од тогаш до сега македонците паднале за само 2% во градот.

Македонците најмногу ги имало во пописот од 1961 , кога стигнале до 46%. (но никогаш не биле над 50%).
Во време кога албанците бегале за Турција , а македонците се населуваа во градот од селата.

Ова е тоа што сакав да кажам , се надевам нема повторно да слушам од некого да вели во Тетово сме 50-50.
Види друже, ако ти се бројкиве од последниот попис можеш да сметаш дека порој и мала речица се исто така под општина тетово, реалната бројка според мене е некаде 45-55 мк-ал. Е сеа што Тетово се измени во реонот после Шарена џамија накај Гостивар е друга приказна. Во сите тие нови згради 70% се празни, останатото ти е фамилии од село што мигрирале и тоа многу малку се, а се друго се студенти од Струга, Куманово, Охрид, Косово, Албанија и др. Сум студирал на Штул знам горе доле како се работите во новиот дел на градот. Никако да ги привлечат луѓево да почнат да живеат во тие нови згради.

Мене не ми смета и 90% да се Албанци, ми смета што се нема култура, па до кога со трактори ќе поминуваат низ град и ќе ги окупираат тротоарите со разна стока. На што личи тоа таксистите што возат за Скопје, ги влечат луѓето буквално со сила да патуваат со нив. Лично сум видел како еден влечеше едно момче и му викаше Албанец си не оди со автобус, вози се со нас.

Кажи ми дали си возел низ Тетово и како ја отценуваш културата и домашното воспитување?
 
M

Muranyi

Гостин
Izvini ama tuka mora da reagiram, 80% sto si zaminaa vo Turcija bea Turci, imase i Albanci da,ama ne poveke od samite Turci, da ne si zaminaa Turcite od ovdeka,sega vo Makedonija turcite ke bea mnozinstvo,ima polni dokumenti za ovie podatoci..

A okolu temata,mislam deka novinata Vecer poveke raboti za Srpskite interesi nego za makedonskite interesi, jas sum siguren deka Srbite poveke od se posakuvaat Golema Albanija nego samite Albanci.
:pos::vozbud::tapp: No comment
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.880
Види друже, ако ти се бројкиве од последниот попис можеш да сметаш дека порој и мала речица се исто така под општина тетово, реалната бројка според мене е некаде 45-55 мк-ал.
Јас ти зборам за Тетово без селата (ни Порој ни Речица) , само градот имаше 35% македонци. (алб: 28 илјади , мак: 18 илјади)
Ако ги додадеме Порој и Мала Речица , тогаш македонците паѓаат на 29%. ( алб: 40 илјади , мак: 18 илјади).

Не зборувам паушално, се служам со официални податоци од сите досегашни пописи.

Мене не ми смета и 90% да се Албанци, ми смета што се нема култура, па до кога со трактори ќе поминуваат низ град и ќе ги окупираат тротоарите со разна стока. На што личи тоа таксистите што возат за Скопје, ги влечат луѓето буквално со сила да патуваат со нив. Лично сум видел како еден влечеше едно момче и му викаше Албанец си не оди со автобус, вози се со нас.
Секаде е исто во близина на пазарите , шетај и во други градови ќе видиш како и селаците македонци продаваат на тротоари.
Се зложувам дека таксистите се непристојни.

Кажи ми дали си возел низ Тетово и како ја отценуваш културата и домашното воспитување?
Нема врска тоа со домашно воспитување , кога некој стигнал да вози кола, тој е веќе самостоен човек , се работи претежно за млади лица , на кои тато им купил убава кола и цел ден одат горе доле.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom