Ја нема.Ја немаше и во Порто.Таков тренер имаме,јебига.Се форсира на убава игра,затоа и ја нема таа агресивност.Згора на се,ние не ни имаме такви играчи во тимот,освен Ромеу,али тој е релативно млад.
Која е таа „убава игра“? Не ми текнува како беше потпишан претходно, ама знам дека си од поодамна на форумов и од поодамна го следиш Челзи, па можиш да ми кажиш шо мислиш - шо тоа некој прави од Челзи моментално? Зошто некој го уништува Челзи?
Убава игра?! Вака нешто?
Немаме ни најмногу шанси, ни најмногу удари воопшто, ни најмногу удари на гол, ни процент на искористени шанси, ни најмногу голови - не сме ни блиску до имање најмногу од било која од овие работи. Што е „убава игра“? Секој кој го следеше Челзи барем од доаѓањето на Абрамович па наваму нека кажи, што тоа не му чинело во агресивниот Челзи, а му е убаво во овој, „убавиов“ Челзи - стварно ме интересира. Мене поинтересно ми беше кога за англичаните бевме страв и трепет, а за останата Европа (особено за Шпанија) бевме „уништувачи на фудбалот“. Вака многу убај сме, од многу убајна арно не бидува викале стари.
Какви играчи немаме, за агресивни мислиш? И дали тоа Ромеу е или ќе биде поим за агресивноста на Челзи, па човекот е избркан од Барселона, колку ниско Челзи е паднат за да играч на Барселона Б треба да биди поим за агреисвност на тимот?
--- надополнето: Oct 26, 2011 4:33 PM ---
Ако го споредиме со Калу (теоретски, во пракса гледано Калу нема никакви шанси со Луиз) неговиот придонес е поголем. Има направено помалку грешки, а дадено повеќе голови
--- надополнето: Oct 26, 2011 4:24 PM ---
Фантоме не го гледав прво полувреме.
Без разлика на се, катастрофа е што сме дозволиле да останеме со 2 играчи помалку против кохштаплери како КПР.... И јас бев попизден, и уште сум, не само заради црвените, туку и заради бодовите, казни, коментари, и слично...
АРНО АМА...!!!
Погледни го 2рото полувреме, погледни како 9 играчи надигруваат 11, како се борат на терен, како секој играч покрива секаде. и ќе сфатиш зошто навиваш за овој клуб...
Знам дека ќе ме цитираш со: оние 11 се далеку зад овие 9 по квалитет, прво сме го примиле па сме заиграле, не е доволно само 1 полувреме да се изигра на ниво (без разлика под кои околности) и тоа против послаб противник, па и сме промашиле изгледни шанси, ама што се однесува до утакмицава, верувај дека не си во право друже.
Ќе го гледам второ полувреме.
Ама и ти погледни го првото, да видиш како Челзи беше ИЗЕДЕН од КПР во секој поглед, проблем за мекуши не е судијата. Тоа шо Дрогба бил фрустриран од неговата срамна физичка немоќ и направил уште еден црвен картон по тој на Босингва е само уште еден минус во цела приказна.
Ко шо реков, ќе го гледам второ полувреме, ама како шо пиша и сам, не е доволно само едно полувреме да се изигра на ниво. Челзи толку очајно се прикажа во првиот дел во секој поглед, шо уште две полувремиња се малку за да се извадат од онаква работа.
Против послаб противник? Ха.
А промашување изгледни шанси? То е неспособност, или неспремност, плус. И шутирањето е тренинг. Ако нашите „убавици“ на чело со Мистер АВБ сметаат дека им треба само убавина и не тренираат шутирање, е друга работа.