Знам што велат, читав досега низ сајбер просторот. Исто велеа и атеизмот е црн колку што е кељавоста боја на коса, хаха.
Не е важно тоа, важно атеизмот се основа на ВЕРУВАЊЕ. Ирелевантно дали на нечие постоење или непостоење, но сепак се основа на ВЕРА.
Атеизмот се основа на вера исто како што мармаладот се основа на леб.
Двете идат заедно, ама се далеку од исто.
Атеизмот е реакција на верувањето, ништо друго.
Дали е атеизмот
вера кога ќе се земе во предвид дека атеизам е
верувањето дека не постои Бог, без конкретни докази?
Без конкретни докази?
Верниците забораваат една важна работа.
Absence of proof is proof of absence.
Непостоење на доказ е доказ за непостоење.
Твојот аргумент би бил точен ако, и само ако е потребно исто толку верба за неверување колку што треба верба за верување. Најверојатно тоа ти е поентата.
Дали е потребно исто верба за да веруваш во Дедо Мраз исто колку што е потребно верба да не веруваш во Дедо Мраз?
Дали е потребно исто верба за да веруваш во Минотаури исто колку што е потребно верба да не веруваш во Минотаури?
Одговорот е не.
Потребно е многу повеќе верба да веруваш во Господ отколку што е потребно за да не веруваш во Господ.
И да, не очекував од тебе да ја постираш таа ретардирана слика за атеизмот (знаеш на која мислам, да не ја цитирам).
Атеизмот не мора да одговори како е настанат универзумот, атеизмот воопшто и не се бави со тоа. Атеизмот единствено е отфрлање на религиозните објаснувања за настанување на универзумот, а дали атеист ќе мисли дека универзумот е настанат со Биг Бенгот, со вонземјани или со летачко шпагети чудовиште, воопшто не прави разлика.