Атеистите и бракот

  • Креатор на темата Креатор на темата Princ
  • Време на започнување Време на започнување
Ај прочитај назад во темата на која си модератор.
Ама вистински прочитај.
Нема примери кои се однесуваат на децата на претходните страни. Има примери кои се однесуваат на наследство бла бла, но не и примери зошто морате да бидете во брак за да имате дете. Значи засега your statement is invalid.
И не сум модератор на темата аман, доста ме вреѓаш. Супермодератор сум, на целиот форум, онака од А до Ш на форумов.
 
Прашањето ми е: зошто атеистите сакаат да стапат во брак?
Од истата причина поради која верниците стапуваат во граѓански брак.
Социјални и општествени придобивки.

Не знам зошто сте испишале 18 страници, ама прашањето не ми е логично.
Пологично би било: зошто верниците стапуваат во граѓански брак? Зошто не им е доволен верскиот?
Или: зошто некои атеисти склучуваат верски бракови?

Атеизмот нема никаква врска со општествената идеологија на поединецот.
Има луѓе кои се против наложената културна и социјална структура на општеството, ама тие луѓе не мора да се атеисти.
 
Добро, а каква врска има ова што го зборуваш, со темата која што си ја започнал - Бракот и атеистите?
PurplePuma се декларира како атеистка (иако не и верувам морам да признаам) и рече дека кога ќе го најде фраерот со кој сака да има дете, ќе се омажи со него. Е мене тоа ме буни, зошто сака да се омажи со него кога ќе одлучи дека ќе има дете со него, кога она е атеистка (наводно) а религиите наведуваат на такво нешто. Сите свети книги велат те чека оган ако имаш дете со некој со кој не си во брак. Атеизмот не вели ништо за тоа.

Зошто ги делиш луѓето на религиозни и атеисти, па врз основа на тоа и бракот како институција со атеистите?
Освен ако не сум грешка и атеистите и религиозните се едно исто, односно освен ако не велиш дека и атеистите се религиозни (се заеба сега, ќе ти се нафрлат атеистите, и мене така ми правеа кога им велев дека атеизмот е религија сама по себе) тогаш имам целосно право да ги делам луѓето на религиозни и атеисти. Не разбирам каде грешам, освен ќе повторам ако не тврдиш дека атеистите се религиозни исто така.
 
Многу ми е гајле што си, на било што.
Бек то топик:
Има и за децата.
Прост пример, ама за оние на кои им работи логиката:
Маж и жена живеат вонбрачно, имаат малолетно дете. Мажот умира. Жената не наследува ништо, а детето може да располага со своето наследство со навршување на 18 години. Детето бидејќи припаѓа на мајката до 18 години, автоматски тие години живее без ништо, зошто мајка му и татко му не се потпишале во матично. Проста работа е тоа, Принцу.
 
Од истата причина поради која верниците стапуваат во граѓански брак.
Социјални и општествени придобивки.
Верниците стапуваат во брак првично поради стравот од Господ. Значи грев е ако имаш секс со некоја со која не си во брак, и многу поголем грев е ако имаш дете со некоја со која не си во брак.
Значи јас како верник ако сакам да
а) имам секс со некоја +
б) имам дете со некоја
= морам да ја земам за жена, да ја венчам, пред Бог.
 
Ама за тоа е верскиот брак. А зошто се потпишуваат и во матично?
 
PurplePuma се декларира како атеистка (иако не и верувам морам да признаам) и рече дека кога ќе го најде фраерот со кој сака да има дете, ќе се омажи со него. Е мене тоа ме буни, зошто сака да се омажи со него кога ќе одлучи дека ќе има дете со него, кога она е атеистка (наводно) а религиите наведуваат на такво нешто. Сите свети книги велат те чека оган ако имаш дете со некој со кој не си во брак. Атеизмот не вели ништо за тоа.

