Браво Грција, алал да им е ги бива за се
Грција избегна национален банкрот
27.10.2011 - 12:31 |
„Полноќниот трилер“ на кои еврозоната и банките се договорија за намалување на грчкиот долг за 50 проценти, претставува успех за сите Грци со што Грција избегна банкрот, оценуваат грчките медиуми во денешните изданија.
Весникот „Елефтеротипија“ наведува дека за намалувањето на својот долг Грција сепак ќе мора да воведе уште построги мерки на штедење.
- Одлуката на банките за доброволно простување на 50 проценти од долгот во износ од 100 милијарди евра ќе и овозможи на Грција да земе воздух но тоа ќе резултира со преземање обврски од грчка страна поради кои земјата долго време ќе остане под надзор и останува надвор од финансиските пазари во следните десет години а преговорите за деталите ќе продолжат, наведува весникот.
„Та неа“ оценува дека договорот претставува шанса за Грција да расчисти со минатото, додавајќи дека европските лидери биле принудени да се заканат со банкрот на земјата за да ги заплашат и убедат кредиторите да се откажат од дел од долговите.
„Пондики“ наведува дека меѓународните кредитори во лицето на ЕУ, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд сега ќе испратат свои „надзорници“ кои ќе ја контролираат работата на министрите и реформите на државната администрација.
Владата со договорите со кредиторите ги искористи сите можности и сега се движи кон избори. Момент на вистината за Владата на Папандреу е дека нема да може да се спаси дури и со помош на вчерашниот договор за долгот, бидејќи земјата и натаму останува на работ на бездната, оценува весникот „Демократија“.
„Авги“ смета дека со договорот на средбата во Брисел „Грција повторно станува експериментален глушец“, бидејќи ќе биде ставена под конрола целата нејзина работа со што кредиторите ќе можат да следат дали се придржува кон железната дисциплина.
Во Грција ќе дојдат комисии во секое министерство со што Европската комисија и Европскиот совет ќе можат да го контролираат и корегираат нејзиниот буџет и дури ќе може да ја дадат на Европскиот суд, наведува весникот.
„Дејли Њуз“ оценува дека грчката економија ќе остане под надзор до 2020 година, што ќе доведе до промена на нејзината бизнис картата и големите компании ќе бидат „протерани“ од земјата како што беше случајот со Русија.
На средбата во Брисел, што заврши изутринава околу 4 часот, европските лидери успеаја да постигнат договор со банките за простување на половина од долгот на Грција, кој изнесува околу 350 милијарди евра. Со договорот грќкиот долг ќе биде намален за околу 100 милијарди евра.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/balkan/grcija-izbegna-nacionalen-bankrot
--- надополнето: Oct 27, 2011 12:45 PM ---
Браво за ЕУ,најде решение за кризата во Грција,сега уште нашата криза со името да ја решиме и да влеземе во ЕУ и НАТО за подобро на сите нејзини граѓани..
![Палец горе (y) (y)](/styles/default/xenforo/smilies/thumbsup.png)