Освен ако не сум грешка и атеистите и религиозните се едно исто, односно освен ако не велиш дека и атеистите се религиозни (се заеба сега, ќе ти се нафрлат атеистите, и мене така ми правеа кога им велев дека атеизмот е религија сама по себе) тогаш имам целосно право да ги делам луѓето на религиозни и атеисти. Не разбирам каде грешам, освен ќе повторам ако не тврдиш дека атеистите се религиозни исто така.

1. Зошто не веруваш?

2. Одговорив, барем 2-3, можеби и повеќе пати. Ај ти одговори зошто верниците (еве ти како муслиман) се венчавате во матично. Не ви е доволен благословот (или како и да го викате тоа) од оџата? Зошто бе?

3. Атеизмот не се занимава со тоа кој како ќе го живее животот. Изборот е на поединецот. Религијата пробува масовно да го контролира населението. Атеистите се оперирани од такви глупости.

4. Грешка си, ти живееш во страв од Пеколот, јас знам дека нема такво нешто, и не се плашам.
 
Ај прочитај назад во темата на која си модератор.
Ама вистински прочитај.

Искрено мислам дека државата сите деца ги третира подеднакво. Наследното право, и другите права и обврски регулирани во рамки на едно семејство ги штитат сите подеднакво, без разлика дали постои брак ли не. Мислам дека постоењето на бракот нема никакво влијание на правата на децата (па и ако има логично би било да е обратно). Јас не сум модератор па затоа те молам посочи ми каде е тоа дискутирано затоа што навистина ме интересира :)
 
Наведов пример, за тоа на кој начин детето е најчесто ускратено.
Назад, на сите страници, ги имаш истите прашања и одговори ;)
 
Ама за тоа е верскиот брак. А зошто се потпишуваат и во матично?

Затоа што по 100-ти пат ... неможат да се венчаат во верска институција (барем не во христијанска црква, а би требало да е така и кај другите верски заедници) ако не стават потпис во матично. Попросто здравје.
 
PurplePuma се декларира како атеистка (иако не и верувам морам да признаам) и рече дека кога ќе го најде фраерот со кој сака да има дете, ќе се омажи со него. Е мене тоа ме буни, зошто сака да се омажи со него кога ќе одлучи дека ќе има дете со него, кога она е атеистка (наводно) а религиите наведуваат на такво нешто.
Na brak nanveduvaat opstastvenite normi. Si se zbunil edno 25 godini.ili kolku I da imas.

Toa sto za tebe brakot e religiozen ne znaci deka e I za mene ili nekoj drug. Dovolno pati bese izbistreno.

Sega prestani da si ja rusis reputacijata na forumov I iako si supermoderator, probaj da ne mesas funkcija so strasti.

I uste nesto sporadicno: se nadevam deka ne si tolku revnosen vo vozdrzuvanjeto od seksot pred brak kolku sto si vo odiseava na podforumov. ;)
 
Појма немам, ваљда кога веќе прават трошок нека биде комплетен :icon_lol:
Дали Муслиманите склучуваат брак во џамија или пред оџа (верски)?

Не знам како е за вас, ама Христијаните склучуваат и во црква и во матично.
Ако Муслиманите не склучуваат во џамија (верски) тогаш оттука потекнува недоразбирањето кај тебе за бракот кое ја предизвикало оваа цела тема.
 
Затоа што по 100-ти пат ... неможат да се венчаат во верска институција (барем не во христијанска црква, а би требало да е така и кај другите верски заедници) ако не стават потпис во матично. Попросто здравје.

Ама зошто бе? Нели не им е важен граѓанскиот, оној, црковниот е вистинскиот? Зошто бе они можат да уживаат во поволностите од државата при склучување брак, а атеистите не смеат?
Зошто бе МПЦ не може сама да си склучи бракови и требаат овоземните закони?
 
Затоа што по 100-ти пат ... неможат да се венчаат во верска институција (барем не во христијанска црква, а би требало да е така и кај другите верски заедници) ако не стават потпис во матично. Попросто здравје.
Е добро де, тогаш: Зошто МПЦ бара склучен граѓански брак?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom